Германската министерка за внатрешни работи предупредува на зголемен ризик од терористички напади


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупреди на зголемен ризик од терористички напади по ненадејниот напад на палестинското движење Хамас против Израел на 7 октомври и неодамнешните апсења во Германија, јави ДПА.

-Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламисти, се значајна закана во секое време, изјави Фезер за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека војната во Газа има директно влијание врз безбедносната ситуација во нејзината земја.

-Неодамна презедовме толку големи акции во исламистичките кругови, бидејќи внимателно следиме како се менува нивото на закана, рече таа, укажувајќи на фактот дека германската криминална полиција блокирала 170 канали и создавачи на содржина на апликацијата Телеграм.