Пендаровски: Се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена


Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки, порача претседателот Стево Пендаровски на денешниот настан во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Како што информираат од неговиот кабинет, Пендаровски посочил дека во реалноста се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност […]

Шест загинати во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион


Шест лица загинаа во последните 24 часа во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион во Украина, соопштија денеска локалните власти. Две лица загинаа, а тројца се ранети во Херсон, откако повеќе од 100 гранати ја погодија областа во текот на викендот, изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин. -Две наведувани бомби ја погодија клучната инфраструктура […]

Сирени за можен воздушен напад се огласија во Тел Авив


Сирените за можен воздушен напад денеска се огласија во Тел Авив и неговите предградија, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во изминатите неколку часа имаше ракетни напади од Појасот Газа врз јужните израелски градови, а последен пат доцна синоќа беа лансирани ракети со долг дострел. Засега нема информации за повредени или материјална штета, пренесува „Тајмс оф Израел“. 

Алиев го подигна азербејџанското знаме во Нагорно Карабах


Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, се наведува на веб-страницата на претседателот на Азербејџан. Кај Ерменците тој град е познат како Степанакерт. Азербејџанските сили го скршија отпорот на владата на етничките Ерменија минатиот месец, поради што околу 120.000 луѓе избегаа во Ерменија. 

МНР: Двајцата наши државјани во Газа се безбедни, сместени се во болница на Црвената полумесечина


Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах. Како што информираа денеска од […]

JП Морган: Зголемувањето на каматните стапки силно го зголеми профитот


Најголемата американска банка, ЈП Морган (JPMorgan), објави квартални оперативни резултати кои беа малку над очекувањата на пазарот, благодарение на повисоките каматни стапки од ФЕД и стекнувањето на проблематичната банка Фрст рипаблик (First Republic Bank). Приходите во третиот квартал скокнаа за 21,9 отсто на 39,87 милијарди долари, надминувајќи ги консензуалните проценки од 39,40 милијарди долари. Заработката […]

Хуркач спаси меч-топка против Рубљев и го освои Мастерсот во Шангај


 Светскиот рекет број 17, Хуберт Хуркач, денес во финалето во Шангај го победи 7. На АТП ранг-листата, Андреј Рублев од Русија со 6:3, 3:6, 7:6 (8). Во тајбрејкот Рубљев водеше со 5:2, имаше и меч топка на 6:5, но на крајот се радуваше полскиот тенисер. Хуркач на овој турнир сервираше најмногу асови – 98. Тој […]

Болниците во Газа за два дена ќе останат без гориво, илјадници луѓе би можеле да умрат


Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат, бидејќи болниците полни со повредени остануваат без гориво и основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува дека во рок од два дена болниците ќе останат без гориво за генераторите. Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се […]

Израел ја затвори границата кон Либан и ги блокира ГПС услугите


Војската на Израел денеска забрани пристап во зона на 4 километри од границата со Либан и соопшти дека намерно ги заглавува ГПС услугите таму и на јужниот фронт со Газа како дел од своите операции. Прекинот на ГПС може да влијае на функциите на апликациите, изјави главниот воен портпарол, контраадмирал Даниел Хагари, на платформата „Икс“. […]

Почина една од најубавите актерки во минатиот век, три пати беше номинирана за Оскар


Американската актерка Пајпер Лори почина на 92-годишна возраст, таа беше една од најубавите актерки во 60-тите. Американската актерка Пајпер Лори почина на 92-годишна возраст, јави Си-Ен-Ен. „Лори веќе некое време не се чувствуваше добро. Ќе остане запаметена како врвна актерка од нејзината генерација и прекрасна личност“, изјави за медиумите портпаролката на актерката Марион Розенберг. Лори […]

Кина со остра порака: Израелските акции во Газа „надвор од рамката на самоодбрана“


Израелските акции во Газа излегоа „надвор од рамката на самоодбрана“ и израелската Влада мора „да престане со колективното казнување на луѓето во Газа“, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонскиот разговор со неговиот саудиски колега, принцот Фајсал бин Фархан. „Израел треба сериозно да ги послуша повиците на меѓународната заедница и генералниот […]

Топланите во Скопје вклучени, испорачуваа топлина до 10 часот


ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје информира дека почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Град Скопје со кој управува. Во соопштение наведува дека топланите во 6 часот почнале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите, а производството запрело во 10 часот. -Во овој момент нема дефект на централниот […]

Мигранти од Конго ги „окупираа“ поранешните простории на Македонската амбасада во Брисел


 Неколку десетици мигранти по потекло од Конго упаднаа во просториите каде порано беше сместена Македонската амбасада во Брисел.  Станува збор за објект, кој согласно Договорот за сукцесија на имотот на поранешна Југославија, им припадна на Северна Македонија и Хрватска.    Бриселските власти преговараат со организаторите на „окупацијата“, здружението Волонтери за интеграција на лицата без регулиран […]

Фестивал на полски филм „Висла“ на МФФ Киненова


 Со проекција на филмот „Брижит Бардо, засекогаш“  во режија и по сценарио на Лех Мајевски, викендов почна претставувањето на полската кинематографија во рамките на фестивалот „Киненова“.  Станува збор за второ издание на полскиот филмски фестивал „Висла“, кој во партнерство со МФФ „Киненова“ до 18 октомври во Скопје ќе ги прикаже и филмовите: „Опасни Господа“ во […]

Османи утре во Украина во својство на претседавач со ОБСЕ, на агендата средби со државниот врв


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ утре повторно ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина, соопштија од МНР, е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. – За ОБСЕ, како најголема регионална […]

Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга се избодени до смрт во нивниот дом


 Познатиот ирански филмски режисер Дариуш Мехрјуи и неговата сопруга биле избодени до смрт од непознати напаѓачи во куќата во која живееле, објавија денеска државните медиуми. Официјалната новинска агенција ИРНА го цитираше официјалниот претставник на иранското правосудство Хосеин Фазели кој рекол дека Мехрјуи и неговата сопруга Вахидех Мохамадифар биле пронајдени мртви со убодни рани во вратот. […]

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија


Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак. – Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата. Сообраќајната несреќа се случила […]

„Белград има 5.000 бездомници, значи е метропола“, вели градоначалникот Шапиќ


  Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, уште еднаш ја шокираше јавноста со изјва која излегува надвор од вообичаените. Тој рече дека дека во Белград имало 5.000 бездомници и тој факт потврдува дека српскиот главен град е вистинска метропола. „Тоа што на улиците на Белград има околу 5.000 бездомници е доказ дека Белград стана европска метропола, […]

Во Појасот Газа загинаа 2.329 Палестинци, а повеќе од 9.000 се повредени


Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека 2.329 Палестинци загинале, а повеќе од 9.000 се повредени во израелските воздушни напади како одговор на нападите на Хамас врз Израел, кои почнаа на 7 октомври. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека убиле околу 1.500 палестински екстремисти кои се инфилтрирале во јужен Израел откако ја пробиле […]

Сирени за можен ракетен напад се огласија во Галилеја


 По мирната ноќ низ Израел, во раните утрински часови се огласија сирените за можен ракетен напад врз градот Галилеја, јавуваат израелските медиуми. Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле сирени за предупредување за ракетен напад во заедницата Сде Елиезер, во пошироката област Галилеја, додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ лансирал проектил откако открил […]