Блинкен ќе и се заблагодари на Македонија за лидерската улога
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за улогата на Организацијата во промовирање на безбедноста во регионот при што ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.
„Во текот на посетата на Северна Македонија, државниот секретар ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ за реафирмација на цврстите заложби на САД во ОБСЕ и главната мисија на организацијата да промовира безбедност, стабилност и соработка меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирно решавање на споровите“, рече Милер.
Блинкен исто така ќе ја истакне главната улога што ОБСЕ ја игра во промоција на продлабочената безбедност низ регионот и ќе се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога, се вели во соопштението.
Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија вчера на брифинг изјави дека на состанокот Блинкен ќе зборува и за подршката на САД и сојузниците за Украина. Од Скопје тој ќе опатува на Блискиот исток, во Израел и ОАЕ. Во Израел ќе разговара за правото на Израел да се одбрани од нападите на Хамас согласно меѓународните хуманитарни закони, како и за напорите да се обезбеди ослободување на останатаите заложници. Ќе се раговара и за идното создавање на палестинска држава.