Во Германија за еден месец регистрирани речиси 1.000 антисемитски инциденти


DER SPIEGEL, 44/23, Judenhass in Deutschland, Wir haben Angst, Cover, Pluscover

 Во Германија во првиот месец од војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас пријавени се вкупно 994 антисемитски инциденти.

Тоа се 29 случаи дневно, што е за 320 отсто повеќе од дневниот просек во 2022 година, соопшти денеска Федералната асоцијација за истражување и информации за антисемитизмот (Риас) во Берлин.

Податоците се однесуваат на периодот од 7 октомври до 9 ноември 2023 година.

Многу Евреи доживеале антисемитски инциденти во секојдневниот живот и се чувствувале небезбедни, наведуваат од Асоцијацијата.

Антисемитизмот и анти-израелската пропаганда се во пораст и на универзитетите, каде што се забележани 37 антисемитски инциденти. Еврејските студенти рекоа дека нивните колеги студенти ги обвинуваат за постапките на Израел. Некои престанале да одат на универзитет.

„Бројките се алармантни, но не и изненадувачки“, рече Хана Вајлер, претседател на Еврејскиот студентски сојуз на Германија.

Од 7 октомври, младите Евреи континуирано известуваат за тоа колку се зголемил антисемитизмот кој го перципираат во нивниот секојдневен живот, особено во универзитетскиот контекст.