Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро


Вчера (14.10) во 21.15 часот во ОВР Крушево било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево. Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото. Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П.  скокнал во езерото по неа и ја […]

БРАКО и „Грин машинс“ продолжуваат да ја освојуваат Америка – еколошките возила претставени на саем во Сиетл


Еколошките и високо технолошко напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО, од линијата Грин Машинс, продолжуваат да го освојуваат северно-американскиот континент. По учеството на саемот во Тексас, американската филијала на Грин Машинс се претстави и на Саемот за електрични возила и опрема кој се одржа во Сиетл, 15-от по големина град […]

ОН: Годишната вредност на металите во фрлените електронски уреди е 9,5 милијарди долари


Вредноста на клучните суровини за зелената транзиција пронајдени во фрлените или застарените електронски уреди изнесува 9,5 милијарди долари годишно, објавија Обединетите нации (ОН) во пресрет на Меѓународниот ден на е-отпадот, 14 октомври. Истовремено, тие повикаа на подигање на свеста за важноста на рециклирањето на е-отпадот. Играчките, каблите, електронските цигари, електрични четки за заби, жилети, телефонски […]

Почина американската поетеса Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература


Американската поетеса Луиз Глик, крунисана со Нобеловата награда за литература, почина на 80-годишна возраст, потврдија во петокот за агенцијата Франс прес од Универзитетот Јеил, каде што предавала. Родена од Њујорк, се смета за една од најголемите фигури во американската поезија, ја доби Нобеловата награда во 2020 година за „нејзиниот непогрешлив поетски глас што го прави […]

Во Берово измерени три степени, најтопло во Виница со 11


Со три степени Целзиусови утрово најстудено во Берово, додека најтопло со измерени 11 степени е во Виница. Од УХМР информираат дека до 08.30 часот измерени се пет степени во Лазарополе, шест во Битола, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, осум степени во Прилеп, Претор, Велес, Крива Паланка, Штип и Струмица, девет во Куманово, Демир […]

Израелската армија соопшти дека убила уште еден командант на Хамас


Израелската армија утринава соопшти дека убила уште еден командант на командосите на Хамас, кој минатиот викенд ги предводеше нападите врз населените места Нирим и Нир Оз во јужниот дел на Израел. Билал ал Кедра, командант на т.н од единицата Нухба на јужниот баталјон Кан Јунис, беше убиен во воздушен напад благодарение на разузнавачките напори на […]

Петрески тврди дека бил под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и македонскиот јазик


Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески во писмено обраќање до јавноста и до ДПМ тврди дека е под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. „Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет […]

Во Полска се отворени гласачките места за парламентарните избори


 Во Полска денеска се отворени гласачките места за парламентарните избори, на кои, според анкетите, резултатот ќе биде тесен, а се сметаат за пресудни за иднината на односите на земјата со ЕУ и со соседна Украина. Се избираат 460 членови на Сејмот со пропорционален изборен систем, а 100 сенатори со мнозински систем. Полска се плаши од […]

Повторно автобуска несреќа во Местре, близу Венеција, повредени петнаесет лица


Петнаесет лица се повредени синоќа во нова автобуска несреќа во градот Местре, во северна Италија, единаесет дена по несреќата на автобус во истиот град, во која животот го загуби 21 лице, јави ДПА. Полицијата соопшти дека овој пат електричен автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. Ниту една од жртвите не […]

Земјотрес од 6,5 степени го погоди западен Авганистан


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе. Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Денеска два документарни филма во рамки на „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал


Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал, вo Кино Фросина, денеска ќе бидат прикажани две документарни филмски остварувања од областа на џез музиката. Станува збор за документарниот филм Арт пепер: Белешки на еден преживеан џезер во режија на Don McGlynn Со: Art Pepper, Laurie Pepper, Milcho Leviev, Bob Magnusson, Carl Burnett. Документарец, […]

Ниту камери не ги плашат да оштетуваат урбана опрема и детски игралишта


 Со години постојат камери во тетовскиот Жена парк, но тоа не ги спречувало досега несовесните поединци речиси целосно да го уништат местото и опремата. Во 2017 година во времето на претходното општинско раководство заврши реконструкција на ова место и создавање парковска средина, но детските лизгалки, нишалки и слични реквизити одамна ги нема одамна затоа што […]

Облачното време ја одложило копнената офанзива на Израел во Појасот Газа


Израелската армија за неколку дена ја одложи големата копнена инвазија на Појасот Газа под контрола на радикалното палестинско движење поради неповолните временски услови, јави ДПА, повикувајќи се на информации од американските медиуми. Копнената офанзива на Израел требаше да започне овој викенд, најчесто се спомнуваше вчерашната вечер, но беше одложена за неколку дена, делумно поради прогнозите […]

Политико: Како војната меѓу Израел и Хамас ја разоткри ирелевантноста на Европската унија


  Од безбројните геостратешки илузии што беа уништени во последните денови, најотрезнувачко сознание за секој што живее на континентот треба да биде ова: никому не му е грижа што мисли Европа. Во низа глобални жаришта, од Нагорно-Карабах преку Косово до Израел, Европа е потисната во улога на добронамерна невладина организација чии хуманитарни придонеси се добредојдени, […]

„Мајкрософт“ доби виза да го купи Activision Blizzard за 69 милијарди долари


Регулаторот на Обединетото Кралство ја одобри ревидираната понуда на „Мајкрософт“ за купување на Activision Blizzard. Управата за конкуренција (CMA) соопшти дека ажурираната понуда е одговор откако го блокираше првичниот договор на „Мајкрософт“ за купување на Activision Blizzard за 69 милијарди долари во април, јавува Би-Би-Си. Ова би бил најголемиот потег на „Мајкрософт“ во индустријата за […]

Почнува грејната сезона во Скопје, цената на парното го „чека“ цевководот под „Беласица“


Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица. Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата […]

6 клучни прашања пред изборите во Полска


  По неколкумесечна жестока кампања, скандали, гафови, напади и само една дебата, политичкиот пејзаж пред општите избори во недела е речиси таму каде што беше пред една година. Две големи партии – владејачката националистичка партија Право и правда (ПиС) и центристичката Граѓанска коалиција – се далеку напред, а куп помали партии се многу позади. Тоа […]

Утрото свежо, преку ден сончево, кон крајот на денот умерена облачност


Денеска утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Како што информираа од УХМР, во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува […]

Израел најави офанзива во Газа „од воздух, вода и копно“


  Израелските одбранбени сили (ИДФ) во саботата соопштија дека ги завршуваат подготовките за „значајна копнена операција“ во Појасот Газа, додека продолжуваат да вршат широки воздушни напади врз целите на Хамас во енклавата. Во соопштението, ИДФ рече дека е подготвена да ја „прошири офанзивата“ со спроведување „широк опсег на офанзивни оперативни планови“, за кои рече дека […]

Како се одвива судењето на крипто магнатот Сем Банкман-Фрид, обвинет за една од најголемите финансиски измами


Судењето на Сем Банкман-Фрид, во немилост паднатиот магнат на криптовалути, трае веќе неколку денови и е будно следено од американската јавност, пред сѐ поради наводната проневера вредна десеттина милијарди долари, но и поради колоритноста на главните протагонисти. Според Владата на САД, Банкман-Фрид (31) извршил една од најголемите финански измами во историјата. Обвинет е по седум […]