Две лица сместени во „Бардовци“ биле нападнати од обезбедувањето со тврди предмети


Вработени како обезбедување во болница во Бардовци нападнале две лица Скопје кои биле сместени во болницата. 

– На 28.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(29) и Н.Н.(28), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 01.00 часот во просторијата во која биле сместени во судското одделение во специјална болница на подрачје на Бардовци биле физички нападнати од две лица кои работеле како обезбедување, кои употребиле и тврди предмети, соопшти полицијата. 

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.