„Белград има 5.000 бездомници, значи е метропола“, вели градоначалникот Шапиќ
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, уште еднаш ја шокираше јавноста со изјва која излегува надвор од вообичаените.
Тој рече дека дека во Белград имало 5.000 бездомници и тој факт потврдува дека српскиот главен град е вистинска метропола.
„Тоа што на улиците на Белград има околу 5.000 бездомници е доказ дека Белград стана европска метропола, бидејќи најбогатите градови имаат проблем со бездомниците“, рече градоначалникот на Белград, пренесува „Нова.рс“
„За жал, ова е потврда дека Белград навистина станува европска метропола, бидејќи не постои град во Европа во кој нема бездомници, дури и градови како Париз, Лондон, Мадрид и Рим. Да не зборуваме за САД, каде на 100 метри од Бел Ер и Беверли Хилс, каде што живеат најбогатите, луѓето претураат низ канти“, додаде Шапиќ.
На 17 декември ќе се одржат предвремени избори за Белград, заедно со републичките и покраинските.