Социјалдемократите пошумуваа во повеќе општини во Македонија


 

Десет илјади садници засадија денеска членови, активисти, партиски функционери, пратеници на СДСМ на локации во пет општини во Македонија во рамките на акцијата која се води под мотото „Повеќе зелено“. Формално, акцијата ја спроведуваше Социјалдемократската младина и има цел да придонесе за зголемување на зеленилото и создавање здрава животна средина, како и поттикнување развој на еколошката свест, информираат од партијата.

Акцијата е реализирана во околината на Ресен, Куманово, Велес, Делчево и Богданци. Таа треба да биде дополнителен придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и институции.

Над 3.000 садници денеска се засадени на потегот кај Старо Нагоричане, Кумановско, а покрај младите од СДММ дел од акцијата беа и Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкриељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски.

Во Штрбово, Ресенско беа посадени 2.000 садници. Таму беа Миле Зечевиќ, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева, Методија Илиевски.

Во Богданци, кај браната Паљурци садеа Перо Костадинов, Стојан Николов, Анго Ангов, Лазар Петров, Блашко Шапов, Марија Костадинова.

Марко Михаилоски заедно со министрите Благој Бочварски и Љупчо Николовски засадија 2 000 садници на потегот кај Нов Истевник, Делчевско.

Во Велешко, на потегот Бела Вода, Каја Шукова, Андреј Петров, Горан Трајковски, Горан Стојановски, Ненад Коциќ, Даниела Пановска, Васко Кичевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2 000 садници.

Локациите на кои денеска се садеше биле се избрани согласно анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд, а се опфатени се и локации кои во изминатите години биле зафатени со пожари.