САД воведоа нови санкции поради војната во Украина


Вашингтон – САД воведоа нови санкции за стотици луѓе и компании, вклучително и во Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати, за да ја спречат Русија да ги избегне санкциите, а цел се руски банки, енергетскиот, металопреработувачкиот и рударскиот сектор. Американското Министерство за финансии и Стејт департментот воведоа санкции за 250 поединци и ентитети во обид да […]

Без струја корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел


 Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку улици во општините Центар, Студеничани и Бутел.  Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Загребска“ и околу црква Св. Јован Крстител во општина Центар.  Без струја во периодот од 11.00 до […]

Ненад Георгиевски и Мијалче Иванов добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


Ненад Георгиевски  и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023  година,  за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на  Северна Македонија.   Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на  новинарот и публицист  Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во […]

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој наместа ќе засилува, соопштија од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со […]

Швјонтек повторно тенисерка на годината


Лондон – Ига Швјонтек од Полска втор пат во низа е прогласена за „Тенисерка на годината“ во изборот на ВТА Тур, додека првиот човек во нејзиниот стручен штаб Томаш Викторовски е избран за најдобар тренер во 2023 година, објави денеска Женското тениско здружение (ВТА). Швјонтек е прва тенисерка по Американката Серена Вилијамс која успеа да […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 13 декември  2023 година, 347-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 18 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 7 […]

Македонија гласаше во ОН за прекин на огнот во Газа


  Генералното собрание на ОН во вторникот гласаше со големо мнозинство за барање хуманитарен прекин на огнот во Газа како силна демонстрација на глобална поддршка за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас. Гласањето ја покажува и зголемената изолација на САД и Израел. Гласањето во 193-члената светска организација беше 153 „за“, 10 „против“ и […]

Пикасо на ревија – студентите на моден дизајн од ТМФ со силна порака од Скопје (галерија)


Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија ја пречекуваше скопската модна и културна елита, студентите по мода интервенираа во живо на модната писта како цртеж со фломастери, на која беше стилизирана опсесијата на Пикасо со биковите, а манекенките беа „живи слики“ со дизајните инспирирани од уметноста на славниот шпански и светски сликар, вечерва, на уникатниот моден […]

Унгарскиот парламент усвои закони за борба против странското мешање


Унгарскиот парламент вечерва усвои низа законски мерки со кои се формира надзорно тело одговорно за спречување на „странското мешање“ во изборниот процес, а предвидени се и затворски казни. Текстовите беа одобрени со големо мнозинство во парламентот во кој доминира партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, а ќе стапат во сила во февруари. Правниот пакет има […]

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска избрана за судија на Уставниот суд


Со 64 гласови „за’“ Собранието на денешната 131 седница ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд. Дабовиќ-Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата. Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог […]

Шпанија се пече на +30: Дали ви се верува дека овие фотографии се направени денеска?


Топла воздушна маса го зафати Пиринејскиот Полуостров во саботата, како дел од глобалниот модел на пораст на температурите што научниците широко го припишуваат на човековата активност, пишува Ројтерс. „Ова е една од најтоплите воздушни маси некогаш регистрирани во Шпанија во декември“, рече Рубен дел Кампо, портпарол на националната метеоролошка агенција АЕМЕТ. Дел Кампо првенствено мисли […]

Џафери: Нема никаков проблем да бидам кандидат за технички премиер


 Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека предлогот тој да биде технички премиер во преодната влада е одлука на партиските органи и оти договорот е пржинската влада да се применува за изборите во 2016 година и последователно за сите наредни избори. Џафери вечерва во гостување на ТВ 24 рече дека нема никаков проблем тој да […]

Хаос во полскиот парламент: Менората ја гасел со противпожарен апарат (видео)


Екстремно десничарскиот полски пратеник Гжегож Браун употребил противпожарен апарат за да ги изгасне свеќите на менората во парламентот, по што беше исклучен од седницата. На снимката која ја објави приватната ТВН24 се гледа како Браун, член на Конфедерацијата, зема апарат за гаснење пожар, како оди по ходникот на парламентот до свеќите, по што се формира […]

Маричиќ очекува пофалба за скринингот, го поддржува предлогот Џафери да биде технички премиер


– Би очекувал и би биле среќни, по најавите дека ќе има јасен политички повик до сите политички партии во Собранието да дадат поддршка на уставните измени и да не ја блокираат сопствената држава. Ние скринингот го завршивме и навистина се надеваме и работиме на тоа да се дојде до 80 пратеници, меѓутоа нема да правиме […]

Во Белград завршна предизборна конвенција и протестно шетање на проевропската опозиција „Србија против насилството“


Во Белград, на Плоштадот на Републиката се одржа голем изборен митинг и завршна предизборна конвенција на проевропската коалиција „Србија против насилството“ која заврши со протестно шетање до Републичката изборна комисија (РИК), јави дописникот на МИА од Белград. Кандидатот за градоначалник на Белград од листата „Србија против насилството“, Владимир Обрадовиќ, вечерва изјави дека „промените веќе почнаа-промени […]

Зеленски во американскиот Конгрес побара продолжување на помошта за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американски конгресмени со цел во последен момент да апелира да продолжи воената помош во борбата против Русија. „Претседателот Зеленски ни стави до знаење дека му треба помош и дека може да победи во оваа војна доколку ја добие“, изјави демократот Чак Шумер по средбата. Сепак, некои републиканци […]

„Технички брилијантен, но полн со суптилни детали“ – блескави рецензии за лондонските концерти на Трпчески


Двата концерта на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески заедно со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда од Италија (инаку актуелен музички директор на Националниот симфониски оркестар од Вашингтон и главен гостин-диригент на Лондонскиот симфониски оркестар), наидоа на лавина одушевувачки рецензии во најугледните лондонски медиуми, информира „КултурОп“. Имено, во […]

Зошто Бредли Купер треба најмногу да слави? 


Лос Анџелес– Четирите номинации на „Маестро“ за наградите „Златен глобус“ во сите главни категории – за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер и актерка, се најдобрата реклама за филмот на Бредли Купер, чија премиера на платформата Нетфликс ќе се случи на 20 декември. Во него Бредли Купер го играше познатиот Леонард Бернштајн, еден од […]

Електричните автомобили стануваат пријатели со климата дури по 65.000 километри


Климатскиот ефект од користењето електричен автомобил станува позитивен само кога возилото поминало 65.000 километри, под услов да се полни со таканаречената зелена струја. Ако се напојува со електрична енергија добиена од, да речеме, јаглен, почетокот на придобивките се поместуваат на 90.000 км. Ова го пресмета Здружението на германски инженери (VDI) за извештајот објавен во понеделникот, […]

Тинејџер ќе биде пријавен оти се заканувал на малолетничка


Во понеделникот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Берово извршија службен разговор со М.Ч.(19) од Беровско, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон малолетничка од Берово. Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.