„Вдахновение“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи својот роденденски концерт со наслов  „Вдахновение“. Оваа институција,  која го афирмира  изведува симфониското музичко творештво преку своите редовните концерти постојано ја развива и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на публика од различни генерации.  Концертот  ќе го води диригентот Конрад ван […]

Со 32.8 милиони ќе се обновува старотото училиште во Љубојно, кое е темел на нашиот културен и национален идентитет


Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари.  Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година. „Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци […]

Земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди источна Турција. Земјотресот е регистриран на 29 километри североисточно од Синџик во провинцијата Адијаман. Земјотресот е регистриран на длабочина од девет километри. #Earthquake 17 km SW of #Doğanyol (#Turkey) 6 min ago (local time 10:36:07). Colored dots represent local shaking & damage level […]

Поетесата Николина Андова Шопова на поетски фестивал во Братислава


  Македонската поетеса, Николина Андова Шопова беше претставена на поетскиот фестивал Ars Poetica во Братислава, Словачка. Избор од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа ARS POETICA во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура.  Шопова учествуваше во програмата на фестивалот на 17 ноември во култниот V-club, мултимедијалниот […]

Невреме во Сибир, четворица загинати, околу 264.000 луѓе без струја


 Најмалку четири лица загинаа во ураганот што го погоди Сибир, соопшти Истражниот комитет за Кемеровската област. Според податоците на Министерството за енергетика, околу 264.000 жители на Сибир останале без струја поради ураганот, објави Комерсант. Во градот Новокузњецк во западен Сибир беше прогласена вонредна состојба откако беа оштетени 47 покриви на станбени згради, 30 автомобили и […]

Ретроспективна изложба на дела од АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица во МКЦ


Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, доаѓа и во Скопје. Од 22 ноември до 2 декември, скопјани ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност […]

Во сообраќајни несреќи на македонските патишта годинава до август починале 85 лица


Во светот годишно околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Северна Македонија, минатата година 124 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа, додека 3.834 биле повредени, информираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање […]

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од БРАКО и „Фероинвест“


  Компанијата ФЕРОИНВЕСТ и фабриката БРАКО одбележуваат 20 години од своето постоење. По тој повод, беа доделени јубилејни часовници на вработените кои се дел од компанијата од нејзиното основања, како и на вработени кои се придружиле на тимот во следните години и имаат значајни постигнувања за фирмата. Менаџментот лично ги додели пригодните подароци и им […]

„Хонда“ повлекува 250.000 автомобили во САД поради дефект


 „Хонда“ повлекува речиси 250.000 возила во САД поради неисправности во производството што може да го оштетат моторот, јавуваат западните медиуми. Според известувањето што производителот на автомобили го поднесе до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, дел од моторите на моделите „Акура“ и „Хонда“ може да предизвикаат „неправилно функционирање или застој на моторот […]

Го сакате ли Јоханес Брамс


За некои Брамс е реакционерен, за други радикален, но високо дотераните драми на неговите симфонии и концерти и тивката разлика на неговите камерни дела обезбедија неговата музика да трае Меѓу композиторите кои го прифатија застрашувачкиот предизвик на симфониската форма почната со Бетовен како никој меѓу другите беше Јоханес Брамс (1833-1897). Одговорноста му тежеше многу и […]

Зеленски го разреши командантот на медицинските сили и најави големи промени


Украинскиот претседател Володимит Зеленски побара брзи промени во операциите на украинската армија и го најави разрешувањето на командантот на нејзините медицински сили. Одлуката беше објавена вчера по неговата средба со министерот за одбрана Рустем Умеров. Потегот на Зеленски доаѓа во време на засилена дебата за спроведувањето на 20-месечната војна против Русија, со посебен акцент на […]

Англија последен противник на македонските фудбалери во квалификациите за ЕП 2024


 Со натпреварот против Англија вечер во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 година. Натпреварот нема резултатско значење за двете репрезентации со оглед на тоа што Англичаните го имаат обезбедено пласманот на евро-шампионатот, додека Македонците се без шанси за напредок на табелата и квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. […]

Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за извртување на вистината


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за, како што наведе, обвинувањата дека Израел ги „масакрирал сопствените цивили на 7 октомври“, оценувајќи ги таквите тврдења како неприфатливи. Нетанјаху, во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик, наведува дека палестинските власти во Рамала вчера изнеле, како што рече, крајно бесмислено тврдење, обвинувајќи го Израел […]

Ивановски обезбеди пласман на главниот турнир Челинџер во Јокохама


Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама. Ивановски денес го доби мечот Јан Баи од Кина, откако при резултат 1:1 во сетови противникот го предаде мечот. Во првиот сет беше 6:4 за Кинезот, во вториот 7:5 за Македонецот. Во текот на денов по […]

Утре во Битола од 08 до 18 часот посебен режим на сообраќај


По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и  поради присуство на владини  делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот. Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање […]

Ал Џезира: Израелските сили нападнаа индонезиска болница во Газа, најмалку осум загинати


Најмалку осум лица загинаа во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во текот на ноќта врз индонезиска болница во Појасот Газа, јави Ал Џезира. Претходно, телевизискиот канал, повикувајќи се на очевидци, објави дека израелската армија ја опколила индонезиската болница во Газа и ја гранатирала областа. Главната операциска сала е уништена, изјави болнички извор, додавајќи дека […]

Најстудено во Берово со минус 5 степени, Дојран најтопол со шест


Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица – 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во […]

Хрватска се бори со мигранти додека Европа ги засилува граничните проверки


  На Хрватска и требаа години за конечно да влезе во европската зона за патување без пасоши, која вети дека ќе го олесни пристапот за другите европски државјани кои патуваат во земјата и ќе ја зајакне нејзината економија водена од туризмот. Но, помалку од една година откако беа демонтирани нејзините гранични премини со врсниците од […]

Околу 3.000 украински камиони се блокирани на граница, блокадата на полските возачи трае повеќе од 10 дена


 Околу 3.000, главно украински камиони се заглавени на полската страна од границата во неделата наутро поради блокадата на полските камионџии која трае повеќе од десет дена, соопштија украинските власти. Полските камионџии веќе ги блокираа патиштата што водат до трите гранични премини со Украина на почетокот на овој месец, протестирајќи против, како што велат, владината неактивност […]

Израелска министерка ја повикува меѓународната заедница „да го промовира доброволното преселување на Палестинците од Газа“


Израелската министерка за разузнавачките служби од владејачката партија Ликуд, Гила Гамлиел, изјави дека меѓународната заедница треба да го промовира, како што го нарече, „доброволно преселување“ на Палестинците од Појасот Газа на локации низ целиот свет. Во авторски напис за „Џерусалем Пост“, таа истакна дека една од можностите по војната ќе биде „промовирање на доброволното преселување […]