Европратеникот Андреас Шидер: Ана Брнабиќ зборува бесмислици
Андреас Шидер, лидерот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија во Европскиот парламент, кој беше набљудувач на изборите во Србија, го нарече бесмислен нападот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ дека како набљудувач на изборниот ден немал забелешки за штотуку завршените избори.
„Мојата реакција на бесмислениот напад на српската премиерка Ана Брнабиќ и дезинформациите за мене: ако имаше слободни медиуми во Србија и ако владата спречеше нерегуларности и обезбедеше еднакви услови за учество на изборите, немаше ни да мораме да разговараме за овие работи“, напиша тој на социјалната мрежа Икс како негов коментар за тврдењата на Брнабиќ.
Брнабиќ на Икснапиша дека Андреас Шидер бил набљудувач на изборите на 17 декември во Србија на четири избирачки места – во Белград, Нови Сад и Бачки Петровац и „имал нула приговори, како во записниците за работата на избирачките одбори така и за набљудувачите“.