Владата даде виза за дел од законите за исплата на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор


Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција соопшти дека дел од законите неопходни за усогласување со Општиот колективен договор за да се создадат услови за исплатите по овој основ во јавниот сектор денеска поминале на седница на Владата и оти на идната владина седница ќе бидат усогласени и останатите три закони. На новинарско прашање дали административците ќе […]

Мицкоски: „Вратата“ за коалицирање не е затворена за никого


Нема официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има каква било потврда дали изборите би биле единечни или би биле раздвоени,  изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека  комуникацијата за изборите во актуелниот политички момент се одвива преку медиумите. Според Мицкоски, важно е политичките партии да постигнат договор, што, како што вели, води […]

Финска целосно ја затвора границата со Русија


 Владата на Финска одлучи целосно да ги затвори сите копнени гранични премини со Русија од 30 ноември до 13 декември, објави премиерот Петери Орпо. Според него, Хелсинки смета дека краткорочното и целосно затворање на граничните премини ќе биде ефикасно решение за проблемот со приливот на мигранти од руска територија во Финска. „Целта е што поскоро […]

Индија: Спасувачите ги извлекоа заробените работници во урнатиот тунел (видео)


  Спасувачите во Индија во вторникот стигнаа до 41 градежен работник кои беа заробени во урнат планински тунел повеќе од две недели на северот на земјата и ги извлекоа, објави локалната новинска агенција. Работниците се извлекуваат преку премин направен од заварени цевки кои спасувачите претходно ги туркале низ нечистотија и камења. Спасувачката мисија го привлече […]

Зградата на Радио Белград е евакуирана поради закана за бомба


Зградата на Радио Белград денеска е евакуирана поради закана за бомба. Вработените се пред зградата, безбедно, како што објави Блиц. Пред неколку дена оваа зграда беше евакуирана поради закана од бомба.

Во Германија за еден месец регистрирани речиси 1.000 антисемитски инциденти


 Во Германија во првиот месец од војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас пријавени се вкупно 994 антисемитски инциденти. Тоа се 29 случаи дневно, што е за 320 отсто повеќе од дневниот просек во 2022 година, соопшти денеска Федералната асоцијација за истражување и информации за антисемитизмот (Риас) во Берлин. Податоците се однесуваат на периодот […]

Тенки оброци, тешки бомбардирања: Заложниците на Израел почнаа да ги споделуваат своите приказни


  ЕРУСАЛИМ – Преживеале со ориз и леб и спиеле најдобро што можеле на столици и клупи. Најмалку еден маж се обиде да им побегне на киднаперите кога израелски воздушен напад предизвика уривање на зградата во која се наоѓале. Едно младо момче водело дневник на своето искуство. Приказните за заложниците киднапирани од Хамас на 7 […]

Судскиот совет контра Лога – сака да решава тајно, а не јавно


 Во врска со изнесениот јавен став на министерот за правда, Кренар Лога кој побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители по поднесено барање  за утврдување на одговорност за судија, Судскиот совет на Македонија објави соопштение, во кое изразува искрено верување дека „на министерот му […]

Пакет мерки на Владата: Парична поддршка за учениците, студентите, пензионерите, компаниите…


  Од 1 декември па во наредните шест месеци учениците во основното образование ќе добиваат по 1.200 денари месечно, а студентите по 1.800 денари, додека пензионерите со пензии до 14 илјади денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3 илјади денари, оние со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари, а […]

Во последните три години во Македонија исчезнале над 70 малолетници


Неколку дена пред да профункционира системот за рано предупредување за исчезнати деца – „Најди ме“, јавноста во Северна Македонија е на нозе во потрага по 14-годишно девојче во Скопје, коешто исчезна на пат кон училиште. Потрагата трае повеќе од 24 часа – во неа се вклучени полицијата, семејството, но и бројни граѓани и соученици коишто споделуваат објави […]

Kривична пријава против ирачки државјанин кој криумчарел мигранти преку Македонија


Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Ј.(28), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, […]

МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска


Министерството за внатрешни работи денеска објави фотографија и опис за Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија. -ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса […]

Ноември е најсмртоносниот месец од војната за руската армија


  Украинскиот град Авдиивка може да испадне дека е гробишта за уште повеќе руски војници од Бахмут. Нон-стоп обидите да се освои градот во близина на Донецк доведоа до огромни жртви. Според Генералштабот на украинските вооружени сили, просечните загуби на руската армија во ноември изнесувале 931 лице дневно. Досега, март оваа година се сметаше за […]

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово. – Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка […]

Петрушев: Во НБА се соочив со одредени работи кои не ги очекував


Атина- Кошаркарот Филип Петрушев објасни зошто решил да ја напушти НБА на самиот почеток на својата дебитантска сезона во најсилната лига на светот. Петрушев потпиша 3-годишен договор со Олимпијакос откако не го доби очекуваниот статус во Сакраменто. – Решив дека во Европа ќе си најдам во поповолна ситуација за себе. Во НБА морав да се […]

Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ


Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски совет на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените […]

СДСМ бара оставка од Мизрахи заради злоупотреба на комисијата за Онкологија


И денеска нема закажано седница на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега, објави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска.Таа вели дека срамна и неодговорна е злоупотребата на анкетната комисија  од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. „ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле […]

(Фото) Во Белград градски автобус се преполовил додека возел


Во Белград, Србија,  автобус на градското сообраќајно претпријатие ГСП буквално се подели на половина, пишува Блиц. Се работи за голем, зглобен автобус, а пукна таканаречената хармоника, па градскиот автобус го подели на половина. Од ГСП потврдија дека се работи за возило од нивниот возен парк, а сѐ се случило на Машинскиот факултет, среде возење. Во […]

СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање


Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање ако здравствениот систем не се подобри. Таа го опиша колапсот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна […]

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави известување за прекинување на стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план за град Струмица. Како што стои во известувањето, прекинувањето е по предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот, како и предлогот од Комисијата за стручна расправа, постапката за стручна расправа со јавна презентација и јавна […]