Ја нападнал мајката, па ја запалил куќата, при што настрадал татко му


На 08.10.2023 во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(38).

Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а неговиот татко бил пренесен во болницата во Струмица за укажување помош.

В..М. бил задржан во полициска станица, по што на 09.10.2023 бил пренесен на лекување во медицинска установа во Негорци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.