Забрана за движење возила на патот Берово – Беровско Езеро


 Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, соопшти АМСМ Од 08.45 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А3 Делчево – граничен премин Делчево. На патниот правец Тетово – Попова Шапка задолжителна […]

Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш


Откако почна да работи системот „Пронајди ме“ за итно известување до јавноста во Србија во случај на исчезнување малолетник, тој не е активиран ниту еднаш. Претставничката на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Олгица Чекиќ, за ТВ Н1 објасни дека не се огласил бидејќи не биле исполнети критериумите за негово покренување. Таа потсети дека системот […]

Протеран Полјак кој набавувал психотропни супстанци – одземени апчињата и 20.000 евра


На 15.12.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога од СВР Скопје до Јавен Обвинител од ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.4 од КЗ против Л.В. (59) од Р.Полска,  со престојувалиште во Скопје. Кривичната пријава е поднесена после спроведена истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена […]

Ленс Армстронг откри како 500 пати поминал на тест допингуван


Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг стана најголемиот измамник во историјата на спортот од еден од најголемите спортисти во историјата, откако призна дека допирал во 2013 година. Од 1999 до 2005 година, Американецот славеше дури седум пати последователно на Тур де Франс, најтешката велосипедска трка во светот, и иако многумина се сомневаа дека дошол на легален начин, […]

МЗ: Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево


Министерството за здравство во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката, соопштуваат од Министерството за здравство, а се наваува и почеток на скрининг за карцином […]

Москва е зафатена од најинтензивната снежна бура во последните 60 години


Снежната бура што ја погоди Москва вчера предизвика хаос на патиштата и доведе до затворање на училиштата. Метеоролозите велат дека тоа е најинтензивната снежна бура што ја погоди Москва во последните 60 години. Возачите се бореа да ги ослободат своите автомобили со места за паркирање покриени со снег. Според предвидувањата, снегот во декември во Москва […]

Центарот на Скопје поплавен – голем дефект кај МКЦ


Поради дефект на водоводна цевка на кејот „Димитар Влахов“, во близина на МКЦ во Скопје, поплавени се неколку објекти, а централното подрачје на градот ќе остане без вода до санирање на проблемот.  Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува, согласно информација од ЈП „Водовод“ известува дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) […]

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Северна Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра


Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Северна Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција. Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Северна Македонија, одобрена […]

Германски министер: Европа мора да се вооружи поради новите закани


 Со оглед на тоа што европскиот безбедносен сојузник САД го пренасочува својот фокус на Индо-Пацификот, Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани, изјави германскиот министер за одбрана. Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се […]

Годишен хороскоп за Бик за 2024 година: Подгответе се да блеснете


Ако сте родени во знакот Бик, еве што ви кажуваат ѕвездите според годишниот хороскоп за Бик во 2024 година! Еве како ќе изгледа за вас 2024 година кога станува збор за љубовта, работата и здравјето! За Биковите 2024 година ќе биде динамична, во хороскопот стои дека ќе блеснете во полн сјај на сите полиња. Прочитајте […]

Во Маврови Анови 50 см снег, најстудено на Попова Шапка


 Утрово најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, потоа -4 во Крушево и -3 Маврови Анови. Следат Битола, Прилеп, Крива Паланка и Берово со 0 степени, 1 во Охрид, Претор, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Струмица, Кавадарци, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Дојран, Демир Капија и 5 степени во Гевгелија. […]

Силни експлозии во Киев


Серија експлозии ја потресоа украинската престолнина Киев рано утрово, додека единиците на воздушна одбрана делуваа на руски беспилотни летала, соопштија сведоците на Ројтерс. Експлозиите беа снимени на двата брега на реката Днепер, која минува низ градот и немаше непосредни извештаи за жртви или сериозни штети. Градоначалникот Киев Виталиј Клико рече дека единиците за борба на […]

Новогодишен добротворен базар за поддршка на жените жртви на семејно насилство


На иницијатива на хумани жени и со поддршка на Лајонс Клуб „Светлина“ Скопје и Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во Скопје првпат се одржа Новогодишен добротворен базар за користен накит и други убави подароци. Од сите собрани средства ќе бидат купени ваучери и донирани во Националната Мрежа за да ги подели […]

Утре, вонредни парламентарни избори во Србија


 Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета. Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи […]

Рекордно ниво на бездомници во САД – 12 отсто повеќе за само една година


Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво – зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот, соопштије федералните власти. Тие два фактора заедно го направија домувањето помалку прифатливо, велат властите. Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници – највисоко откако феноменот […]

МВР на Украина го стави на потерница рускиот патријарх Кирил


 Украинското Министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил и соопшти дека тој „се крие од предкривичната истрага“. Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу денешните ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот […]

Канадските печатени изданија ќе добијат две третини од парите што ги вети Гугл за медиумите во државата


 Канадските печатени медиуми ќе добијат речиси две третини од финансискиот надомест што неодамна им го вети мултинационалната компанија Гугл на медиумите во замена за дистрибуција на нивната содржина, објави федералната влада . Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој Гугл ќе им плаќа на канадските медиумски […]

Облачно со повремени врнежи од снег и дожд


Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде […]

Руди Џулијани треба да плати 148 милиони долари штета за лагите околу изборите


  Поротата им додели отштета од 148 милиони долари во петокот на двe поранешни изборни службенички во Џорџија, САД, кои го тужеа Руди Џулијани за клевета поради лагите што тој ги ширел за нив во 2020 година, а кои им ги нарушиле животите со расистички закани и вознемирување. Пресудата за отштета следи по емоционалното сведочење […]

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2024 година, одбиени 47 амандмани


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница разгледа вкупно 47 амандмани за Предлог-буџетот за 2024 година поднесени од опозициските партии, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, и сите ги одби. Седницата продолжува утре во 11 часот. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и […]