Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (23.12.2023) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег


Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече […]

Се зголемува цената на мазутот


Само цената на мазутот од полноќ се зголемува за 1 денар. Останатите цени на горивата остануваат со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства


 Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против […]

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада. „Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори […]

Европратеникот Андреас Шидер: Ана Брнабиќ зборува бесмислици


  Андреас Шидер, лидерот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија во Европскиот парламент, кој беше набљудувач на изборите во Србија, го нарече бесмислен нападот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ дека како набљудувач на изборниот ден немал забелешки за штотуку завршените избори. „Мојата реакција на бесмислениот напад на српската премиерка Ана Брнабиќ и дезинформациите […]

Русите скандализирани од „речиси голата забава“ на славните личности


Руското општество беше скандализирано од забавата на ТВ водителка и видео блогерка Анастасија Ивлеева во московскиот клуб „Мутабор“, на која гостите беа замолени да се појават „речиси голи“. Повеќето познати личности забележани на забавата – Филип Киркоров, Дима Билан, Ксенија Собчак, Лолита Миљавскаја, Алена Водонаева, Џиган и многу други познати ликови од московската забавна сцена […]

Во Гостивар промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица


Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар по мотото „Услуга дома за достоинствен живот“ ја промовираше услугата помош и нега во домот. Од Здружението информираат дека со оваа услуга се обезбедува помош и нега на лица со привремено или трајно намален функционален капацитет. На ваков начин ќе им се овозможи да продолжат да живеат во […]

Жителите од прилепско Беровци против најавената експропријација на земјиштето за автопатот Прилеп-Битола


Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им […]

За опозицијата Предлог- буџетот за 2024 е нереален, инфлаторен и предизборен, за Бесими ги таргетира приоритетите


Во предлог Буџетот за следната година се планираат капитални расходи на ниво од 45,2 милијарди денари, а со буџетски средства од околу 15,1 милијарди денари ќе има значајни инвестициски вложувања во областа на патната инфраструктура. Овој предлог буџет ги таргетира приоритетите и соодветно ги распределува средствата за исполнување на  јавните потреби на граѓаните и фирмите, […]

Украина собори три авиони „Су-34“


  Украина веројатно собори еден или повеќе авиони „Су-34“ на Јужниот фронт откако Германија го префрли комплексот „Патриот“. Командантот на воздухопловните сили на украинските вооружени сили, Николај Олешчук, објави соборување на три авиони. „Денеска напладне во јужниот правец забележавме минус три руски ловци-бомбардери ‘Су-34’“, напиша тој на каналот на Телеграм. „Ви благодариме на сите за […]

До крајот на 2024 година во ЕУ ќе почне продажба само на универзални полначи за телефони


До крајот на 2024 година, сите мобилни телефони, дигитални камери, рачни конзоли за видео игри, преносни звучници, е-читачи, тастатури, глувчиња, преносни системи за навигација и слушалки што се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат универзален USB приклучок за полнење, од типот Ц. Од пролетта 2026 година ова ќе важи и за лаптопите, се вели […]

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со согласност од МЗ


Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство. Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по […]

Бесими: За нереалните вработувања во јавната администрација ќе има и кривична одговорност


  Со дополнетиот Предлог-буџет за 2024 година кој од денеска е на пленарна седница во Собранието, пред пратениците се најдоа и повеќе новини од кои најмногу внимание предизвика исклучувањето на Министерството за финансии во постапката за вработувањата во јавната администрација. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, тоа ќе овозможи поголема одговорност и транспарентност, но и […]

Забрана за камиони на Стража – обилно врне снег


Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. АМСМ информира дека забарната почна во 15:00 часот.

Новогодишна бајка со богата музичка програма и достоинствена елка кај „Авионче“


Голем предновогодишен базар најави општина Аеродром, што ќе се одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авионче“. Програмата на фестивалот ќе почнува во 18 и ќе трае до 23 часот, а посетителите на настанот ќе може да уживаат во домашна музика, вкусна храна, вино и новогодишна магија. Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински, пред […]

Секретарот на рускиот Совет за безбедност го наредил убиството на Пригожин


Секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, наводно, го наредил убиството на починатиот шеф на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, пишува Wall Street Journal (WSJ) , повикувајќи се на западно разузнавање и поранешен руски разузнавач. Пригожин и другите врвни команданти на Вагнер беа убиени во август кога неговиот авион експлодираше, инцидент за кој многумина […]

22 декември во историјата – Петтата симфонија на Бетовен ја имаше премиерата во Виена


  Ако првичните критики не успеаја да го препознаат како едно од најголемите музички дела некогаш напишани, треба да се разберат неповолните услови под кои делото за прв пат е слушнато. Местото на концертот беше многу студено; имаше повеќе од два часа во мамутска четиричасовна програма пред да започне делото; и оркестарот свиреше доволно слабо […]

Израел ја губи војната со Хамас, но Нетанјаху никогаш нема да признае


До неодамна, воениот наратив за Газа беше во голема мера контролиран од израелските одбранбени сили (ИДФ) и Министерството за одбрана на земјата. Меѓународниот углед на Израел драстично опадна по убиството на повеќе од 20.000 Палестинци, ранувањето на повеќе од 50.000 и уништувањето на голем дел од Газа, но ИДФсепак можеше да продаде веродостојна приказна за […]

ОЈО ги доби обдукциските наоди за Вања и Панче


 Основното јавно обвинителство информира дека во обвинителството пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Станува збор за наодите што се дел од истрагата која Основното јавно обвинителство Скопје ја води против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Ѓорчевска […]