Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“


Утревечер (25 октомври) во Камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи пијано трио “30 прсти“. Во триото свират нашите пијанисти Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Марија Вршкова, од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје […]

За осум месеци Грците потрошиле 22,7 милијарди евра на игри на среќа


На игри на среќа, односно казина, онлајн казина, лотарии и слично, во првите осум месеци од годинава, Грците потрошиле 22,7 милијарди евра, според податоците од Комисијата за надзор и контрола на игрите, кои ги пренесува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот коментира дека драматично се зголемуваат износите што Грците ги обложуваат […]

Пендаровски: Да ги надминеме поделбите и да се обединиме


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба во која вели дека како и пред 130 години, така и сега мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу заедничката цел – демократска и функционална правна држава со еднакви можности за достоинствен живот и напредок […]

Алегри: Имавме играч повеќе, но брзината на Леао може да ја неутрализира оваа предност


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги искажа своите впечатоци по натпреварот од 9. коло на италијанското првенство против Милан (1:0). – Откако се најдовме во мнозинство, не го започнавме најдобро второто полувреме. Во последните минути ни недостасуваше трпение и му дозволивме на Милан да се заканува со контранапад. Да, имавме играч повеќе, но брзината на […]

Македонскиот тутун се бара во светот, но нема кој да го работи


 На прагот на уште една откупна сезона на тутунот, за производителите е пресудно по која цена „ќе натежне вагата“. Тие со откупните претпријатија (во земјава се 10-тина) се во вечна „битка“ за откупните цени, особено сега, во ситуација на инфлација, скапи трошоци на производство и скапа работната рака. Во вакви моментални состојби се отвора прашањето: […]

Валис: Граѓаните под ударот на дезинформации почнуваат да се сомневаат и во веродостојните извори


Дезинформациите и кризите се во меѓузависна врска, а проблемот е што луѓето денес се соочени со толку многу дезинформации, поради што им станува тешко да разграничат на кои извори може да им веруваат, вели во интервју за МИА претседателката на ЕУ Дисинфо Лаб, Диана Валис. Со Валис разговаравме за време на годишната Конференција на ЕУ […]

Њујорк е најпогоден град за бизнис


Њујорк – Њујорк е прв на листата на светски градови најпогодни за бизнис, а седум европски градови се меѓу првите 20 најдобри финансиски центри, според новото рангирање на Индексот на глобалните финансиски центри (GFCI). Во горниот дел од оваа листа доминираат Соединетите Американски Држави, а Лондон и натаму е лидер во Европа и на второ […]

Трпчески и пријателите низ Балканот со „Македонисимо“


По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе […]

Доделување на државната награда „23 Октомври“


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес. За остварување во областа на науката и образованието, наградата ќе им биде врачена на тимот […]

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба


Во Северна Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на […]

Бесплатен паркинг на Денот на македонската револуционерна борба


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, на јавните површини наменети за паркирање (зонско), т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.  Редовна наплата ќе се врши на Зона А0 – Водно, Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, како и […]

Од денеска посебен сообраќаен режим кај наплатната станица Желино


 Од денеска сообраќајот кај наплатната станица Желино ќе се одвива по посебен режим. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека времениот режим на сообраќај на државниот пат А2 – делница Скопје – Тетово е поради реконструкција на постоечката наплатна станица Желино. 

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно


Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 […]

Салман Ружди со порака: Живееме во тешко време за демократијата


Светот не е добар денес, но јас сум оптимист од причина која не можам да ја објаснам, изјави на Франкфуртскиот саем на книгата познатиот писател Салман Ружди, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Британско-индискиот писател денеска на затворањето на Франкуртскиот саем на книгата ќе ја добие Наградата за мир на германските книжарници. Ружди со децении го прогонуваат […]

Германија од декември ја зголемува патарината за камиони


Германија планира да ја прошири наплатата на патарина за товарните возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната, но и на железничката мрежа, јавува германската новинска агенција ДПА. Германскиот парламент во петокот го усвои измените на Законот за патарина, со кои од декември се воведува дополнителна такса за јаглерод […]

Сончево со слаб ветер, температура до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 23 октомври 2023 година, 296-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 79 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 17 часот и 41 минути. Денов трае 10 часа и 45 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Русија загуби 190 илјади луѓе во Украина, без „вагнеровците“


  Руската армија загуби 150-190 илјади луѓе убиени и тешко ранети во војната во Украина, објавува разузнавањето на британското Министерство за одбрана. Вкупниот број на загуби, вклучувајќи ги и ранетите кои можат да се вратат на бојното поле, може да достигне 240-290 илјади луѓе. При пребројувањето, земен е предвид само воениот персонал на редовните единици; […]

Околу 15.000 луѓе протестираа во Париз за Газа, во Берлин за Израел


Илјадници луѓе кои вееја палестински знамиња и извикувајќи „Газа, Париз е со тебе“ се собраа денеска на првите пропалестински протести дозволени од полицијата во француската престолнина, откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври. Околу 15.000 луѓе излегоа на Плоштадот на Републиката, според полициските податоци, за да изразат солидарност со Палестинците и да повикаат на […]

Селаковиќ : Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците


Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска крај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло, јави дописникот на МИА од Белград. Селаковиќ се заблагодари на Владата на Северна Македонија, на градот Куманово, на […]