Ќе се инвестираат 40 милиони денари за реконструкција на сите пет мостови на Крива Река


Општина Крива Паланка со одобрените 26.6 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија со последниот ребаланс на буџетот, ќе реконструира уште три мостови на Крива Река.

Со претходно претходно одобрените финансии преку ТАВ програмата ќе се изврши реконструкција на сите пет постојни градски мостови.

-Општина Крива Паланка повторно добива голема поддршка од Владата, одобрени се нови 26.600.000 денари за реконструкција на трите главни моста над Крива Река, за нов, модерен лик, според изготвените идејни решенија за: “Шанин мост”, 10.800.000 денари, “Виолетов мост”, 6.200.000 денари и за “Осички мост”, 9.600.000 денари. Овие градски мостови ќе прераснат во значаен симбол на градот и ќе овозможат ново поврзување, раст на економијата и туризмот. Инвестираме вкупно 40.000.000 денари за реконструкција на сите пет градски мостови во една календарска година, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Со претходно одобрените 14.000.000 денари од ТАВ програмата ќе се реконструираат “Соларски мост” и “Градечки мост”.

– Градиме урбана општина, градиме нов лик на градот. За рзвојот на нашата Крива Паланка работиме неуморно и посветено. Сите инвестиции се влог во Европскиот лик на градот, дополни Митовски.