Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа


Вашингтон – Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа. Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, […]

Отворање на 6.Меѓународна изложба „Ex Libris – Скопје 2023“


Стотина графики од современи автори од земјава и од светот ќе бидат претставени на 6. Меѓународна изложба „Ex Libris Скопје 2023“, која ќе биде отворена вечер во 20 часот во  Културно-информативниот центар – Скопје. Делата се изработени во различни традиционални графички техники, како линорез, сува игла, бакропис, мецотинта, акватинта, фотолитографија, како и современи техники – […]

На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година


Њујорк – Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за  помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите. Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот […]

Презентација на нова апаратура за генетско испитување во МАНУ


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денес, во 10, 30 часот ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.   Како што соопштија од Владата, на настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот […]

АТП: Финалето Ѓоковиќ – Алкараз во Синсинати најдобар тениски дуел во 2023


Лондон – Финалето на Мастерсот во Синсинати во кое Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз со 2-1 (5-7, 7-6, 7-6) по три часа и 49 минути игра е прогласен за најдобриот тениски дуел во 2023 година во избор на Светската тениска федерација (АТП). Во образложението на изборот АТП наведе дека Ѓоковиќ и Алкараз одиграле „дуел […]

Променливо облачно со слаб јужен ветер


Времето денеска претпладне во западните делови ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 декември  2023 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 5 […]

Во Италија се судрија два воза, најмалку 17 повредени


Во судир на два воза во Италија полесно се повредени 17 лица. Возовите се судриле со мала брзина и не излетале од шините, при што е причинета материјална штета на предниот дел на возовите. Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца меѓу Кастелболоњезе и Форли. […]

ИО на СДСМ: Ковачевски овластен да разговара со партиите за техничка влада, Митрески кандидат за претседател на Собранието


Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. -Извршниот […]

Огромно античко морско „чудовиште“ ископано од карпите во Англија – имало трето око


Научниците откопаа череп на џиновско морско чудовиште – плиосаур, морски рептил кој ги тероризираше океаните пред околу 150 милиони години – од карпите на брегот Јура во Дорсет. Овој череп долг 2 метри е еден од најкомплетните примероци од ваков вид што некогаш биле откриени и им овозможи на експертите подобар увид во начинот на […]

Трагедија во Бразил, девет лица загинаа во пожар во камп за фармери


Најмалку девет лица загинаа, а осум се повредени откако пожар избувна во камп за фармери во северната бразилска држава Пара. Пожарот предизвика краток спој во електричната мрежа за време на инсталацијата на безжичен интернет во кампот на фармерите, кој се наоѓа во градот Парауапебас, соопштија од кампот. Водачите на локалната заедница на заедничката прес-конференција изјавија […]

Откриена голема мрежа на тунели и канцеларија на лидерот на Хамас во Газа


Израелската армија откри голема мрежа на тунели во градот Газа и канцеларијата на лидерот на Хамас Јахја Синвар, под таканаречениот плоштад Палестина, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари. -На подрачјето на плоштадот Палестина, има канцеларија на Јахја Синвар, владини канцеларии, имот на високи функционери на Хамас, а има и мрежа на терористички […]

Прекинат натпреварот Гранада – Атлетик, навивач доживеа срцев удар


Натпреварот од 16. коло во шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Атлетик Билбао е прекинат вечерва во 18. минута, откако еден навивач на трибините на стадионот „Нуево Лос Карменес“ доживеа срцев удар. Пред да биде прекинат натпреварот, гостинската екипа дојде во водство со голот на Инаки Вилијамс во 6 минута. Дванаесет минути подоцна главниот судија […]

Ковачевски: Претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ


Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на Извршниот одбор на партијата ќе биде потврдена одлуката координаторот на пратеничката група Јован Митрески да биде претседател на Собранието, откако Талат Џафери беше предложен од ДУИ да биде технички премиер. -Ќе се разговара за претседател на Собранието со оглед дека сегашниот претседател […]

Доларот зајакна по три неделен пад


Минатата недела доларот порасна во однос на кошницата валути за прв пат по три недели пад, закрепнувајќи се од лошите резултати во ноември кога загуби три отсто, благодарение на намалените очекувања дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки веќе следниот март. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни […]

Утревечер ќе може да се види редок небесен феномен кој ќе трае само 15 секунди


Астероидот Леон на Сончевиот систем на почетокот на следната недела накратко ќе го затемни црвениот џин во соѕвездието Орион, настан видлив за милиони ширум светот со голо око. Небесен настан со ретки размери се подготвува на почетокот на следната недела, кој вклучува привремено затемнување на многу светлата ѕвезда Бетелгез од астероидот Леон. Феноменот, кој се […]

Нетанјаху го критикуваше рускиот став за Газа во разговорот со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Канцеларијата на Нетанјаху денеска објави дека израелскиот лидер го изразил своето незадоволство од ставовите на руските претставници во Обединетите нации и на други меѓународни форуми. Нетанјаху, исто така, „искажа остри критики за опасната соработка меѓу […]

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија


Тринаесет илегални мигранти од Сирија синоќа околу 20:15 часот биле затекнати во близина на село Табановце. МВР соопшти дека на 9 декември околу 20:15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на село Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле […]

Новиот претседател на Аргентина, Милеи, положи заклетва


Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми. Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека […]

Дигиталниот свет на Естонија: Корупцијата избришана со еден „клик“


  (Од нашиот известувач) ТАЛИН – Ние сме мала земја, немаме ни луѓе, ни ресурси. Половина држава ни e со шума. Тоа што немаме бројка, ја надоместуваме со ум, со образование. Овие зборови ќе ги слушнете речиси од секого во Естонија, ако ги запрашате зошто инвестираат толку многу во дигитализацијата и прават сѐ да станат […]