Радио сигнали стари 8 милијарди години стигнаа до Земјата


  Астрономите открија мистериозна експлозија на радио бранови на кои им биле потребни 8 милијарди години да стигнат до Земјата. Брзиот рафал на радио бранови е еден од најодалечените и најенергичните досега забележани. Брзите радиобранови, или ФРБ, се интензивни долги рафали на радио бранови од милисекунди со непознато потекло. Првиот ФРБ беше откриен во 2007 […]

Израел ги напаѓа и вработените на ОН


Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата. „Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво. „Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, […]

Бајден и папата Франциск разговараа за ситуацијата во Израел и Газа


Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со папата Франциск за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа. „Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа. Претходно, Ватикан […]

Бројот на илегални мигранти во Германија годинава најголем од 2016 година


  Бројот на илегални мигранти во Германија годинава се очекува да биде најголем од мигрантската криза во 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на официјални податоци. Минатиот месец федералната полиција регистрираше 21.366 лица кои илегално влегле во земјата – двојно повеќе од јули, кога бројката беше 10.714. Месечните бројки се највисоки од февруари 2016 година, […]

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот


Машки труп е пронајден утрово во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот. Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје […]

Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа


Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според организаторите на протестот, на него учествувале околу 25.000 лица, додека, според белгиската полиција, на собирот присуствувале 12.000 луѓе.  Протестот започна пред седиштето на […]

Десничарските популисти убедливо водат на парламентарните избори во Швајцарија


Швајцарската народна партија (СВП) води убедливо на денешните парламентарни избори во земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на резултатите од првите прогнози. Тие им даваат прво место на десничарските популисти на СВП со 29 отсто од гласовите. Втора со 17,2 отсто е Социјалдемократската партија на Швајцарија. СВП и Социјалдемократите се првата и втората политичка сила […]

Израелски тенк случајно го погодиl Египет


Тенк на израелските одбранбени сили (ИДФ) случајно погоди египетска позиција во близина на границата, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари. „Позицијата се наоѓа во областа Керем Шалом“ – изјави Хагари. Во Керем Шалом има граничен премин, но во описот на ИДФ не е јасно каде точно погодил тенковскиот проектил. „Инцидентот се истражува и се разгледуваат […]

Владимир Ѓорчев: Да ги набркаме тие што предизвикаа иселување од Македонија


Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ  на денешната трибина  „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ организирана од оваа партија констатираше дека истокот на земјата е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе седум години. „ОСе наоѓаме во седма година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се три […]

Пет навивачи приведени на вчерашното кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ


Вчерашното кошаркарско дерби меѓу МЗТ-Скопје и Работнички во спортската сала „Кале“ во Скопје им создаде полни раце работа на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пет навивачи биле приведени, од кои еден бил малолетник што агресивно се однесувал кон полицајци и физички нападнал еден од нив додека полицаецот извршувал службени дејствија. Четири […]

Физички нападнати тројца полицајци


Агресивно однесување и физички напади на полицајци се регистрирани во три одделни случаи. Како што соопшти МВР, во првиот случај, утрово, во 2:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(60) од Куманово. Тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Во вториот случај, вчера во 1:30 часот во […]

Во Газа се шират сипаници, шуга и дијареа


  Вториот конвој хуманитарна помош пристигна на египетската страна на граничниот премин Рафа, а Обединетите нации соопштија дека поради ужасните санитарни услови во Газа се шират сипаници, шуга и дијареа.   Бројот на загинати во Газа од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел се искачи на 4.651, а повеќе од 14.000 луѓе се повредени, […]

Меџити знае што претставувал Груевски, за Мицкоски – допрва ќе види


ДУИ продолжува со Груевски, a што претставува тој веќе знаеме. Што претставува новото ВМРО, ќе видиме. Ние не се заморуваме со тоа, како ќе одлучат граѓаните Македонци ние не може да влијаеме. Но, можеме да кажеме дека првата точка на која ќе седнеме да разговараме ќе биде европската интеграција, уставните промени, па потоа за другите […]

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра


Агенцијата за конфискација на имот чека согласност од Владата за лицитација на одземените имоти на поранешниот премиер Никола Груевски. Директорот Дритон Небиу во интервју за Радио Слобондна Европа вели дека во државниот буџет ќе се вратат милиони евра, а поранешниот премиер има и други имоти за кои се уште не е направена проценка. „Имаме и […]

Нема гориво ни за 130 предвремено родени бебиња во Газа


 Најмалку 130 предвремено родени бебиња се во „голема опасност“ поради недостиг на гориво во болниците во Појасот Газа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Бебињата се во шест неонатални одделенија, соопшти организацијата Медицинска помош за Палестинците, а лекарите предупредуваат дека се во непосредна опасност доколку горивото наскоро не стигне до болниците. СЗО повика на „итен […]

Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко


Македонскиот текстилен сектор се соочува со намалување на нарачките од странските партнери. Според Ангел Димитров од Организација на работодавачи причината рецисијата на европскиот пазар, а како втор проблем е и заминувањето на странските партнери. Посочува дека дека четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците засега не ги затвараат капацитетите и се снаоѓаат со […]

Лавров утре во Техеран


 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека министрите за надворешни работи на Русија, Турција, Ерменија и Азербејџан биле поканети во Техеран на разговори. Тема на средбата, како што се наведува, се односите меѓу Ерменија и […]

Вториот конвој со хуманитарна помош пристигна на египетската страна на преминот Рафа


Нов, втор конвој хуманитарна помош, со 17 камиони, пристигна денеска на египетската страна на граничниот премин Рафа, соопштија безбедносни и хуманитарни извори. Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет. Тоа беа првите камиони кои влегоа во Појасот Газа откако Израел воведе блокада пред две недели по нападот […]

Завршен е кружниот тек кај Момин Поток


Клучката кај Момин поток и кружниот тек кај Скупи како една од главните рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот е огромен проект кој според својата комплексност е еден од најсложените сообраќајни проекти во Град Скопје.   – Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег завршен е кружниот тек […]

Германскиот министер за одбрана го одложи патувањето на Балканот поради Газа


Поради кризата на Блискиот Исток, германскиот министер за одбрана Борис Писториус го одложи патувањето на Балканот што требаше да започне утре, јави ДПА. Бидејќи не е јасно како ќе се развива ситуацијата во Израел и Газа, Писториус нема да замине на тридневното патување на Балканот, како што првично беше планирано, соопшти денеска Министерството за одбрана. […]