Научници: Користиме чиста енергија, ама од фосилните горива не се откажуваме


 Експертите предвидуваат дека глобалните емисии на јаглерод диоксид, кој ја загрева Земјата, ќе се зголемат за уште еден процент и со тоа ќе достигнат нов максимум во 2023 година. Исто така, се предупредува дека во оваа деценија загадувањето со јаглерод диоксид мора да се намали за речиси 50 проценти за да се постигнат зацртаните светски […]

Аргентинскиот Трамп го загуби првиот круг од претседателските избори


  Ексцентричниот екстремно десничарски популист Хавиер Милеи не успеа да победи во првиот круг од претседателските избори во Аргентина, при што центристичкиот министер за финансии Серхио Маса неочекувано го победи својот радикален предизвикувач. Поддржувачите на Милеи, политички аутсајдер опишан како аргентинска мешавина на Доналд Трамп, Жаир Болсонаро и Борис Џонсон, се надеваа дека тој оди […]

Заплашување и дисциплинирање на тие што бараат мир на Израел со Палестинците


Двајца активисти од едно еврејско-арапско мировно движење неодамна беа приведени во Израел затоа што поставиле плакати со порака што полицијата ја смета за навредлива. Пораката беше: „Евреи и Арапи, заедно ќе го поминеме ова“. На активистите, членови на „Стоиме заедно“, им беа конфискувани постери, како и маици испечатени со пароли за мир на хебрејски и арапски. […]

ЕУ бара да се оданочува богатството на супербогатите, а не приходот


Извештај  финансиран од ЕУ бара да се оданочува богатството на супербогатите, а не приходот. Милијардерите работат на „границата на законитоста“ во користењето на компаниите за да избегнат данок и на 3.000 најбогати поединци во светот треба да им се наплати данок од 2 отсто на нивното богатство, тврди истражувачката група создадена за  даночната политика на […]

Израел ја одложи копнената офанзива


Израел одлучи да ја одложи копнената војна во Газа во очекување на пристигнувањето на дополнителни американски сили во регионот, објави израелското армиско радио. „САД му ја пренесоа на Израел својата намера да распореди дополнителни американски сили на Блискиот исток, подготвени за копнена операција поради загриженоста за ескалација на иранските напади врз нивните сили во регионот“, […]

Евакуирана зградата на германската јавна телевизија


 Неколку згради се евакуирани во германскиот град Мајнц откако полицијата добила дојава за поставена бомба во германската јавна телевизија ЗДФ. Полицијата ја примила пријавата утрово околу 08:20 часот, пишува Билд. Весникот додава дека го пребарува комплексот на ЗДФ со кучиња за откривање експлозиви. 

Пописот во Албанија оди кон неуспех, особено за малцинствата, вели лидерот на грчката партија


  Лидерот на грчката партија за заштита на човековите права, ПБДНЈ и пратеник во албанскиот парламент, Вангел Дуле, во изјава за медиумите изрази резервираност за пописните резултати, пред сè за веродостојноста на податоците за националните малцинства. Дуле нагласи дека за пописот немало ангажирани попишувачи од малцинствата, што условило етничката припадност да ја пишуваат како што […]

Жените во Исланд штрајкуваат првпат по половина век


Десетици илјади жени ширум Исланд, вклучително и премиерката Катрин Јакобсдотир, се очекува утре да престанат со работа во првиот штрајк од ваков вид по речиси половина век. Организаторите се надеваат дека штрајкот на жените ќе го доведе општеството во застој за да го привлече вниманието на тековниот родовиот јаз во платите и раширеното родово и […]

Петар Гошев за празнувањето : Испишуваме години на срамот, место на постигнувања


  Петар Гошев, поренешен пратеник, министер и  гувернер на НБРМ порача дека е време да размислиме што ни значат празнувањата поврзани со македонската држава – дали само благодарност кон сите учесници во разните  револуционерни битки за создавање и развиток на македонската држава, или и доказ дека нивните дела се претвориле во инспирација на генерациите по […]

Турција испраќа нова помош за Појасот Газа


Анкара – Турција испраќа нова помош за Појасот Газа, јавуваат турските медиуми. Помошта главно вклучува лекови и медицински материјали. Тие ќе бидат испратени во Египет со авиони на турските воздухопловни сили, од каде ќе бидат испорачани во Појасот Газа, информира државната телевизија ТРТ-Хабер. Пакетите со помош се подготвени по наредба на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Продолжуваме […]

Рускиот воен буџет за следната година во однос на 2023 година предвидува зголемување од 68 отсто


Британското Министерство за одбрана објави нов дневен извештај за руско-украинската војна во кој тврди дека трошоците на руската влада се повеќе и повеќе се фокусираат на финансирање на агресијата против Украина. „Предложениот буџет на земјата за 2024 година предвидува зголемување од приближно 68 отсто на планираните трошоци за одбрана во споредба со доделените за 2023 […]

Неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип


Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60 000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, […]

Како Нина Бадриќ го сретна специјалниот агентот Гибс од НЦИС во Италија…


Обожавателите на акционата серија „NCIS“ би дале се на светот доколку, како хрватската и регионалната поп-ѕвезда Нина Бадриќ, добијат шанса да го запознаат американскиот актер Марк Хармон. Тие се сретнаа во Остунија, италијански град во регионот Апулија: музичката дива се судри со него во ресторан. „Кога ќе налетам на специјален агент на NCIS, му давам […]

Нетфликс ќе снима серија за американското „кралско семејство“ Кенеди


Кога ќе заврши шестата, последна сезона на „The Crown“, нема да потрае долго за уште еден подеднакво атрактивен проект на Нетфликс базиран на вистински луѓе и настани. Стриминг гигантот подготвува драмска серија за американското „кралско семејство“ Кенеди. Ќе се базира на книгата за Џон Ф. Објавен е пред три години, а првиот дел од планираната […]

Отпадот кај Ѓорче е сериозна закана по здравјето – токсикологот Чибишев со стручен став


При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони. По оваа вест се огласи и […]

Ковачевски: Од Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава


Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ковачевски порачува дека „континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава“.  -На денешниот Ден на македонската револуционерна борба […]

Ѝ кралицата Летисја е фан на Мерил Стрип


Овиедо- Секоја година, Princess Asturias Award им дава признание на значајни личности од хуманитарните науки и јавните ангажмани. Именувани по принцезата од Астурија – титулата наследник на шпанскиот трон, која моментално е принцезата Леонор – наградите се главен настан во годишниот календар на шпанското кралско семејство. Оваа година, меѓу наградените не беше никој друг туку […]

Гори под Солунска Глава


Над селото Белица под Солунска Глава во Општина Македонски брод има активен пожар на висок и на непристапен терен. Гори ретка борова шума, сува трева и грмушки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на пожарот, како што велат од ЦУК, интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна […]

Денеска ќе биде погребан Никола Матлиески – Пашата, поранешниот градоначалник на Охрид


На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник, Никола Матлиески – Пашата. Матлиески кој почина во саботата на 89 години, го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. Тој беше и успешен стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и […]

Македонска музика со пијанистот Дино Имери ќе прозвучи во Лондон


Македонскиот пијанист Дино Имери, на 25 октомври (среда), ќе настапи во еден од најважните културни центри во светот – Лондон, каде во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music) ќе одржи концерт со мошне интересна програма. Дино Имери ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин. Ќе […]