Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори


Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91. Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција […]

ЛДП започнува со граѓанска Иницијатива за отповикување на градоначалници


Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката, Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски. -Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има […]

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја […]

Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да имаме локални избори за Скопје


На избори за нов градоначалник на Скопје во мај и оставка на Данела Арсовка повика ексградоначалникот Петре Шилегов на социјалните мрежи. Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација. „Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно […]

Во петок треба да се избере наследник на Љубомир Јовески


Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот. Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за […]

Земјотресите во февруари ќе ја чинат Турција 110 милијарди долари


Анкара – Вредноста на штетите предизвикани од земјотресите во Турција во февруари се проценува на 110 милијарди долари, објави турскиот министер за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени, Мехмет Јожасеки. Според министерот, земјотресите на 6 февруари годинава во јужна Турција директно погодени 14 милиони луѓе во 18 градови и нивната околина. -Во регионот каде што […]

СЗО го прогласи сојот JN.1 на Ковид-19 за „варијанта од интерес“


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје. Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера. Според здравствената […]

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија


Предновогодишен концерт на воените оркестри од aрмиите на Северна Македонија, Албанија, Словенија и Хрватска ќе се одржи вечерва во Домот на Армијата во Скопје, соопшти Министерството за одбрана. Мотото на концертот е „Армиски aкорди, новогодишна прослава на пријателството преку звуците на четири армии на НАТО“. Ќе се изведе репортоар од различни нумери од познати светски […]

Бочварски бара контролорите на летање да се воздржат од штрајк


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски побара контролорите на М-НАВ да се воздржат од одлуката за штрајк за Нова година. Тој денеска изјави дека се состанал со претставници на Синдикатот на МНАВ и кажа дека се прават напори за надминување на овој проблем. Бочварски верува дека во интерес на граѓаните, контролорите ќе овозможат летови […]

Ковачевски и Мицкоски ќе разговараат за техничката влада зад затворени врати


Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, и лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе имаат тет-а-тет разговор за техничката влада пред изборите, но средбата нема да биде најавена за медиумите, ниту тие ќе може да се надеваат на изјави веднаш по средбата. Како што рече Ковачевски, лидерската средба ќе се одржи откако претходно за тоа ќе […]

Вкупниот светски долг надмина 300 билиони долари


  Вредноста на вкупниот светски долг беше нешто повеќе од 300 билиони американски долари (300 илјади милијарди) на крајот на минатата година, додека во првата половина од оваа година долгот се зголеми за уште 10 билиони, покажуваат податоците на меѓународните финансиски организации. И покрај зголемениот глобален економски раст, по стагнацијата за време на пандемијата, глобалниот […]

Москва и Пекинг речиси целосно го напуштија доларот


Москва и Пекинг речиси целосно го напуштија доларот во билатералните порамнувања, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин. „Взаемната трговија е зголемена за речиси една третина од почетокот на годината. Во меѓувреме, најголемиот дел од плаќањата, над 90 отсто, се вршат во национални валути, што покажува речиси целосна дедоларизација на економските врски“, рече Мишустин на 28-та редовна […]

Ми се оствари голема желба, вели Милка Ефтимова за изложбата на нејзините лични предмети (фото)


Импресивна кариера  со 1.200 настапи на оперската и на концертната сцена, во дваесетина земји на светот на оперската дива Милка Ефтимова ( 1936, Радовиш) која и  во деветтата деценија изгледа отмено, не излегува надвор недотерана и без шминка, а меморијата ѝ работи како швајцарски часовник, е распослана во фоајето на Музејот на македонската борба во […]

Швајцарија наскоро може да го легализира кокаинот


Главниот град на Швајцарија размислува за пилот-проект што ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба. Парламентот во Берн ја поддржа идејата, но сега треба да се справи со противењето на градските власти. Доколку предлогот биде прифатен, ќе биде неопходно да се промени националното право. Во целиот свет методите и политиките на борба против дрогата […]

Премиерот Димитар Ковачевски во битолски „Лакталис“: Финансиска поддршка за нови инвестиции


Премиерот Димитар Ковачевски во Битола ја посети компанијата „Лакталис“, фирма со 180 вработени и со конкурентни плати, компанија од млечната индустрија која изминативе години работи по стандарди, инвестира во современа технологија, и успешно се профилира и на домашниот и на странскиот пазар. Владата е партнер на компаниите и горди сме кога успеваме да придонесеме и […]

Здружението на инженери со 37 барања до Министерството за животна средина за Чебрен


Здружението на инженери до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) достави барање со 37 точки за пристап до информации од јавен карактер во однос на документацијата за проектот Чебрен.  Во соопштение,  Здружението денеска го сподели барањето со кое бара пристап до образложениот предлог доставен до Владата согалсно кој е донесена одлука за започнување […]

Доделени признанијата „Македонски квалитет 2023“


Десет компании, кои се квалификуваа и ги исполнија условите, денеска преку нивните претставници го добија престижното признание „Македонски квалитет 2023“ кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, информираат од ССК. Добитници на годинашните признанија се „Виталиа Никола и др“, „Винарија Милев“, „Бучен Козјак ДОО“, „Рикомак“, […]

Како Естонија ја победи информативната војна на Русија?


Информацијата стана оружје – е пораката што ќе ја слушнете во секоја институција задолжена за безбедноста во Естонија. Деновиве кога сите сме згрозени од сознанието колку се толерирало кај нас  политичкото подземје и колкав слободен простор за делување имале криминалците и поединците што одработуваат за странски интереси, конечно е запален црвениот аларм. Се покажа дека […]

Многу проблеми до дигитален индекс – за УКИМ тешко, Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе работи онлајн


Дигитализацијата во високообразовните институциите денеска беше тема на јавната дебата што ја организираа Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со Форумот за образовни промени Иницијативата #DigiU. На оваа дебата и претходеше дводневен Диги образовен хакатон на кој учествуваа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието. […]

Врвниот суд на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович


  Врвниот суд на Европската унија ја отфрли жалбата на рускиот тајкун Роман Абрамович против санкциите што му беа наметнати по руската инвазија на Украина, пресудувајќи дека мерките се оправдани и треба да продолжат. „Општиот суд ја отфрла тужбата поднесена од г-дин Абрамович, со што ги потврди рестриктивните мерки преземени против него“, одлучи во средата […]