Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство


Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак […]

,,Најди ме” – Македонија подготвува свој систем за рано предупредување за исчезнати лица


Системот Најди ме, за рано предупредување за исчезнати лица, во С. Македонија е најавено дека ќе биде ставен во функција наскоро, откако претходно се направени подготовки. Во Србија сличен систем беше промовиран пред месец и половина, после 8 години чекање (иницијативата во Србија е од 2015 година а реализацијата во 2023 година). Така што, кога […]

Семафорите на крстосницата меѓу „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“ времено ќе бидат исклучени


Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информира дека денеска од 9 часот времено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“. Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред. Времениот прекин на […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 17 декември  2023 година, 351-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 14 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минута, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее 10 […]

Пазарот на недвижности во Турција во хаос: Ѝ создадоа проблем и на гувернерката на банката


Пазарот за изнајмување на недвижности во Турција, особено во Истанбул, се соочува со исклучително голема побарувачка, па поради тоа проблем со наоѓање имот има и гувернерката на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан. И покрај нејзината истакната позиција, 44-годишната гувернерка рече дека не може да најде соодветен стан во Истанбул. „Не најдовме сместување во […]

Израел ја открил машината за пари на Хамас уште во 2018. Никој не презел ништо, открива „Њујорк тајмс“


  Израелските разузнавачи добија сеопфатни детали за огромните финансиски операции на Хамас во 2018 година, но не направија ништо за да ги затворат и да го запрат протокот на средства за милитантната група, се вели во извештајот од саботата. Овие исти средства веројатно биле клучни за подготовките на Хамас за смртоносните напади на 7 октомври, […]

Дали знаете која поза е најздрава за спиење?


Доколку често се вртите во сон, можно е положбата на телото во која спиете да не ви одговара. Ако некогаш сте се запрашале дали положбата во која обично спиете има некаква врска со вашето здравје, ние го имаме одговорот. Не е важно во која поза спиете, но постои една која е најздрава. Општо познати се […]

Ако не сте гладни наутро, може да имате нарушен метаболизам


Метаболизмот, сложениот процес со кој нашите тела ја претвораат храната во енергија, е клучен играч во одржувањето на целокупното здравје и управувањето со тежината. Сепак, факторите како што се начинот на живот, исхраната и стресот може да влијаат на метаболизмот, што потенцијално ќе доведе до она што често се нарекува нарушен метаболизам. Еден вообичаен знак […]

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите. -Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим […]

Хамас испрати порака до Израел: Во ковчег или живи, изборот е ваш


Палестинското движење Хамас се огласи откако израелските војници убија тројца заложници во Газа, велејќи дека тоа е показател за тоа колку владата во Тел Авив се грижи за своите граѓани. Портпаролот на Хамас Абу Обеид изјави дека Израел не се грижи за чувствата на семејствата на затворениците. „Ционистичкиот непријател се коцка со животите на своите […]

Македонија добива медикоптер


Утре, (17.12.2023), на хелиодромот на Општа болница Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември”, Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на хеликоптерот со новата опрема за итна медицинска помош, најавува МВР. Инаку, идејата […]

Непрооден патот до планинското село Луковица во општина Желино


Жителите на планинското село Луковица на Сува Гора велат дека патот не е прооден и дека се отсечени поради снежната покривка. Снегот, според нив, почнал да врне во петокот околу 16:30 часот, а се соочиле и со повеќечасовен прекин на електричната енергија. – Снегот врнеше цела вечер и цел ден денес. Последен пат кога бев […]

16 декември во историјата – Се случи Бостонската чајанка


  Во американското пристаниште Бостон, група колонисти од Масачусетс, маскирани како Мохавк Индијанци, се качуваат на три британски бродови за чај и фрлаат 342 ковчези чај во пристаништето. Полноќната рација, популарно позната како „Бостонската чајанка“, беше во знак на протест против Законот за чај на британскиот парламент од 1773 година, закон дизајниран да ја спаси […]

Социјалдемократите пошумуваа во повеќе општини во Македонија


  Десет илјади садници засадија денеска членови, активисти, партиски функционери, пратеници на СДСМ на локации во пет општини во Македонија во рамките на акцијата која се води под мотото „Повеќе зелено“. Формално, акцијата ја спроведуваше Социјалдемократската младина и има цел да придонесе за зголемување на зеленилото и создавање здрава животна средина, како и поттикнување развој […]

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор


 Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела. Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми. Папата Франциск во 2020 година го […]

Слукас МВП на 14. коло во Евролигата


 Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на натпреварите од 14. коло во Евролигата. Панатинаикос триумфираше на гостински терен над Асвел со 89-81, а Слукас беше меѓу најзаслужните за победата на грчкиот тим. Слукас го заврши натпреварот со 18 поени, пет скокови, една украдена топка, а во личната статистика додаде […]

Иако хрватската куна веќе не е во употреба, 620 милиони евра во монетите не се заменети


Хрватските граѓани и една година по воведувањето на еврото, дома имаат уште 4,66 милијарди куни, што значи дека пропуштаат да земат речиси 620 милиони евра. Според податоците на Хрватската народна банка, 12 отсто од банкнотите и дури 75 отсто од монетите се уште се во системот. Процесот на конверзија беше најинтензивен кон крајот на минатата […]

Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението


Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони. Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто […]

Унгарија ќе ја блокира Бугарија за Шенген доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас


 Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи. Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на […]

Креативците треба да ги поддржуваме, рече Пендаровски за изложбата претставена на Венециското биенале


Во Кабинетот на претседателот е поставена изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017“ со која се претстави нашата држава на 18. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција – Венециско биенале 2023. „Познавачите знаат дека учеството на венецијанското архитектонско биенале подразбира сериозен авторски и организациски […]