Што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи?


Ефективноста на бета-глуканот е потврдена со многубројни студии. Тој дејствува како имуномодулатор, што значи дека предизвикува реакции што му помагаат на имунитетот и го прават посилен. Исто така, бета-глуканот учествува во производството на матични клетки на коскената срцевина и помага во производството на леукоцити, тромбоцити и еритроцити. Ако терминот „глукан“ ве асоцира на глукоза или […]

Трагична грешка: Израелската армија уби тројца заложници во Газа


  Израелската војска во петокот по грешка убила тројца израелски заложници за време на својата копнена операција во Појасот Газа, соопштија воени претставници. Главниот портпарол на армијата, контраадминистраторот Даниел Хагари, рече дека израелските војници ги пронашле заложниците и погрешно ги идентификувале како закана. Тој рече дека не е јасно дали тие избегале од киднаперите или […]

Колку долго можете да го оставите вашето куче само? Еве што велат ветеринарите


Да имаш куче значи да имаш распоред. Сè што правите мора да биде однапред договорено, а не е невообичаено да одбиете дружење со пријателите или ноќно излегување затоа што се чувствувате лошо кога вашето куче останува само дома. Кучињата уживаат во друштвото на своите луѓе, но тоа не значи дека е нужно лошо или опасно […]

Украдените икони вратени од Албанија во Македонија (фото)


  Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Северна Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадионовска-Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски. Вкупно 20 икони кои беа украдени […]

МИОА: Македонија доби место во Вселената


Северна Македонија денеска ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и […]

Пендаровски-Бегај: Неопходно е двете држави да продолжат со реформите


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што била нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели посочиле дека како сојузници во НАТО, двете држави […]

Во Скопје, пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред два дена се оддалечиле од дома


 Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени дека се оддалечиле од домот. Портпаролот на СВР Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите – Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје […]

Германија ја продолжува контролата на границите со Полска, Чешка и Швајцарија


 Германското Министерство за внатрешни работи денеска најави продолжување на контролите на границите со Полска, Чешка и Швајцарија до средината на март 2024 година, како дел од борбата на Берлин против шверцот и ограничувањето на нерегуларната миграција. „Европскиот закон го предвидува овој пристап чекор по чекор. Тоа значи дека федералната полиција може да продолжи флексибилно да […]

Прекинат сообраќајот на автопатот Скопје-Велес поради одрони


АМСМ известува дека автопатот Скопје-Велес од 17 часот е комплетно затворен поради одрони на патот, каде што се случила и сообраќајна незгода поради истото, додека 15 минути сообраќајот се одвива со пропуштање на возила. -Од 17:00 часот автопатот Скопје-Велес е комплетно затворен поради одрони на автопатот и поради одронот случена е сообраќајна незгода без повредени. […]

Шукова: Продолжен е рокот за изградба на хидроцентралата Чебрен


Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“ за изградба на хидроцентралата Чебрен, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по завршувањето на состанокот со компанијата во просториите на Министерството. Најави дека до крајот на годинава ќе има конкретни информации дали ќе продолжи постапката за изградба на Чебрен или не. -Жалбената постапка е […]

Принцот Алберт и Шарлин ја имаат најубавата божикна честитка


Снимањето на божиќна честитка е посебен настан во семејството на принцот Алберт Втори од Монако и сопругата Шарлин. Убавата принцеза со својата префинета елеганција и дискретен избор на накит од година во година предизвикува воодушевување кај своите сограѓани и обожаватели ширум светот, но овој пат целото внимание го привлекоа деветгодишните близнаци Жак и Габриела. Малиот […]

Лазаров селектираше 19 ракометари за подготовките за ЕП


Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот со 19 играчи за подготовки за претстојното Европското првенство. Собирот на репрезентацијата со кој ќе биде означен стартот на подготовките е закажан за идната среда во Скопје. На списокот на Лазаров се Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, […]

Како што најави Вучиќ: Уапсени три лица во Србија и еден 15-годишник во Чешка за лажни дојави за бомби


Три лица се уапсени во Србија во опсежна акција на полицијата и Обвинителството за високотехнолошки криминал за лажни пријави за бомби, како и едно лице во Чешка кое има само 15 години, јави дописникот на МИА од Белград. -Тројца мажи се уапсени на поширокото подрачје на општина Зрењанин: во Банатски Деспотовац и местото Дероње. Осомничените […]

МВР: Лажни дојави за бомби во Кочани, протоколите ја гарантираат безбедноста на училиштата


 МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни […]

Забрана за товарни возила кон Стража и Маврово, кон Деве Баир и Ѓавато поради врнежи од снег


 Забрана за движење на товарни моторни возила е воведена на патните правци на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово, превој Ѓавато меѓу Битола и Ресен, и на тешки товарни возила на патот помеѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ. -Од 16:05 часот на патниот правец Гостивар- Стража – Маврово, поради […]

Руските компании масовно бегаат од Кипар поради истрагата на ФБИ


  Руските компании масовно го напуштаат Кипар, некогаш најпопуларната офшор јурисдикција, откако островските власти започнаа истрага за кршење на санкциите против Руската Федерација, а американското ФБИ се заинтересира за активностите на руските олигарси на Кипар. Во четврток, 14 декември, ТЦС Груп Холдинг, матичната компанија на Тинкоф банка, чиј контролен удел беше купен од милијардерот Владимир […]

Симовски: Демографската иднина не зависи од желбата да се има деца, туку од останати фактори


Проекциите за населението до 2070 година треба да служат како патоказ за она што е можно да не очекува и креаторите на политиките во државата да ги имаат во предвид при носењето на стратегиите за остварување на посакуваните демографски состојби во државата, изјави претседателот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски по објавувањето на […]

Данска од 2025 година воведува зелен данок за патниците во авионите


Данска воведува данок на патниците во авионите за да помогне во финансирањето на транзицијата на воздухопловната индустрија кон позелени практики, што ќе биде постепено воведено од 2025 година, соопшти данската влада. Во ноември, владата предложи да се воведе просечен данок од 100 дански круни или 13,14 евра за воздушниот сообраќај за да помогне во финансирањето […]

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите, дадете храна на бездомните животни


Здружението за заштита на животни „Лајка“ апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и пиротехнички средства во предновогодишниот период и за Нова година, бидејќи тоа предизвикува голем стрес и страв кај животните, а неретко и смрт од срцев удар. Наместо петарди, „Лајка“ ги повикува граѓаните да им подадат храна на бездомните мачиња […]

Ешерихија коли во водата во некои кумановски села – не е безбедна за пиење


Небезбедна за пиење е водата во дваесет проценти од селата во поширокиот кумановски регион, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Укажуваат дека жителите на руралните средини треба често да ја испитуваат водата во центарот. – Во околу дваесет проценти од селата од кумановско водата е небезбедна за пиење. Имаме појава на ешерихија коли, […]