Хуманитарна изложба на децата од основните училишта во Центар и концерт на „Златно славејче“ за помош во лекувањето на Леонид Индов во „Рамстор мол“
„Рамстор мол“ и Општина Центар заедно со децата од основните училишта во Центар и „Златно Славејче“ организираат хуманитарна изложба и концерт за помош во лекувањето на Леонид Индов.
Ве повикуваме на 13ти Декември во 18:30 часот во „Рамстор мол“, да му помогнеме на Лео да ги собере потребните средства и да ги надмине предизвиците.