Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни


Во текот на ноември, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите „Илинденски одреди“, […]

И Бугарија му даде дозвола за прелет на Лавров


Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека дало дозвола за летот на специјалните воздухопловни сили „Росија“ со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за Северна Македонија, во својство на вршител на должноста претседавач со ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-от состанок на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, соопшти […]

Турција се подготвува за првиот лет на својот борбен авион од петтата генерација


Анкара – Турција се подготвува да ја заврши 2023 година во однос на откритија во одбранбените платформи со испраќање на својот домашен борбен авион од петтата генерација и своето прво беспилотно летало со летечки крила наменети за длабински напади на небото. Од почетокот на годината веќе се забележани голем број први летови, вклучувајќи го и […]

Отповикани повеќе судења на Кривичен поради Самитот на ОБСЕ


Самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје отповика неколку термини на закажани рочишта во Основниот кривичен суд Скопје, помеѓу кои се и судењата за „Ласкарци“, „Жан Митрев“ и „Титаник“. Претходно закажаниот термин за главна расправа за сообраќајната несреќа кај Ласкарци на 30 ноември беше отповикан поради одлуката на Владата за неработен ден. Судењето ќе […]

Премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ во Копенхаген


Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, ќе биде на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска, соопштија денеска од ЈУ Младински културен центар. – Музичкиот документарен филм што се снимаше во […]

Од Тина Тарнер до Мајкл Џексон: Скопје уживаше на поп- хитовите во изведба на Камерниот оркестар на Битола


Во Националната опера и балет во Скопје, Камерниот оркестар на Битола, синоќа одржа спектакуларен концерт со евергрини, именуван „ MTV 80’s & 90’s The Greatest Hits!“, а министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со останатите присутни, уживаше во звуците на безвременските хитови. Сите се сеќаваме на деновите кога MTV беше прозорец кон еден нов, и […]

Словенија ќе му ги врати парите од казната на доставувачот што во пандемијата јадеше бурек


Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот.  Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за корона вирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време […]

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката


Скопје нема наскоро да добие брз автобуски транспорт, затоа што откако две години градоначалничката Данела Арсовска го држеше во фиока проектот, сега советниците не даваат дозвола за почеток на изведбата. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. […]

„Магија, чудо и радост“ е Божикната тема на Бајденови во Белата куќа (фото)


Вашингтон-  Сезоната на празници е во Белата куќа и илјадници метри панделки, украси и ѕвона помагаат да се одбележи приликата. Првата дама Џил Бајден го претстави празничниот декор во понеделникот и објави дека темата за оваа сезона е „Магија, чудо и радост“, која е инспирирана од тоа како децата ги доживуваат празниците. „Секоја соба е […]

Супермоделот Карли Клос во издавачки води: Го купи второто модно списание


Пред околу десет години, сонот на супермоделот за деловен успех беше снимање на насловните страници на престижни изданија, соработка со најголемите дизајнери и потпишување профитабилни договори за промовирање на моќни брендови. Кога би го постигнале тоа, манекенките заработката најчесто би ја вложиле во сопствена модна линија, козметика или во изработка на накит. И тоа, во […]

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери


Четиринаесетгодишната Вања од Скопје сѐ уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери. Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче […]

Цената на литиумот падна за 75%, а електричните автомобили сѐ уште се прескапи


Една од највредните „стоки“, не само во автомобилската индустрија, годинава бележи постојан пад на цените. Цените на литиумот паднаа за повеќе од три четвртини во споредба со минатата година и може да се очекува дополнително да опаѓаат. Долгорочно, пониските цени може позитивно да се одразат на намалување на цените за електричните автомобили! Литиумот е суштински […]

Гугл почнува да брише неактивни сметки за три дена, еве што значи тоа


Компанијата „Гугл“ од 1 декември започнува со бришење на „неактивни“ сметки, што значи сите сметки кои не биле користени најмалку две години. Ова значи дека е-пораките, видеата, фотографиите, документите и која било друга содржина на таа сметка ќе бидат избришани. Компанијата изјави дека сметките кои не биле користени долго време може да бидат компромитирани и […]

Илјадници милијарди долари изгубени поради климатските промени


Париз – Климатските промени секоја година се одговорни за загубата од неколку илјади милијарди долари во светската економија, особено во најнеразвиените земји, покажува студијата објавена денеска, пред почетокот на COP28 климатската конференција во Дубаи. Според студијата спроведена од Универзитетот во Делавер, само во 2022 година на глобално ниво, климатските промени предизвикале вкупна загуба од 6,3 отсто […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Ѓуриште


Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат  Попова Шапка со -5 степени, -4 Крива Паланка и Битола, -3 Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево и Струмица, -1 Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 Штип, Дојран, 2 Демир Капија, Куманово, Велес […]

Забрана за тешки товарни возила преку Стража


Од утрово воведен забрана за тешки товарни возила преку Стража, соопшти АМСМ. Имено, од 8.30 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража.

Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски сателит снимил детални снимки од Белата куќа и Пентагон


Пјонгјанг – Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки од Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони што ги видел лидерот Ким Џонг-ун. Постоењето на фотографиите не е независно потврдено, а експертите велат дека е рано да се каже дали шпионскиот сателит Малигионг-1 функционира правилно, седум дена по лансирањето. Државните […]

ЕУ е во опасност од смрт одвнатре и однадвор


Последната вест која ја потресе ЕУ е победата на евроскептичниот и имиграциски противник Герт Вилдерс на изборите во Холандија, пишува Франс прес. Без разлика дали се на власт во земји како Италија, Унгарија и Словачка, или постојано добиваат сила, како во Франција, Германија и Шпанија, се чини дека моментот е во корист на екстремно десничарските […]

Речиси 2.500 луѓе се спасени по снежна бура во областа Одеса во Украина


Речиси 2.500 луѓе се спасени по снежното невреме во областа Одеса во јужна Украина, соопшти регионалниот гувернер Олег Кипер, додавајќи дека 313 населени места во регионот се без струја поради лошите временски услови. Во последниве денови, областа Одеса, која се наоѓа на брегот на Црното Море, беше погодена од серија големи снежни бури кои ги […]