Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални


Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор.  Адвокатите и соборците на Навални се немаат слушнато од него веќе десетина дена.  -Комунициравме со руската Влада […]

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје


Министерката за култура го разрешила в.д. директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Костантин Димитровски кој заедно со неколкумина други лица беше приведен под сомнение за уривање на хотелот „Ан хотел шар“ во Старата скопска чаршија кој е прогласен за културно наследство.  Од Министерството за култура потврдија дека директорот е разрешен и дека на негово место е […]

Агелер: Заев се зазема за својот пријател и има право да го стори тоа


 Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека поранешниот премиер Зоран Заев кој застана во одбрана на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев по неговото ставање на „црната листа“ заради вмешаност во значителна корупција, има право да го стори тоа и да го каже својот став. -Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој […]

Алкараз ја освои наградата „Стефан Едберг“ за ферплеј


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е добитник на овогодишната награда Стефан Едберг за спортско однесување кое препознава фер игра, професионализам и интегритет на теренот и надвор од него. „Многу сум среќен што ја освоив наградата Стефан Едберг за спортско однесување. Особено сум среќен бидејќи ова е награда која ми ја доделија моите колеги на теренот. Тоа […]

Најмалите портрети на Рембрант одат на изложба


  Најмалите формални портрети направени од Рембрант беа изложени во Рајксмузејот во Амстердам, Холандија, откако беа повторно откриени претходно оваа година. Мали, овални слики на „Јан и Јапген“ – богат градител на покриви и водоинсталатер од холандскиот град Лајден и неговата сопруга – исчезнале речиси два века во приватна семејна колекција. Сликите од 14,2 милиони […]

Топлотен бран во Австралија се очекуваат 46 степени. „Опасноста е екстремна“


Големи делови од Австралија беа преплавени во услови на топлотен бран денеска, што ја натера Националната метеоролошка служба да издаде предупредувања за шумски пожари во неколку држави. Во Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, денеска горат повеќе од 50 пожари и воведена е целосна забрана за пожари во многу области, вклучувајќи го и Сиднеј, соопшти […]

Како израелската војска ги уби заложниците: Носеле бело знаме


  Израелските безбедносни сили (ИДФ) дадоа нови детали за вчерашниот инцидент во во градот Газа, во кој тројца израелски заложници кои успеаја да побегнат од заробеништво на Хамас беа застрелани од војници. Според висок офицер во Јужната команда, цитирајќи ја првичната истрага, инцидентот започнал откако еден војник стациониран во зграда идентификувал три сомнителни личности кои […]

Белгијците не очекуваат значајни резултати од претседавањето на нивната земја со ЕУ


 Белгијците се скептични дека нивната земјата ќе може да одигра значајна улога за време претседавањето со Европската Унија во текот на првата половина од 2024 година, покажува анкетата на Центарот за истражување на политичкиот живот (ЦЕВИПОЛ), Институтот за европски студии и Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ).  Според анкетата, како што објави весникот „Соар“, само 15,7 […]

Почина емирот на Кувајт


Кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмад ал-Сабах почина денеска на 86-годишна возраст, по нешто повеќе од три години откако ја презеде власта во заливската земја богата со нафта, сојузник на САД. Причината за неговата смрт не беше веднаш објавена. Емир беше примен во болница минатиот месец поради, како што тогаш државната новинска агенција го опиша итен […]

Алексеј Навални е преместен на непозната локација, со денови никој не контактирал со него


Пријателите на рускиот опозиционер Алексеј Навални тврдат дека тој бил однесен од затворот каде што престојувал и бил префрлен во притвор на непозната локација со многу потешки услови. Она што засега е сигурно е дека тој „го напуштил Владимирскиот регион“, изјави неговата портпаролка Кира Иармич, наведувајќи дека оваа информација судот му ја дал на неговиот […]

Путин на избори оди како независен кандидат


Владимир Путин повторно ќе се кандидира за претседател како независен кандидат со широка база на поддршка, а не на партиска листа, изјавија двајца високи про-Кремљ пратеници, пренесе новинската агенција РИА. Путин, кој е на власт или како претседател или премиер повеќе од две децении, најави дека ќе бара уште еден шестгодишен мандат следниот март на […]

Усогласен текстот на Европскиот закон за слобода на медиумите


Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), кој ќе претставува нова регулатива за заштита на медиумските слобода и плурализам и уредувачката независност во Унијата.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕМФА треба да воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во ЕУ и […]

Тешко повредена 19-годишна гостиварка по удар од возило


 Рано изутрина околу два часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, патничко моторно возило удрило во 19-годишната гостиварка К.С. и го напуштило местото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата, во […]

ЦУК: Граѓаните затекнати кај Беровско Езеро да не патуваат – има паднати дрвја


Центарот за управување со кризи издаде вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да се јават на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно. Регионалните центри за управување […]

Ковачевски: Евтината дневна тарифа за домаќинствата е резултат на зголеменото производството


Производството и снабдувањето со електрична и топлинска енергија е сигурно и континуирано и во оваа грејна сезона, уште на 15 октомври кога започна грејната сезона, АД ЕСМ подготвено ја дочека, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопшти Владата, во интервју за „Фокус“ премиерот Ковачевски, вели дека во текот на летниот период од страна на АД […]

Крушево резервирано за празниците и зимската сезона


 Со капацитети и подготвени ски-терени, Крушево е подготвено за новогодишните празници и за зимската сезона. Во моментов е примамлива и посакувана туристичка дестинација. Крушево има богата понуда за сите гости и туристи. -Годинава Крушево ги урна рекордите во поглед на посетеноста и на домашните и на странските гости. Според податоците од Централниот регистер бележиме 100 […]

Поради снегот забрана за сообраќај на повеќе патни правци во државата


 Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово. Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег., […]

Во Белград протест на родителите чии деца беа убиени во ОУ „Рибникар“


Родителите на децата кои беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај, како и оние чии деца го посетуваат тоа училиште, денеска напладне се собраа на протест барајќи правда за сите жртви во мајските трагедии. Родителите, но и други граѓани, оставија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето, јави Нова […]

„Водовод и канализација“ за големиот дефект во Центар, кај МКЦ – со цистерна ќе се носи вода за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до МКЦ во населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, […]

„Галија“ нè однесе во еден (не)познат свет на љубов, среќа, радост и топлина: Магичен концерт во Филхармонија


Врвната музика, духовноста и магијата се споија синоќа во преполнетата Филхармонија на првиот од двата концерти на српскиот бенд “Галија’ во Скопје, во организација на „Авалон“. Насловен како „Акустично као некада“, музичката „Галија“ не однесе во еден (не)познат свет на љубов, среќа, радост, топлина, убави спомени, за кои фановите од целиот регион тврдат дека „пловат“ […]