Скопјанка со остар предмет пред казино го нападнала нејзиниот поранешен партнер и го ранила


Вчера, на 14.11.2023 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди.

Остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.