Уапсен малолетен крадец од скопско, украдените работи ги продал


Вчера, во 14.30 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20.08.2023 во с.Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице. По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот […]

Децата, војниците и полицајците се дружеа во Градскиот парк во Скопје (Галерија)


  По повод 8 Септември – Денот на независноста во Градскиот парк во Скопје се одржуваат  тактично показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Има и културно-уметничка програма, во рамки на која учествува воениот оркестар […]

Голема спасувачка операција во Турција – Американец заглавен во пештера


Голема спасувачка операција е започната во Турција откако Американец остана заробен во третиот најдлабок пештерски комплекс во земјата. Околу 150 луѓе учествуваат во спасувањето на Марко Дики (40) откако во саботата се зароби во пештерата Морча, меѓу нив има и спасувачи од Хрватска и други земји. Дики беше соводач на тимот кој мапираше нов премин […]

Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик


Во знак на револт за измените на Кривичниот законик, портпаролот на Левица го запали Кривичниот закон. „Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко […]

Србија преку Канада до финалето на Мундобаскетот


Кошаркарската репрезентација на Србија избори пласман во финалето на МундоБаскетот. Србија во првото полуфинале ја победи Канада со 95:86 (23:15, 29:24, 23:24, 20:23). Српските репрезентативци ѝ понудија на публиката уште едно блескаво шоу на тимска кошарка и заслужено го совладаа канадскиот тим составен од бројни НБА ѕвезди. Секој српски играч даде значаен придонес во победата. […]

Иницијатива за училишни градини во четири прилепски училишта


Четири прилепски училишта се дел од проектот „училишни градини“ кои ќе ги подобрат знаењата, но и ќе ги поврзат сите предмети и сознанија во наставниот процес во основното образование. Концептот во земјава е од пред десет години, некои училишта веќе имаат позитивни искуства. Придобивките од здравата храна, се големи. – Во Прилеп имаме четири училишта […]

Киев: Русија организира лажни избори на окупираните украински територии


Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги осуди „лажните избори“ организирани од Русија на окупираните украински територии, истакнувајќи оти овие избори грубо го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и меѓународното право. Русија одржува регионални избори, вклучително и во четири украински региони кои не ги контролира целосно – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. […]

ОЈО: Го киднапирале внукот на Љубе Бошкоски за да го плати украдениот хероин


Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица, за грабнување и помагање при грабнување на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода. Првообвинетиот на 3 март годинава, […]

Вашиот автомобил сака да знае за вашиот сексуален живот


Производителите на автомобили собираат многу податоци за возачите и патниците – некои дури и ја следат сексуалната активност на возачите – според новиот извештај. Во прегледот на 25 автомобилски марки и 15 автомобилски компании објавени од Mozilla Foundation во средата, истражувачите открија дека јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ може да продава информации за сексуалната активност […]

8 септември во историјата – Њу Амстердам стана Њујорк


  Холандскиот гувернер Петер Стујвесант го предава Њу Амстердам, главниот град на Нова Холандија, на англиската поморска ескадрила под полковник Ричард Николс. Стујвесант се надеваше дека ќе им се спротивстави на Англичаните, но тој беше непопуларен владетел, а неговите холандски поданици одбија да му дадат поддршка. По неговото заземање, името на Њу Амстердам беше променето […]

Со украинско дипломатско возило удрил мотоциклист во Скопје


На 07.09.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Рилски Конгрес“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(54) од Скопје и патничко возило „бмв“ со дипломатски регистарски таблички, управувано И.И.(51) од Р. Украина. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники […]

Руска ракета ја погоди зградата на полицијата во Криви Рих, еден загинат многу повредени


  Руски проектил погоди полициска зграда во централниот украински град Криви Рих во петокот, при што загина еден полицаец, а многу други беа повредени, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко, пренесе Ројтерс. Уништена е административната зграда на полицијата, а спасувачите извлекле неколку луѓе од урнатините по нападот на родниот град на претседателот Володимир Зеленски, […]

Бугарија ги опремува бродовите во Црното Море со проектили


Брисел – Бугарија започна да ги опремува бродовите на своите поморски сили со проектили, со цел „никој да не се осмели да се приближи до црноморските градови“ во земјата, најави на Фејсбук бугарскиот премиер Николај Денков.  Одговарајќи на прашања на граѓаните на својот профил на Фејсбук, Денков нагласи дека државата мора да ги развие своите […]

Намален бројот на самоубиства во ЕУ – мажите тројно по суицидни од жените


Брисел – Во земјите членки на ЕУ во 2020 година се регистрирани вкупно 47.252 самоубиства, што претставува намалување за 13,5 отсто во споредба со 2011 година, кога имало 54.623 случаи на самоубиства, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат по повод Светскиот ден за превенција од самоубиства – 10 септември.  Податоците покажуваат и дека, како и […]

Ковачевски најави ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство


Овој месец ќе биде потпишана спогодбата меѓу Министерството за здравство и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство кое е второ по ред оваа година, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Владата, потсети премиерот, досега повеќекратно ги зголеми платите на медицинскиот персонал и на немедицинскиот персонал во здравството […]

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување


Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување. Не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и од комунистички режим, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.   Тој тврди дека немало „пазар“ околу донесувањето на измените кои, како што нагласи, минале низ јавна парламентарна дискусија која можел да […]

Известувачот на ЕП Илхан Ќучук ни го честита 8 Септември


  Патот на Северна Македонија кон независноста не беше само борба за политичка автономија, тој беше доказ за трајната моќ на единството, вели европратеникот од  групата Обнови ја Европа Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на ЕП за напредокот на Северна Македонија, со видео порака по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. […]

Милевски: Нема резултатски притисок, оваа Италија е поинаква од таа во Палермо


Македонската најискусна фудбалска репрезентација ќе се судри со Италија во натпревар од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Веројатно повеќе без резултатски притисок, по два јунски порази, нашите фудбалери ќе одат на мегдан со европскиот првак.  На прес-конференцијата во Скопје пред натпреварот со „аѕурите“, стандардно се обрати предводникот на […]

Две години од трагичниот пожар во модуларната тетовска болница, во кој животите ги загубија 14 лица


Денес се навршуваат две години од пожарот во модуларната болница во Тетово кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Починатите се претежно пациенти, кои беа на болничко лекување поради Ковид -19 во таа модуларна болница, а двајца се членови на семејствата на болните. Две години подоцна заврши првостепенот судски процес, а […]

Џулија Фокс го стаписа слободоумниот Њујорк- еве што облече за Модната недела


Њујорк- Џулија Фокс, стилската икона позната по поместувањето на границите со својот моден избор, даде храбра модна изјава во вторникот вечерта за време на Модната недела во Њујорк. Фокс присуствуваше на шоуто на Naomi Campbell x Pretty Little Thing и беше далеку од единствената ѕвезда што ја прегледа првата соработка на Кембел со модниот трговец […]