Проекциите на ММФ во однос на каматните стапки во светот


Со оглед на тоа што инфлацијата влијае на пазарите и меѓународните каматни стапки повеќе од една година, какви се очекувањата дека различните централни банки ќе дејствуваат во иднина? Иако изгледите за инфлацијата остануваат неизвесни, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува најнапредните економии да почнат постепено да ги намалуваат каматните стапки до средината на 2024 година. Инфографикот […]

Реконструкција на кров и поставување фотоволтаици на штипското медицинско училиште


Почна реконструкција на кровот на штипското средно медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“, а во наредна фаза е поставување фотоволтаични панели. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов при денешниот увид во градежните работи истакна дека со инвестиција вредна над пет милиони денари се работи на заштеда на електрична енергија. Фотоволтаици веќе се поставени на кровот на […]

Пазарот на капитал во Индија го престигна Хонг Конг и стана седми по големина во светот


На крајот на ноември, вкупната пазарна капитализација на Националната берза на Индија изнесуваше 3,989 трилиони долари, во споредба со 3,984 трилиони долари во Хонг Конг, покажуваат податоците на Светската федерација на берзи. Индискиот Nifty 50 достигна уште еден рекорд во вторникот. Индексот досега скокна за 16 отсто оваа година и се движи кон својата осма […]

Ќе се инвестираат 40 милиони денари за реконструкција на сите пет мостови на Крива Река


Општина Крива Паланка со одобрените 26.6 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија со последниот ребаланс на буџетот, ќе реконструира уште три мостови на Крива Река. Со претходно претходно одобрените финансии преку ТАВ програмата ќе се изврши реконструкција на сите пет постојни градски мостови. -Општина Крива Паланка повторно добива голема поддршка од Владата, одобрени […]

Собранието отвара ТВ студио


Во рамки на Програмата за Собраниска Поддршка, финансиски помогнат од Националниот  демократски институт и Швајцарската агенција за развој се реализираше опремувањето на Собраниското ТВ студио. Со цел да се означи официјалниот почеток на работата на ТВ студиото, на 13 декември 2023 година во  13:45 часот  во Собранието на Република Северна Македонија раководството на Собранието предводено […]

Гвардиола, Артета, Анчелоти, Чави и Скалони во потесниот избор за наградата тренер на годината од Глоуб Сокер


Лондон – Објавени се имињата на номинираните за наградата најдобар тренер на годината во изборот на „Globe Soccer Awards“. Организаторите на наградата ја објавија конечната листа на кандидати за наградата најдобар тренер за 2023 година. За наградата номинирани се: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Микел Артета (Арсенал), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Симоне Инзаги (Интер), Марсел Колер […]

Пленковиќ го смени министерот за економија Давор Филиповиќ


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ oткако неговиот специјален советник на локалната телевизија Мрежа ТВ нудел закуп на огласен простор од голем број државни фирми и институции во замена за пари. Транскриптот од разговорот на специјалниот советник Јурица Ловринчевиќ со новинар од Мрежа ТВ го објави во најновиот број […]

Собранието донесе закони за задолжување со заем кај меѓународни институции


Пратениците во рамки на денешното продолжение на 136. седница го изгласаа Предлог законот за задолжување со заем кај Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта по Договорот за заем за Програмата за одржливост и отпорност, по скратена постапка. Како што стои во образложението за Предлог законот објавено на веб страната на […]

„Рено“ продава удел во „Нисан“


Францускиот производител на автомобили „Рено“, под чие закрила е и „Ревоз“ во Нови Сад, ќе продаде дел од својата инвестиција во својот јапонски партнер „Нисан“. Станува збор за акција која одговара на пет отсто од сопственоста на јапонската компанија, а според цената на акцијата вреди околу 765 милиони евра. Со ова компаниите треба да го […]

ЕУ ни прати дури 40 препораки за Судскиот совет – нема барање за негово укинување


  Дури 40 препораки испратила оценската мисија на Европската унија за Судскиот совет, по интензивните разговори, проверки на документите и испитување на судската практика во државата. Меѓу нив нема препорака тој да се укине, иако проблемите што ги продуцираа доведоа до скандалозни оценки за неговата работа. Од  препораките 17 можат да се имплементираат на краток […]

Новата кампања на Зара предизвика осуда: Статуи завиткани во бели чаршафи потсетуваат на Газа


Новата кампања на Зара предизвика бес и осуда на социјалните мрежи бидејќи употребата на статуи завиткани во бели чаршафи многумина ги потсети на ужасните сцени на страдање видени во Појасот Газа. Шпанскиот бренд на своите официјални социјални мрежи сподели слики од најновата колекција на Zara Atelier со американската манекенка Кристен МекМенами. Кампањата ја прикажува МекМенами […]

Конференција на АмЧам за поттикнување на одржлива бизнис околина со прифаќање на ESG-стандардите


Под наслов „Поттикнување на одржлива бизнис околина“, денес во Скопје се одржува конференција посветена на ESG-стандардите за животна средина, општествени прашања и управување (environment, society, governance). Настанот е организиран од страна на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), со поддршка на Центарот за меѓународни приватни претпријатија од Вашингтон (CIPE). „Ние го поддржуваме овој проект […]

Бесими: Обезбедени се над 700 милиони евра за развојни проекти и реформи


Над 700 милиони евра се обезбедени средства за реализација на развојни проекти и реформи. Од Светска банка 93,8 милиони евра за развојни политики за одржливост и отпорност, 50 милиони евра од Француската развојна банка за зелени и социјални инвестиции. Од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија 499 милиони евра […]

Берлинале ја именуваше Триша Татл за нов директор


Берлин- Министерството за култура на Германија го претстави новиот шеф на меѓународниот филмски фестивал „Берлинале“ , кој ќе ја преземе функцијата од корежисерите Карло Чатријан и Мариете Рисенбек, кои се повлекуваат по Берлинале следната година. Триша Татл, поранешна директорка на Лондонскиот филмски фестивал BFI, ќе ја преземе функцијата единствен директор на Берлинале по  гала фестивалот […]

Албанија ќе оди напред, Македонија ќе ги чека уставните промени?


  Советот на министрите на ЕУ кој денеска заседава во Брисел се очекува да донесе одлука со која македонскиот преговарачки процес ќе започне по автоматизам штом бидат усвоени уставните амандмани кои ги наложи преговарачката рамка на ЕУ. Во нацрт-заклучоците што ги објави „Либертас“ се очекува Албанија да се одвои од Македонија и да продолжи напред […]

Забавата започна со кампањата „Празнично дарување“


 Државна лотарија го наградува рекордниот интерес за учество во игрите на среќа на својата нова интерент-платформа www.megawin.mk со кампањата „Празнично дарување“, којашто веќе започна и побуди голем интерес. Покрај забавните видови игри за љубителите на видеолотарија и спортско обложување, Државна лотарија предвиде подароци за играчите, а посебно и за секој новорегистриран играч на www.megawin.mk. Забавата започна, […]

Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на „Златно славејче“ за помош во лекувањето на Леонид Индов во „Рамстор мол“


„Рамстор мол“ и Општина Центар заедно со децата од основните училишта во Центар и „Златно Славејче“ организираат хуманитарна изложба и концерт за помош во лекувањето на Леонид Индов. Ве повикуваме на 13ти Декември во 18:30 часот во „Рамстор мол“, да му помогнеме на Лео да ги собере потребните средства и да ги надмине предизвиците.

Бубевски: Материјалните докази зборуваат со истиот јазик со осомничените за убиството на Вања и Панче


  Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“. „Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе […]

Бил Гејтс заработува до 11 милиони долари дневно


Колку дневно заработува соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој е меѓу најбогатите луѓе во светот, објави американската компанија Zippia, која посредува во вработувањето и објавува деловни податоци. Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос. Меѓутоа, кога станува збор за богатството, тој останува меѓу светската […]

Родители во Љубљана го пријавиле сопственото дете поради петарди. Полицијата ги пофали


Како што пренесува словенечкиот N1, родителите од Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тоа ги купило без нивно знаење, а тие самите ја повикале љубљанската полиција. „Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали љубљанската полиција и додаде дека се работи за речиси 400 парчиња […]