Макрон во разговорите со Абас и Нетанјаху го осуди насилството врз Палестинците


Францускиот претседател Емануел Макрон во синоќешните телефонски разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го осуди насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег, соопшти француското претседателство. Во соопштението се наведува дека Макрон му рекол на Абас дека е неопходно палестинските власти и сите земји во регионот недвосмислено и со најголема решителност […]

Русинка пријавила 1.397 сонародници поради критики за војната


Русинката Ана Коробкова тврди дека од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година напишала 1.397 пријави во кои ги осудува сонародниците кои ја критикуваат војната во таа земја, пишува Би-Би-Си. „Не ми е жал за нив. Чувствувам радост ако бидат казнети поради моите осудувања“, рече Коробкова, наведувајќи дека поради нејзините пријави луѓето се […]

Либертаријанскиот аутсајдер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина


  Либертаријанскиот аутсајдер, Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина, земја зафатена од троцифрена инфлација, претстојна рецесија и зголемена сиромаштија. Целосните резултати не се објавени, но неговиот ривал, перонистичкиот министер за економија Серхио Маса, во својот говор по гласањето ја призна победата на Милеи. Актуелниот аргентински претседател Алберто Фернандез по објавувањето на неофицијалните изборни […]

Најмалку 21 загинат, а илјадници ги напуштија домовите во поплавите во Доминиканската Република


Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија денеска доминиканските власти, пренесе Би-Би-Си. Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго. Оперативниот центар за […]

Црвен крст одбележува Недела на стари лица


Црвен крст на Град Скопје го започнува одбележувањето на Неделата на грижа на стари лица, која ќе трае од денеска до 26 ноември. Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. -Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и […]

Дарко Лазаров: Имаме голема увозна компонента на извозот, тоа треба да го промениме


Поради геополитичките случувања и падот на германската економија има забавување на растот на извозот. Забавена е ефективната странска побарувачка. Нашите трговски партнери имаат сериозни економски проблеми што секако ќе се одрази и врз нашата економија, оценува во интервју за МИА претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора и проректор на штипскиот Универзитет, Дарко Лазаров. […]

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето


По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември,  Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Северна Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава  Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат […]

Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура


Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет. Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски.  Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди […]

Потона турски товарен брод со 12 членови на екипажот


Турски товарен брод со 12 членови на екипажот вчера потона за време на невреме во близина на турскиот брег на Црното Море, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, што пловел под турско знаме, вчераутро пријавил дека бродот пловел кон пристаништето кај Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно […]

Собранието ќе ја одржи 131. седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 131. пленарна седница.  Како втора точка на дневен ред се Предлог-измените на Одлуката за основање на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија поднесени од опозицијата со кои се бара продолжување на рокот за повикување на сведоци за нови 30 дена.  – Во текот […]

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до […]

Состојбата во Газа, заштитата на животната средина и иднината на ЕУ, меѓу темите на пленарната сесија на ЕП


Состојбите во Појасот Газа, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на користењето на пестицидите, иднината на ЕУ и европските избори следната година, ќе бидат меѓу темите за дебата на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.     Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе расправаат за предлогот за зајакнување […]

Зеленски побара брзи промени во операциите на војската, разреши командант


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата побара брзи промени во операциите на украинската војска и најави разрешување на командантот на медицинските сили на војската. Потегот на Зеленски беше објавен кога се сретна со министерот за одбрана Рустем Умеров и се совпадна со дебатата за водењето на 20-месечната војна против Русија, со прашања за тоа […]

Ѓоковиќ, едноставно, е незапирлив. Синер беше демолиран


  Колку е поголем влогот, толку е поголем настапот на Новак Ѓоковиќ. Ова отсекогаш бил еден од клучните столбови на успехот на Ѓоковиќ бидејќи тој ги освои сите значајни титули толку многу пати, а исто така совршено се покажа во текот на уште една триумфална недела во Торино. Пет дена откако Јаник Синер го одигра […]

Розалин Картер, сопругата на Џими Картер, почина на 96 години


  Розалин Картер, сопруга на 39-от претседател Џими Картер, почина во домот на двојката во Џорџија на 96-годишна возраст. На Розалин Картер, која стана еден од водечките застапници за ментално здравје во нацијата за време и по времето на нејзиниот сопруг во Белата куќа, ѝ беше дијагностицирана деменција во мај. Во петокот, нејзиното семејство објави […]

(Видео)Боинг 787 слета на ледената писта на Антарктикот


Боинг  787 е најголемиот патнички авион кој некогаш слетал на Антарктикот. Тој слета на ледена писта во истражувачката станица Трол во четвртокот, објави Би-би-си. Авионот превезувал 45 истражувачи и 12 тони истражувачка опрема од Норвешкиот поларен институт. Пистата е долга 3 километри и широка 60 метри Тоа е најголемиот патнички авион кој слетал на најјужниот […]

Капата што ја носеше Наполеон достигна 1,9 милиони евра на аукција во Париз


  Дворогата капа што ја носел Наполеон Бонапарта за време на неговото владеење како француски император достигна рекордни 1,932 милиони евра  на аукција во Париз. Капата од дабров филц првично беше проценета на 600.000-800.000 евра. Постигнатата цена ја надмина 1,884 милиони евра платена за уште една капа на Наполеон во 2014 година, исто така продадена […]

Франција понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа


  Франција ќе испрати воен брод во Источниот Медитеран за да им пружи медицинска помош на Палестинците на кои им е потребна, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон. Како што јави ДПА, се очекува за неколку дена во Египет да пристигне носач на хеликоптери од француската морнарица. Во исто време, на почетокот на неделава е […]

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола


На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен […]

Орбан сака да биде Мардок во Брисел, со платени медиуми води „културна војна“ со ЕУ


БРИСЕЛ – Виктор Орбан се претвора во Руперт Мардок од Брисел, внесувајќи ја својата верзија на „фер и избалансирано“ новинарство во ЕУ. Познат по тоа што го напаѓа граѓанското општество и ги потиснува медиумите во Унгарија, Орбан ги поддржува новинарите и тинк-тенкерите да ја шират неговата порака во главниот град на ЕУ. Пред претседавањето со […]