Словачкиот премиер им се закани на медиумите кои биле „непријателски“ кон владата


  Словачките новинари и меѓународните набљудувачи изразија тревога откако новиот премиер Роберт Фицо ги опиша водечките медиуми како непријателски и се закани дека ќе им го ограничи пристапот. Фицо, кој ја презеде функцијата лидер на Словачка во октомври како дел од коалициската влада предводена од неговата популистичка партија Смер, оваа недела рече дека некои од […]

Почина работник, буково стебло паднало врз него


Во вторникот, во полициската канцеларија Пехчево пријавено е дека околу 11.20 часот на место викано „Голем Требомир“, атар на Пехчево, врз С.Ц.(56) од Пехчево, вработен во Шумско стопанство Пехчево, за време на извршување на работни задачи, паднало буково стебло, информира МВР. Од здобиените повреди тој починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска […]

Легализацијата на марихуаната во Германија веројатно во 2024 година


Легализацијата на канабисот во Германија, првично планирана за крајот на годината, најверојатно ќе биде одложена до 2024 година, изјавија денеска за ДПА официјални лица кои се запознаени со распоредот на парламентот. Планот е законот да биде усвоен во Бундестагот, долниот дом на парламентот, меѓу 13 и 15 декември. Потоа мора да се изјасни Бундесратот, горниот […]

Скопјанка со остар предмет пред казино го нападнала нејзиниот поранешен партнер и го ранила


Вчера, на 14.11.2023 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди. Остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање […]

ЕК очекува домашната побарувачка да го поттикне растот на БДП на земјава


По закрепнување од ковид пандемијата, економскиот раст на Северна Македонија забави како резултат на намалената надворешна побарувачка и на поумерената потрошувачка на домаќинствата, но се очекува негово умерено забрзување во следниот период, со дополнително ублажување на инфлацијата, раст на платите и дознаките од странство, предвидува Европската комисија во своите есенски економски прогнози. Според ЕК, како […]

Живот како на филм : Омилените цитати на Лаушевиќ


На 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, почина познатиот Жарко Лаушевиќ, актерот кој навистина имаше живот како од филм.  За неговиот живот е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ. Лаушевиќ ја објави својата книга „Годината минува, денот никогаш” (2011) пишувана во неговата затворска келија, која содржи […]

Сијарто во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре, 16 ноември, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во фокус на разговорите ќе бидат нашиот пристапен процес во ЕУ, билатералните односи во контекст на економската соработка и партнерството во рамки на меѓународните организации, како […]

Како да доаѓате во касаба: Ужасниот влез во Битола од Прилеп


  БИТОЛА – Можеби е град на конзулите, но кога се влегува во Битола од страната на Прилеп повеќе заликува дека доаѓате во некаква зафрлена турска касаба. Влезот во градот е толку ужасен што е грдо и за опишување. Граѓаните и стопанственици од регионот со децении наназад бараат модерен булеварски влез во Битола со сите […]

Четири нови случаи на ХИВ во земјава за еден месец


Во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА, наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања во Македонија за изминатиот месец. Во октомври регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА. Еден смртен случај на лице е пријавен во 2022 и еден смртен случај е од новорегистрираните лица во месец […]

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат


Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба […]

Зошто е важно преминувањето на украинската војска на левата страна на Днепар?


  Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека украинските сили се зацврстиле на левиот или источниот брег на реката Днепро. Русија призна дека некои украински сили поставиле позиции во едно село, но тврди дека тие наскоро ќе бидат уништени. Ако областа се задржи, тоа би значело значителен напредок за Украина. […]

Градоначалничката на Париз им се сврте на џиповите по референдумот за електричните тротинети


  Охрабрена од овогодинешната победа за забраната за изнајмување електрични тротинети, градоначалничката на Париз, Ан Идалго, има нова цел на улицата: џиповите. Натпреварувајќи се се за место во историјата како жена која го направи Париз зелен, таа вети уште еден градски референдум. Следниот февруари ќе се гласа дали да се зголемат таксите за паркирање на […]

„Меркатор“ купи уште еден синџир супермаркети


Компанијата „Меркатор“ денеска го потпиша договорот за откуп на 100 отсто од акциите во Енгротус. Со потпишувањето на овој договор започна постапката за добивање согласност од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција на Република Словенија (АВК), соопшти „Меркатор“. Како што се наведува, спојувањето на „Меркатор“, во сопственост на Фортенова Груп и Енгротус, ќе ја зајакне […]

15 ноември во историјата – Воведен е првиот берзански тикер


  На 15 ноември 1867 година, првиот берзански тикер е претставен во Њујорк. Појавата на тикерот од  инута во минута ја револуционизираше берзата со тоа што ги направи достапни цените на инвеститорите низ целата земја. Пред овој развој, информациите од Њујоршката берза, која постои од 1792 година, патуваа по пошта или гласник. Тикерот бил замисла […]

Османи очекува да дојдат и Блинкен и Лавров во Скопје


  Неспоменувајќи директно имиња македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека очекува сите министри на земјите членки да дојдат на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Според него, одлуката на ЕУ за санкции за прелети на руски авиони не се однесува на настани од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ, изјави Османи во […]

Се прави увид на напукнатиот столб, потоа ќе се одлучи како ќе функционира железничкиот сообраќај, велат од МЖ-Инфраструктура


Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно […]

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект […]

Се пошумува во Делчево, Берово, Куманово и во Велес


Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници. Годинешната акција […]

Одобеску повика да ја искористиме шансата за влез во ЕУ


И Романија, преку својата министерка за надворешни работи, Луминица Одобеску  повика Македонија да ја искористи шансата за интеграцискиот пат во ЕУ и да ги донесе, како што рече, потребните одлуки. „Потпирајќи се на романските искуства можам да кажам дека без оглед на сите потешкотии на патот кон ЕУ сите тие напори вредат и се исплатат […]

Прилепското обвинителство ја бара документацијата за новороденчето од болницата


Прилепското основно јавно обвинителство интензивно работи на предистражните дејства по отворениот предмет за случајот со новороденчето, кое на 27 октомври се роди здраво во прилепската градска болница, а по три дена поради тешко дишење беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде по една недела почина од сепса. Според основниот јавен обвинител Стевчо […]