Алегри: Имавме играч повеќе, но брзината на Леао може да ја неутрализира оваа предност


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги искажа своите впечатоци по натпреварот од 9. коло на италијанското првенство против Милан (1:0).

– Откако се најдовме во мнозинство, не го започнавме најдобро второто полувреме. Во последните минути ни недостасуваше трпение и му дозволивме на Милан да се заканува со контранапад. Да, имавме играч повеќе, но брзината на Рафаел Леао може да ја неутрализира оваа предност. Помина долго време откако го победивме Милан, па можам само да им се заблагодарам на моите играчи, изјави Алегри за „DAZN“.

Милан играч со фудбалер помалку од 40. Минута по црвениот картон на Малик Тиау.

Јувентус е трет во Серија А со 20 бодови. Милан е втор во поредокот со 21 бод, зад лидерот Интер кој има 22 бода.