Ивановски обезбеди пласман на главниот турнир Челинџер во Јокохама
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама.
Ивановски денес го доби мечот Јан Баи од Кина, откако при резултат 1:1 во сетови противникот го предаде мечот. Во првиот сет беше 6:4 за Кинезот, во вториот 7:5 за Македонецот.
Во текот на денов по завршувањето на квалификациите ќе биде познат ривалот на Калин Ивановски во 1. коло на Главниот турнир.