Децата, војниците и полицајците се дружеа во Градскиот парк во Скопје (Галерија)
По повод 8 Септември – Денот на независноста во Градскиот парк во Скопје се одржуваат тактично показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, како и серија на спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Има и културно-уметничка програма, во рамки на која учествува воениот оркестар на Армијата , културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче“, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“.





