Сирени за воздушна опасност се огласија во Израел неколку минути по почетокот на прекинот на огнот


Израелската војска ги активирала сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас. Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција. Утрово […]

Ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“ во Кинотека


Во Кинотека во Скопје од вечер почнува ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“. На филмската програма, која ќе се одржи и на 25, 27 и 28 месецов, се седум остварувања со различни содржини и нијанси на документарниот жанр. Ретроспективата вечер ќе биде отворена со проекција на документарниот филм „Бабичките на револуцијата“ – од […]

Чествување на животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет


Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, во соработка со Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ) денеска организираат настан за животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот, кој е отворен за јавноста, ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет […]

Прва конференција за Бариста во организација на ИТЕМ


Здружението на граѓани Институт за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, организира завршна конференција на проектот „Бариста – совршен познавач на кафе! – Поддршка на младите баристи од ЕУ “, дел од Еразмус + програмата на Европската Унија, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Како што информираат од здружението, конференцијата ќе […]

„Фрагментирани реалности” мултимедијален проект на Страхил Петровски во КИЦ Скопје


 „Фрагментирани реалности“ е насловена изложбата на мултимедијалниот уметник Страхил Петровски која ќе биде отворена вечерва во двата салони на Културно информативниот центар Скопје со почеток во 20 часот. Куратор на изложбата е историчарката на уметност, Маја Чанкуловска Михајловска. Љубителите на уметноста ќе можат да ја разгледаат продукцијата на Петровски, создадена изминатава година која вклучува просторна […]

Променливо облачно и магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје […]

Во Газа стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас


Четиридневното примирје меѓу Хамас и Израел, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила утрово во 7 часот по локално време. „Хуманитарната пауза“, договорена под покровителство на Катар, Египет и САД, доаѓа откако војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас влезе во својот 49-ти […]

Сезонските ски-карти од Србија може да се користат и во Македонија


Возбудлива долина, прекрасно езеро, зелени падини, феноменални пејзажи, скијачки центри, манастири, чист воздух, здрава животна средина се скапоцени богатства со кои може да се пофали Македонија. Маврово е популарно туристичко место на дното на планината Бистра, покриено со снег од ноември до крајот на април. Тоа е добро познат летен и зимски туристички центар, познат […]

СЗО: Кина не пријавила нови или невообичаени патогени поврзани со респираторни заболувања


Кина објави дека не открила нов или необичен патоген поврзан со зголемувањето на случаите на респираторни заболувања на северот од земјата, соопшти Светската здравствена организација која побарала детални информации од Пекинг. „Кинеските власти изјавија дека не е откриен нов или необичен патоген, ниту невообичаени клинички знаци, вклучително и во Пекинг и Лиаонинг, туку само општо […]

Бесими очекува 800-900 милиони евра за Македонија од шесте милијарди од Планот за раст


Земјава ќе ги вложи сите напори, во координација со Европската комисија, да ја одработи на потребното ниво и во најкраток можен рок својата домашната задача од обврските поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со цел со спроведувањето на реформите граѓаните и бизнисот што побрзо да ги почувствуваат бенефитите од него, изјави за МИА […]

Мицкоски: Оние на кои не им се допаѓа македонската химна нека си одат во друга држава


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека пречки за коалиција по изборите со партиите од албанскиот опозициски блок не постојат, но на лидерот на Беса и другите околу забелешките за химната порача дека „ако не им се допаѓа слободно нека ја напуштат земјата и нека одат таму каде што повеќе им се допаѓа“. Објаснувајќи го […]

По примирјето борбите ќе продолжат најмалку два месеца, вели израелскиот министер за одбрана


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека откако ќе заврши привременото примирје со палестинската милитантна група Хамас, армијата ќе продолжи со интензивните борби најмалку уште два месеца. „Она што ќе го видите во наредните денови е првото ослободување на заложниците. Овој одмор ќе биде краток“, рече Галант. Обраќајќи им се на војници од […]

Изгоре стан во Струмица


Попладнево околу 17 часот изгоре стан во зграда во центарот на Струмица, на улицата „Васил Сурчев“, но за среќа пожарот не зафатил други станови. Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и шест пожарникари. – Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон […]

Хаос во Даблин: По вооружениот напад, демонстрантите дивееја, палејќи автобуси, трамваи и возила


Откако денеска во Даблин се случи вооружен напад, во кој беа повредени пет лица, од кои три деца, во овој град избија немири. Демонстрантите дојдоа на местото на настанот и се судрија со полицијата. Во денешниот напад со нож во центарот на Даблин, тешко се повредени петгодишно девојче и жена на околу 30 години, а […]

Франција за Олимпијадата ќе мобилизира 15.000 војници


Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција. Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени […]

Градоначалникот на Њујорк, Адамс обвинет за сексуален напад во 1993 година


 Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс е обвинет за сексуален напад врз жена во 1993 година. Во тужбата се наведува дека жената била нападната кога работела со Адамс за градската управа. Во тужбата, поднесена во Врховниот суд на Менхетен, се бара судење и отштета од пет милиони долари. – Градоначалникот не знае која е оваа жена. […]

Уапсени тројца скопјани, не застанале на знак за запирање и агресивно се однесувале со полицајците


На полноќ, на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле 21-годишниот Ф.К., 19-годишниот Л.Б. и 18-годишниот П.Ф., сите од Скопје, затоа што со возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое без дозвола го управувал Ф.К., не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници и агресивно се однесувале […]

Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека корупцијата е неисплатлива, вели вицепремиерката Грковска


Целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Во вечерашното гостување […]

Двајца возрасни мажи вчера се тепале во Ѓорче Петров


На 22.11.2023 во 22.47 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ж.(42) и Д.П.(41), двајцата од Скопје, соопшти полиција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

(Видео) Стокхолм тестира тивок воден трамвај


Следното лето Стокхолм најверојатно ќе добие уникатен тип на јавен превоз. Имено, електричниот патнички ферибот Candela P-12 неодамна ги започна своите пробни возења на езерото Маларен. Иако технологијата на пловила со електричен погон не е нова, овој проект е иновативен поради неговата брзина, навигација и економичност. Како што е прикажано на видеото кое пред неколку […]