И двете групи сакаат уништување на Израел: Кои се сличностите, а кои разликите меѓу Хамас и Фатах


 Од насилната поделба на палестинската управа на Хамас и Фатах во 2007 година, Газа и Западниот Брег одат по значително различни траектории. Западниот Брег доживеа релативен мир, додека Газа страдаше под дипломатската изолација и блокадата наметнати од Израел, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ). Кои се разликите и сличностите меѓу Фатах и ​​Хамас, вклучително и нивните […]

Русија не доби доволно поддршка за влез во Советот за човекови права на ОН


 На тајното гласање за избор на две нови земји-членки на Советот за човекови права, обидот на Русија да се врати во тоа тело  на ОН не успеа – Бугарија доби 160 гласа, Албанија 123, а Русија 83. Другата оспорена трка беше во Јужна Америка и Карибите, каде Куба, Бразил, Доминиканската Република и Перу се бореа […]

Училиштата во Израел остануваат затворени, почнува учењето на далечина


 Училиштата ширум Израел ќе останат затворени утре, но дадено е одобрение да започне учењето на далечина, соопшти денеска израелското Министерство за образование. -По безбедносната проценка во согласност со упатствата на командата на Домашниот фронт, Министерството за образование објавува дека утре нема да има образовни активности во училиштата низ целата земја, се вели во соопштението на […]

Градиме иднина: Сите 18.700 деца питачи да се вратат во училиштата и градинките


Претседателот на здружението Градиме иднина – Скопје, Илија Јовановиќ, денеска имаше работна средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Здружение Градиме иднина – Скопје бара Министерството за образование и наука и Владата од буџетот на државата да издвојат средства за проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата“ и сите 18 700 деца […]

Кривична пријава против тројцa – си направиле дива депонија на државно земјиште


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(47), Е.С.(51) и против Т.М.(57), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на животната средина и природата со отпад” и „узурпација на недвижност”. Инспектор за животна средина на Град Скопје и надлежни служби од Општина Бутел […]

Овој сектор се гаси: Ќе изгуби до милион работници?


Транзицијата кон почисти извори на енергија ќе згасне речиси милион работни места во рударскиот сектор до средината на векот, според Global Energy Monitor. Повеќето рудници кои најверојатно ќе бидат затворени „немаат подготвен план за продолжување на работата, односно за управување со транзицијата кон економија без јаглен“, предупреди американската тинк-тенк Global Energy Monitor (GEM). Владите мора […]

Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот


Владата на денешната 190. седница го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори и склучување на Договорот за заемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија.  Како што соопшти владината прес-служба, членовите на Владата на седницата го прифатиле усогласениот текст на Договорот. […]

Ја нападнал мајката, па ја запалил куќата, при што настрадал татко му


На 08.10.2023 во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(38). Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко. Пожарот бил изгаснат од екипа […]

Запленети 5 килограми сребрен накит и бижутерија на скопскиот аеродром


Речиси пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот аеродром „Скопје“ откога странски државјани не го пријавиле накитот, со што направиле прекршок на царинските регулативи. Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија, што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит, се обидел […]

Нова програма на ТИРЗ за поддршка на средношколци


 Осум ученици од средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да стекнат практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ. Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на училиштето, Тања Јовановска, денеска потпишаа Меморандум за соработка.  -Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција […]

Обвинети родителите на детето што изврши масакр во училиште во Белград


Вишото јавно обвинителство во Белград денеска поднесе обвинителен акт против Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето К. К., кој на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби 10 лица. Кецмановиќ е осомничен дека го научил својот син да пука една година пред злосторството, а оружјето го чувал необезбедено. Говорејќи во Палатата на правдата, високиот јавен обвинител […]

Корегирана листата на прехранбени производи со повластена стапка


Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти попладнево Министерството за финансии.  Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви.  Од Министерството за финансии […]

Две ученички прегазени на пешачки пред средното училиште во Штип


Две девојчиња на возраст од 15 и 16 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип. Според полицијата, денеска околу 7:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две […]

Што се кибуци, заедниците на удар на Хамас


  Кибуц е тип на уредување карактеристичен за Израел. Колективната заедница, традиционално аграрна, е наведено на веб-страницата „Туристички Израел“. Првиот кибуц е основан во 1910 година, а денес ги има повеќе од 270. Тие еволуирале од нивните земјоделски почетоци и многумина денес се приватни. Кибуците, без оглед на нивниот статус, нудат единствен поглед на израелското […]

Се бара казна затвор од 12 години за таткото на малолетниот убиец во Белград


Пет месеци по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против таткото на малолетното момче Коста Кецмановиќ кој на трети мај уби девет соученици и чуварот на училиштето. Во обвинението напишано на 267 страници oбвинителството бара казна од 12 години за таткото на Kоста, две години и шест […]

Метју Лосон: Националната развојна стратегија за Македонија не е документ туку процес


Обединетото Кралство активно го поддржува креирањето на Националната развојна стратегија (НРС) уште од почетокот на процесот. Оваа иницијатива веќе две и пол години е во тек и се очекува сеопфатниот стратешки документ да биде готов до крај на 2023 година. Во интервју британскиот амбасадор Метју Лосон дава оценка за досегашната подготовка на стратегијата. –Иницијативата започна […]

Криминална група од Бугарија извезувала оружје за руските сили во Украина


  Криминална група која дејствувала во Бугарија извезувала стока за руските војници во Украина. Вкупно 12 лица се уапсени при акција на МВР, обвинителството и националната служба за безбедност (ДАНС) во понеделникот. Меѓу нив има Руси, Белорусин и Албанец. Останатите се Бугари. Петмина се обвинети за учество во криминална група и нелегално извоз. Според шефот […]

Азар ја заврши кариерата на 32 години


 Белгискиот фудбалер Еден Азар се повлече од фудбалот на 32 години. – Треба да се слушате себеси и да кажете „стоп“ во вистинскиот момент. По 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Успеав да го исполнам мојот сон, играв и се забавував. Во текот на мојата […]

Осум ученици од „Васил Антевски-Дрен“ ќе одат на пракса во ТИРЗ


Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“-Скопје, Тања Јовановска, денеска потпишаа меморандум кој го одбележува почеток на оваа нова соработка. „Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција во подобрa иднина за нив дома. За нас е клучно што можеме […]

Општина Центар почнува промоција на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата


Денес Општина Центар стартуваше со промоција на протокол наменет за правилен пристап кон дечињата со дијабетес, а истиот ќе биде спроведен во градинките и училиштата.  – Во градинката „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин беше промовиран протоколот за постапување со деца со дијабетес тип 1 во градинките и училиштата. Протоколот е изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК, […]