Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово.

– Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка пат до „осички мост“, во Старо Нагоричане, општинската зграда, во Ранковце, канализациска мрежа, во Кратово имаше неколку претходни и нови активности. Таму се реконструирани се „турскиот затвор“, пешачки патеки на течението на реката, изјави Владимир Павловски од СИПР.

Во тек е доуредување на задружниот дом во село Пчиња и село Матејче во општина Липково каде се реконструираат улици.

Општина Куманово аплицираше со набавка на полуподмезни контејнери кои се поставени на повеќе локации. ЈП „Водовод“ доби повеќенаменско возило-багер.

– Потпишани се нови договори. Средствата се планирани 2023-та, а проектите ќе се реализираат наредната година. Едната е за животна средина, другата за развој на туризам, предвидени се активности насекаде во шесте општини. Има четири патишта во Ранковце, Кратово, Крива Паланка, Липково, во Старо Нагоричане реконструкција на постоечки објект во инфоцентар, Куманово ќе поставува полуподзмени контејнери како и возило за „Водовод“, изјави Павловски.

Според последните податоци, североисточниот регион е најмалку развиен во државата.

– Очекуваме најмногу средства од програмата за рамномерен регионален развој, изјави Павловски.

Државата одлучи за североисточниот регион да одвои најмногу средства за да се намали јазот и да се поттикне рамномерен регионален развој.