Почнува 14. „Анимакс Скопје фест“


Во Кинотека на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест’ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови  избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот. Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена […]

Изложба „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам


Во Даут пашин амам, објект на Националната галерија вечер ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. -Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања […]

Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски


 Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова.  Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се […]

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова, а диригент е маестро Најден Тодоров од Бугарија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур од Јоханес Брамс и Симфонијата во де-мол од Цезар Франк. Албена Данаилова е прва жена која […]

Украинската одбрана се повеќе се потпира на дронови


Украина се повеќе се потпира на различни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на редовното видео обраќање до Украинците. – Тоа е очигледен приоритет на Украина и конкретен начин за заштита на животите на нашите борци, рече Зеленски за развојот на борбената тактика со беспилотни […]

Дебата „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“


Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе организира дебата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“. -Во периодот на големи безбедносни предизвици и приоритети и креирање јавни политики за справување со нив,  особено е важно местото и улогата на истражувањето и науката за безбедност која ја […]

Големи протести во Аргентина поради владиниот план за штедење


Илјадници луѓе излегоа вчера на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против владините мерки за штедење, што се сметаше за прв вистински тест за новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеа. Демонстрантите се движеа кон главниот плоштад, Плаза де Мајо, историско собирно место пред претседателската палата, барајќи поголема финансиска поддршка за сиромашните. Милеи ја презеде […]

Конференција „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“


 Завршна Конференција со панел дискусија на тема „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“ ќе се одржи денеска во Скопје. На настанот, како што информираат од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – „Инклузива“,  ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Политичко учество на лицата со попреченост“ и Иницијативата за […]

САД привремено го затворија граничниот премин со Мексико во Тексас


Американското Министерство за домашна безбедност презеде привремена мерка за затворање на граничниот премин Тексас-Мексико за „да се запре големото движење на мигрантите кои пристигнуваат со железница и да се заштити здравјето и безбедноста на својот персонал “, соопшти денеска Белата куќа. „Ние тесно соработуваме со мексиканската Влада за да се обидеме да го решиме ова […]

Во Kривичен завршни зборови на одбраната во „Ласкарци“


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови на обвинетите во случајот „Ласкарци“. Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули. На денешната расправа е предвидено завршни зборови да даде одбраната на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари […]

ЕУ ќе ги изедначи правата на работниците од трети земји со оние на нивните колеги од Унијата


Земјите членки на ЕУ го поддржаа договорот постигнат меѓу шпанското претседателство со Европскиот совет и претставници на Европарламентот за измена на процедурите за издавање на единствената дозвола за престој и работа во Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, измените на Директивата за единствена дозвола за престој и работа го ажурираат процесот на […]

Макрон: Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа


Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во интервјуз а француската телевизија „Франс 5“ изјави дека борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население.  Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и […]

Времената мерка на ЕУ за заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба продолжена за уште три години


Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ се согласија за продолжување на привремената мерка за заштита на децата од сексуална злоупотреба преку Интернет за уште три години.  Со оваа мерка, воведена во 2021 година, на провајдерите на онлајн услуги им се овозможува да отстапуваат од правилата за заштита на приватноста на податоците при електронски комуникации. […]

Претпладне магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку […]

Кампањата на Бајден го спореди Трамп со Хитлер


Во еден од најагресивните напади врз конкурентонт Доналд Трамп, кампањата на Џо Бајден во твит објавен синоќа ја спореди реториката на експретседателот со онаа на нацистичкиот лидер. Се работи за три цитати од говорите на Трамп што многумина во САД ги потсети на некои зборови кажани од Хитлер. Во твит на кампањата на Бајден на […]

„Иднината почнува дома“ – проект на ТИРЗ и Стопанската комора за мотивирање на младите да градат кариери во државава


ТИРЗ и Стопанската комора на Северна Македонија вечерва го претставија проектот „Иднината почнува дома“ кој промовира млади визионери, креатори, двигатели на идните промени. Целта на иницијативата е да поддржи и извади на површина индивидуалци кои се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено и во интерес на иднината на државава.  […]

Шукова: Немаме што да криеме за проектот „Чебрен“


Документи никогаш не криеме, секогаш сме транспарентни. Во текот на постапката не можеме да ги споделуваме документите. Откако ќе заврши постапката, апсолутно се ќе биде споделено со јавноста. Немаме што да криеме, изјави вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со проектот „Чебрен“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, […]

„Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ни за 100 години“: Ковачевски на трибина во Битола


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во преполнетата сала на Домот на културата во Битола во рамките на трибината „Повеќе за сите“ рече дека со ВМРО-ДПМНЕ нема да има членство ни за сто години, парафризирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски од интервјутот за „360 степени“. „Го слушнавме сите Христијан Мицкоски јавно на телевизија, самиот […]

Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“


Крушево, слободно може да се каже дека е најдобро украсен град во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Не дека Крива Паланка заостанува, ама крушевчани имаат и снег, под нозете крцкав, а на околните елки и борови им надвиснале гранките одбелата тежина. Нив и природата ги сака.  Магични фотографии од атмосферата на плоштадот во Крушево […]

Почна изградбата на 400 kv далековод меѓу Албанија и Северна Македонија


 Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата на 400 киловолтниот далековод  меѓу Албанија и Северна Македонија.  – Ова е многу значаен проект и  ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји, која ќе овозможи директна размена на електрична енергија. Со изградбата за 1500 мегаватчасови ќе се зголеми преносниот капацитет во нашата држава. Голема благодарност за […]