Две лица сместени во „Бардовци“ биле нападнати од обезбедувањето со тврди предмети


Вработени како обезбедување во болница во Бардовци нападнале две лица Скопје кои биле сместени во болницата.  – На 28.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(29) и Н.Н.(28), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 01.00 часот во просторијата во која биле сместени во судското одделение во специјална болница на подрачје на Бардовци биле физички […]

Фон дер Лајен: Британија е на пат кон повторно приклучување во ЕУ


Велика Британија е на јасен пат кон повторно приклучување во ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и ги повика младите да го поништат Брегзит. Таа на доделувањето на наградите ПОЛИТИКО 28 во Брисел истакна дека на своите деца им кажала дека на следната генерација е да ја „поправат“ грешката со Брегзит. […]

Ковачевски: Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба


  Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието. Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на неа ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот […]

Ентони Блинкен веќе си замина


  Неколку часа траеше посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на Скопје пред официјалното почнување на министерскиот состанок на ОБСЕ. Вечерва околу 20 часот тој го напушти хотелот „Александар палас“ каде имаше неформална вечера за учесниците на самитот и замина во регионот којшто е најгорлив во моментов – Блискиот Исток. Претходно, Блинкен се сретна […]

Србија ја купи директивата со која Хитлер издал наредба за напад врз Кралството Југославија


 Владата на Србија денеска соопшти дека земјата ја купила директивата „бр. 25“, со која германскиот фирер Адолф Хитлер на 27 март 1941 година издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција. Во соопштението се наведува дека документот, чија содржина го означи почетокот на Втората светска војна на целата територија на Кралството Југославија, по […]

Формирано Здружението за промоција на македонската култура во Полска


Здружението за промоција на македонската култура во Полска беше формирано во Волскиот центар за култура во Варшава, информираат од ова здружение. Целта на нивното постоење е продлабочување на соработката меѓу македонската и полската култура. „Здружението за промоција на македонска култура во Полска е непрофитна невладина организација, чија примарна мисија е да ги обедини Македонците кои […]

Трета Барби кукла со ликот на Клаудија Шифер – сега во „Версаче“


Откако ги објави трите единствени кукли кои го делат ликот на супермоделот, првата Барби на Клаудија Шифер е достапна за купување почнувајќи од среда. Последната славна личност на Mattel, се продава за 100 долари, облечена во еден од иконските изгледи на пистата на Шифер: плисирана тиркизна тоалета од модното шоу на Версаче во есента 1994 […]

Тројца полски тинејџери ранети со нож од соученик во средно училиште


Осумнаесетгодишен ученик нападнал со нож и ранил тројца соученици во средно училиште во градот Катажина, во североисточна Полска, соопшти денеска портпаролката на полската полиција Катажина Кучарска. „Нападот се случил за време на настава, а двајцата избодени, тинејџер и тинејџерка се хоспитализирани и се во тешка состојба, додека на третиот му била укажана помош на лице […]

Се претставувал како полицаец, барал пари да помогне нивни близок да се извлече од сообраќајки со жртва


Во вторникот, во периодот од 20 до 23.32 часот во Полициската станица Свети Николе биле пријавени седум измами во обид. Според пријавеното, едно лице, кое се претставувало како полициски инспектор, се јавувало на граѓаните и под изговор дека нивен член на семејството предизвикал сообраќајна несреќа во која има загинати лица, барал пари да им помогне […]

Алкараз: Ќе се обидеме да ставиме крај на доминацијата на Ѓоковиќ


Мексико Сити – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави денеска оти заедно со другите тенисери ќе се обиде да го спречи светскиот рекет број 1. Новак Ѓоковиќ да продолжи доминира на тениските терени и следната сезона. „Ѓоковиќ рече дека е подготвен да ги освои сите четири грен – слем титули, како и олимпиското злато, меѓутоа ние […]

Петмина новинари ранети во Мексико за само еден ден


Мексико Сити – Мексиканското обвинителство денеска потврди дека уште еден репортер бил ранет во пукање во западната мексиканска држава Мичоакан, со што е петти новинар застрелан во земјата за само еден ден. Претходно, во соседната држава Гереро, четворица фоторепортери биле нападнати со огнено оружје во близина на воена касарна, кога се враќале од Чилпансинго, каде […]

Интерпол ја бара исчезнатата Вања


На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол. Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски […]

Премиерот Ковачевски го пречека државниот секретар на САД Блинкен


Премиерот Димитар Ковачевски попладнево го пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Скопје допшатува по повод учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември. -Топло добредојде во Скопје за американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата попладнево уште еднаш […]

Над 400.000 влезници за ОИ2024 од денеска во продажба


Париз – Сите кои немаат влезници за Олимписките и Параолимписките игри 2024 во Париз ќе можат да купат почнувајќи од денеска, објавија организаторите. За разлика од првите фази, во оваа нема да има наградна игра и влезниците ќе се продаваат според принципот „прв дојден, прв услужен“. Во продажба ќе бидат пуштени 400.000 влезници за натпреварувачкиот […]

МВР: Лажна е веста дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава


Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на портали дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. “Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при […]

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година


Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“. На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Северна Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините […]

Хамас тврди дека израелските бомби го убиле 10-месечниот заложник, неговиот брат и мајка


  Вооруженото крило на Хамас во средата соопшти дека 10-месечниот Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка, кои биле држени како заложници, биле убиени за време на израелското бомбардирање на Појасот Газа. Израелската армија соопшти дека го проверува тврдењето на бригадите на Ал Касам. Ројтерс, кој го објави тоа, не можеше веднаш независно да […]

БИХ забрани увоз на два тона мандарини од Хрватска поради забранет пестицид


Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тона мандарини од Република Хрватска, бидејќи при проверките на овошните примероци на границата е откриено присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година. Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина земала мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, недалеку од […]

Во Штип поставени контејнери за селекција на електронски отпад


 Поставени се 11 контејнери за селекција на електронски отпад во централното градско подрачје во Штип. Контејнерите се донација од скопска фирма, а целта е електронскиот отпад, кој е опасен, да не се меша со комуналниот отпад. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков вели тенденција е вакви контејнери да се постават и на други локации […]

Со писмена изјава Грција го поставила случајот со Белерис како услов за интеграцијата на Албанија во ЕУ


  Преку писмена изјава доставена на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската унија (КОРЕПЕР), Грција бара Албанија да преземе конкретни мерки за Фреди Белерис да положи свечена заклетва како градоначалник, а во спротивно „нема да може да се согласи за следните фази од процесот на пристапување“, објави грчката […]