„Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот


Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски е дел од официјалната програма на 77. издание на интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија (Salerno International Film Festival). Се работи за еден од најстарите филмски фестивали во светот основан во 1945 година, веднаш по Втората светска војна. Фестивалот во својата долгогодишна традиција континуирано нуди приказ на […]

Со Планот за раст за 10 години може двојно да го зголемиме БДП и да се доближиме до стандардот на ЕУ, вели Бесими


Предност на Планот на ЕУ за раст на Западниот Балкан е тоа што не е врзан со политичките критериуми во процесот на интеграција во Унијата, туку се базира на имплементација на утврдената реформска агенда, изјави за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими по вчерашната прва подготвителна средба во Брисел со претставниците на Европската комисија за […]

„Ацо Шопов – Невообичаено“ – за македонскиот класик од еден друг досега непознат агол


Под наслов „Ацо Шопов – Невообичаено“ синоќа во Кинотеката во Скопје со промоција на три книги и проекција на анимирани филмови, и поставување две изложби му беше одадена почит на делото на овој макeдoнски класик во годината кога се чествува еден век од неговото раѓање. Во преполната сала на Кинотеката во Скопје, во присуство на […]

На младите претприемачи достапни 9 милиони евра од ЕБОР за зелено кредитирање


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ќе одобри заем од 9 милиони евра за  поддршка на млади претприемачи, за отворање нови бизниси и за промовирање на зеленото кредитирање во Северна Македонија. Средствата ќе се нудат преку ПроКредит Банка. Два милиона евра се заем од програмата на ЕБОР Youth in Business (YiB) и […]

Во Аеродром повторно возило превртено на покрив


  На булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на ПТТ училиштето во Скопје, вчеравечер се случи сообраќајна несреќа во која возачот на возило „Форд фокус“, веројато поради голема брзина, изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитната ограда меѓу двете ленти од булеварот, по што возилото се превртело на покрив.  Нема повредени во сообраќајната несреќа […]

Голема полициска акција во Струга, уапсени 20-тина криминалци


 Во Струга изутринава се спроведува голема полициска акција во која, според првичните информации, уапсени се 20-ина криминалци од страна на специјалци на Министерството за внатрешни работи. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Две нови награди за Манчевски, „Кајмак“ стартува во холандските кина, распродаден во Лондон


Уште две нови меѓународни награди освои овој месец најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, а неговиот најнов филм „Кајмак“ продолжува со фестивалските прикажувања и кинопремиери низ Европа. Манчевски ја доби Наградата за достигнувања во филмот на фестивалот БАНЕФ во Стокхолм, кој во образложението истакна:  „Милчо Манчевски ја добива фестивалската награда за неговите филмски остварувања, за создавање […]

Затвораат повеќе од 15.000 ресторани?


Повеќе од 15.000 ресторани, пабови, барови и кафулиња во Германија се изложени на ризик од неликвидност, покажуваат податоците објавени од кредитното биро Криф во четвртокот. Во финансиски проблеми се 12,6 отсто од анализираните угостителски објекти. Во јануари 2020 година, пред пандемијата, 10,7 проценти или 12.662 беа во ризик од банкрот. Рестораторите во Берлин се особено […]

Норвешка во рецесија


Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас заостанува, покажаа статистичките податоци. Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава бележи раст од […]

Повторно е отворен мостот меѓу Канада и САД, кој беше затворен по експлозија на автомобил


Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен завчера по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, објавија канадските власти. „Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин на Нијагарините водопади „Рејнбоу бриџ“, соопшти канадската агенција за гранични услуги. Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во […]

СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени


Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата […]

Американски воени единици во Ирак и Сирија нападнати со дронови четири пати во рок од неколку часа


Американските воени единици во Ирак и Сирија биле нападнати со проектили и беспилотни летала четири пати во рок од неколку часа, изјави претставник на Пентагон, додавајќи дека нема жртви или материјална штета. Американскиот воен претставник рече дека две локации на американските сили и нивните меѓународни сојузници во североисточна Сирија вчера биле нападнати со повеќе проектили […]

Изложба „Коцките на мозаикот“ на Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром


Здружението за поддршка на лицата со „Трисомија 21″ ја организираше втората изложба на мозаици „Коцките на мозаикот“. Мозаиците, како што информира здружението, беа изработени со многу емоции и креативност од страна на членовите, а изложбата беше отворена вчера во МладиХаб. -Беа изложени повеќе изработки со коцки од керамика, комбинации со школки како и прекрасни изработки […]

Пет поуки од изборите во Холандија


  Ова беше најголемата победа во историјата на крајно десничарската партија предводена од контроверзниот антиисламски политичар Герт Вилдерс. 1. Победата на партијата ПВВ е голема и без преседан Обемот на победата на Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс беше далеку над она што го предвидуваа анкетарите и го удвои бројот на места во парламентот […]

Во Појасот Газа од почетокот на војната загинаа 14.854 луѓе, според локалните власти


Властите во Појасот Газа соопштија дека бројот на загинати во палестинската енклава од 7 октомври е веќе 14.854, а повредени се околу 36.000, јави ДПА. Најголем дел од жртвите се деца, млади и жени. Податоците, како што наведува агенцијата, не можат да бидат потврдени од независен извор. Повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои околу 850 […]

Со специјален лет Русија врати дома 103 нејзини граѓани евакуирани од Појасот Газа


Со специјален лет Русија врати дома 103 свои граѓани евакуирани од Појасот Газа, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во соопштението се наведува дека руските државјани биле вратени во Русија со изнајмен авион Иљушин-76. „Во текот на изминатите 24 часа, 101 Русин се евакуирани од Појасот Газа во Египет, со што вкупниот број на […]

САД и Филипини почнаа заеднички воздушни и поморски патроли во Јужното Кинеско Море


 Филипинската и американската армија почнаа заеднички воздушни и поморски патроли во Јужното Кинеско Море, соопшти командата на филипинската армија на островот Лузон, а пренесуваат медиумите во источна Азија. Заедничките воздушни и поморски патроли во Јужното Кинеско Море од гледна точка на Владата во Манила придонесуваат да се заштити суверенитетот на Филипините над териториите околу кои […]

Се договараат пролетни избори и Изборен законик согласно ОБСЕ/ОДИХР, опозицијата не сака техничка влада


Пролетни избори во еден циклус и договор за Изборен законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, најавија вчера лидерите на владејачката коалиција и опозицијата. На вториот круг од претседателските избори би се одржале парламентарните избори, а дали ќе се третираат како редовни или предвремени во однос на роковите зависи од датумот што ќе го договорат партиите на […]

Кампања и панел дискусија по повод борбата против насилство врз жените


Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава деенска ќе го означат стартот на кампањата „Сложувалка“ по повод отпочнувањето на 16 дена активизам за борба против насилство врз жените. Организатприте најавија дека на настанот во фоајето на Македонска опера и балет, обраќања ќе имаат вицепремиерот […]

Jавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка


Во Клубот на пратеници деенска ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. По презентацијата на […]