Кампања и панел дискусија по повод борбата против насилство врз жените


Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава деенска ќе го означат стартот на кампањата „Сложувалка“ по повод отпочнувањето на 16 дена активизам за борба против насилство врз жените.

Организатприте најавија дека на настанот во фоајето на Македонска опера и балет, обраќања ќе имаат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и координаторката на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља.

По повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“, Националниот совет за родова рамноправност организира панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“.

Како што информираат од НСРР, панел-дискусијата чиј покорвител е сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток од 11 часот.

Во неа ќе учествуваат претставници од релевантни државни институции, меѓународни организации и национални граѓански организации, а темата на дискусијата ќе биде во рамки на глобалната тема за 2023 година „Да се вложиме заедно, да го спречиме насилството врз жените и девојчињата“.   

Покрај сопруга на претседателот, Елизабета Ѓеоргиевска, учесници во дискусијата ќе бидат и Савка Тодоровска, претседателка на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи,  Викторија Аврамововска Мадиќ, заменик министер за правда, Маја Манолева, заменик министер за здравство, Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Бен Нупнау, заменик шеф на Делегација на ЕУ и Весна Ивановиќ Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Woman на Северна Македонија.

Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“ започнува на 25 ноември 2023 година, Меѓународниот  ден за елиминација на насилството врз жените, а завршува на 10 декември 2023 година, Меѓународниот ден на човековите права. Овие 16 дена обезбедуваат посветен период за застапување и за дејствување.