Потпишани 133 договори за поддршка до 10.000 евра со мали производители на ајвар, маџун, јаболков оцет…


Договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство денеска потпишаа 133 мали производители на храна од неживотинско потекло. Целта на договорите, во вкупна вредност од 1,2 милиони евра, како што истакна ресорниот министер Љупчо Николовски, е да се поддржат малите производители да произведуваат и стават во промет финални македонски традиционални […]

Почна божикниот пост


За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен […]

Градоначалничката на Париз го нарече Твитер „светска канализација“


Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, објави дека ќе го напушти X, порано Твитер, бидејќи платформата за социјалните медиуми стана „оружје за масовно уништување на нашите демократии“ во последниве години. Без да го именува, Хидалго укажа на одговорноста на Илон Маск за промените направени на страницата откако тој ја презеде компанијата во октомври 2022 година. „Оваа […]

„Аферата Кристи“ – бестселерот на „Њујорк тајмс“ преведен на македонски јазик


Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија.   Појдовна точка за […]

Крушево – лидер по посети од туристи за алтернативен, спортски и еколошки туризам


  Околу 85 отсто од вкупниот број туристи кои сакаат алтернативен, спортски, селски или еколошки туризам, го посетиле Крушево. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето направено на национален и локален репрезентативен примерок за Крушево во 2023 година. Главни причини за посета на Крушево се наведуваат рекреација (59 отсто ), одмор (27 отсто), односно 21 отсто […]

ЗОО Скопје се огласи по трагедијата откако угина последната жирафа Флопи


Во еден ден, во скопската зоолошка градина, се случија две трагедии. Имено, прво се прошири веста дека починал негувателот нажирафите Ристе Трајковски и тоа само на возраст од 44 година, а неколку часа подоцна, угина и последната од трите жирафи, Флопи. „Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години […]

Отруена сопругата на шефот на военото разузнавање на Украина


  Сопругата на директорот на военото разузнавање на Украина (ГУР), Кирило Буданов, е во болница со симптоми на труење со тешки метали. Ова го објавија водечките публикации од јавниот медиум „Суспилне“ до „РБК Украина“ и „Украинска правда“, откако информацијата дојде од сајтот „Бабел“. Извори на државната агенција УНИАН ја потврдуваат информацијата. Маријана Буданова учествувала во […]

Битола не е само Широк Сокак, Старата чаршија е посебен бисер


  БИТОЛА – Има многу архитектонски бисери и цели чудесни мали квартови во Битола. Не е само Широк Сокак, Старата чаршија е убавина сама за себе. Дуќанџиите од чаршијата велат дека не треба најголемиот дел од вниманието да му се посветува на Широк Сокак, туку и дека чаршијата со тесните поплочени улички, многуте дуќани и […]

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК


Многу политички експонирани личности се пријавија на конкурсот за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција, смета актуелната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.   – Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). […]

Германија повика да не се блокира патот на Албанија кон ЕУ од билатералните прашања со Грција


Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека патот на Албанија кон ЕУ не треба да биде блокиран од билатералните прашања со Грција. Официјален Берлин го нарече неприфатливо блокирањето на патот на Албанија кон членство во ЕУ од страна на Грција поради случајот со Фреди Белери, уапсениот избран градоначалник на Химара, кој е етнички Грк, објави […]

Ако странските компании платат данок 5 отсто овде, остатокот ќе го платат во матичната земја, вели Деспотовски


  Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како коментар на предизборната најава на ВМРО ДПМНЕ за пониски даноци за странски компании што ќе ги префрлат своите профитни центри во државата, вели дека го чуди како сериозна политичка партија нема познавање на обврската која државата ја презела пред две години кон ОЕЦД, со која Македонија се приклучи […]

Вклучување на децата Роми во предучилишно образование


– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка […]

Штрајк на вработените во „Комунална хигиена“ Тетово – не им се исплатени платите


Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување. Работниците од прва смена, како и дел од другите смени, се собраа пред просториите на „Комунална хигиена“ и не отидоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите. – Се собравме денеска […]

Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“


Општина Кисела Вода ќе набави мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“. Како што известуваат од општината, денеска на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.   – Ова […]

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време


Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи. -Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во […]

Со сезонска ски-карта од „Ресорт Маврово“ може да се скија низ поранешна Југославија


Со купена ски-карта во „Ресорт Маврово“ може да се ужива и во убавините и услугите на „Олимпискиот центар Јахорина“, Босна и Херцеговина, откако претставниците на двата скијачки центри потпишаа Договор за меѓусебна соработка.  Ова значи дека секој што ќе купи ски карта од „Ресорт Маврово“, бесплатно, може да скија два дена во “Олимписки центар Јахорина“. […]

Несреќа во Јужноафриканската Република: 11 загинати при пад на лифт во рудник


Најмалку 11 лица загинаа, а 75 се повредени при пад на лифт кој превезувал работници во рудник за платина во Јужна Африка, соопшти администрацијата. Компанијата „Импала платинум“ соопшти дека привремено ја прекинала работата во рударскиот комплекс во Рустенбург, по несреќата што се случи синоќа, пренесува Ројтерс. Повредените работници се префрлени во болници, додава АП. Извршниот […]

Пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси да се венчаат во 2024 година: Би можеле да го изговорат судбоносното „да“


Ако едвај ја чекате 2024 година и се прашувате дали ќе ви донесе свадба, ѕвездите го имаат одговорот. ОВЕН Овенот е знак на огнен и авантуристички темперамент и не е лесно да се контролира. Сепак, токму овој дух ќе го направи неодолив следната година, па потенцијалниот партнер лесно може да падне на колена. Најголеми шанси […]

 „Винодонија“ на 8 и 9 декември во хотел „Мериот“


Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот.  „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи […]

Блинкен ќе и се заблагодари на Македонија за лидерската улога


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за улогата на Организацијата во промовирање на безбедноста во регионот при што ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.  Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во […]