Пописот во Црна Гора повторно одложен, новиот датум е 3 декември


Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ доцна синоќа изјави дека неговата влада одлучила да го одложи за 3 декември пописот на населението во Црна Гора, што требаше да почне денеска. Претходно, најголемата опозициска партија во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, најави дека нема да учествува во пописот на населението додека не се исполнат сите услови предвидени […]

Авионот на Лавров дошол во Скопје преку Турција и Грција, Бугарија не дозволила прелет заради Захарова


Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа […]

Бугарската министерка Габриел не гледа билатерален проблем меѓу Софија и Скопје


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за испонување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира […]

Германската министерка за внатрешни работи предупредува на зголемен ризик од терористички напади


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупреди на зголемен ризик од терористички напади по ненадејниот напад на палестинското движење Хамас против Израел на 7 октомври и неодамнешните апсења во Германија, јави ДПА. -Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламисти, се значајна закана во секое време, изјави Фезер за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека војната во […]

Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица


Тринаесет лица загинаа синоќа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градскиот оддел за итни случаи. Пожарот избувнал во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости во хостелот. Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, […]

Во Дубаи денеска започнува Климатскиот самит КОП28


Делегати од речиси 200 земји денеска се собираат во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на отворањето на самитот на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени  позната како KOП28. Намалувањето на штетните емисии во атмосферата, постепеното укинување на употребата на фосилни горива, обезбедувањето средства од богатите до сиромашните земји за […]

Израел не постигна договор со Хамас за следната група заложници, но примирјето продолжува


Израел и Хамас првично не се договорија за следната група заложници што исламистите ќе ја ослободат денеска со цел да се продолжи примирјето кое истекува во 7 часот утрово по локално време, но потоа двете страни рекоа дека прекинот на огнот ќе трае најмалку уште еден ден. Тел Авив објави дека израелските вооружени сили се […]

Хенри Кисинџер, најславниот американски дипломат, почина на 100 години


  Познатиот американски дипломат и научник Хенри Кисинџер, кој остави неизбришлива трага во надворешната политика на САД, почина синоќа на 100-годишна возраст во својот дом во Конектикат, соопшти консултантската компанија „Кисинџер асосиејтс“ (Kissinger Associates). Кисинџер беше дипломат, политиколог, геополитички консултант и политичар кој работеше како државен секретар и советник за национална безбедност во претседателските администрации […]

Во Македонија има многу болка за која треба да се зборува: Интервју со Тамара Котевска, режисерка


  „Најмногу ме сменија посетите на камповите. Кога предолго поминуваш со тие луѓе почнуваш да се чувствуваш виновен за сопствениот живот и за тоа што ти доаѓаш од некаков мир. Треба некое подолго време да го надминеш тоа чувство“, вели режисерката Тамара Котевска (30) за својот, нов, втор документарец „Одејќи пеш“ , најавен на 80. […]

Девета меѓународна конференција за жени Ромки и патници – „Градиме заедно еднаквост“


Во следните два дена Скопје ќе биде домаќин на деветата меѓународна конференција за жени Ромки и патници – „Градиме заедно еднаквост“, во организација на Министерство за труд и социјална политика и Советот на Европа. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, генералната директорка за демократија […]

Евроинтеграцијата, изборите и Изборниот законик, теми на лидерската средба в понеделник


Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ќе бидат темите на лидерската средба која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја закаже за понеделник (4 декември).   Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел […]

30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, се очекуваат клучни одлуки за иднината на организацијата


 Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички […]

Виолинистот Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија


Виолинистот Роберт Лакатош од Србија вечер ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Искон“. Како што соопштија од Филхармонија, на програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел Хернандез-Силва од Венецуела. Финскиот композитор Јан Сибелиус (1865 […]

Променливо облачно со појава на магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Како што соопштија од УХМР, преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура […]

Лавров пристигна во Скопје


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Северна Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ. На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј […]

Фотогалерија од престојот на Блинкен и неформалната министерска вечера


  Од денеска попладне во Скопје почна најголемиот политички настан организиран во Македонија – Министерската конференција на ОБСЕ. Педесетина министри за надворешни работи пристигнаа во Скопје, меѓу нив најголема „ѕвезда“ беше американскиот државен секретар Ентони Блинкен.  За време на неколкучасовниот престој тој прво имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски, па со министерот за надворешни работи […]

Уште еден руски генерал загина во Украина


  Руски генерал загинал вчера (вторник) во Украина откако налетал на мина, соопшти независниот руски сајт „Медуза“. Организацијата на дипломирани студенти на Московската виша командна школа за комбинирано оружје „Кремљ“ извести дека генерал-мајор Владимир Завадски е убиен во Украина. Во извештајот се наведува дека тој починал на 28 ноември. Причината за смртта не е наведена […]

Познати домаќините на Зимските олимписки игри 2030 и 2034


Кандидатурите на Француските Алпи за Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2030 и Солт Лејк Сити за ЗОИ 2034 останаа единствени во преговорите со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и за очекување се да бидат домаќини на Игрите, соопшти вечерва МОК. Франција, во која идната година ќе се одржат Олимписките игри 2024 во Париз, последен пат беше домаќин […]

Блинкен допатува во Скопје, прво се сретна со Ковачевски, па со Османи


  Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево допатува во Скопје на Министерски совет на ОБСЕ, кој треба да биде врв на претседавањето на Македонија со оваа паневропска безбедносна организација. Блинкен, кој во Скопје, допатува од министерскиот состанок на НАТО во Брисел, прво замина на средба во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа отисе во […]

Одлуката да дојде Лавров беше тешка, но тој ќе чуе зошто Русија е изолирана, изјави Борел


  Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да […]