Голема спасувачка операција во Турција – Американец заглавен во пештера


Голема спасувачка операција е започната во Турција откако Американец остана заробен во третиот најдлабок пештерски комплекс во земјата.

Околу 150 луѓе учествуваат во спасувањето на Марко Дики (40) откако во саботата се зароби во пештерата Морча, меѓу нив има и спасувачи од Хрватска и други земји.

Дики беше соводач на тимот кој мапираше нов премин во пештерата кога доживеа крварење во неговиот дигестивен тракт.

Турската спелеолошка федерација соопшти дека операцијата за спасување била многу сложена бидејќи тој бил заглавен на длабочина од 1.120 метри (3.675 стапки).

„Операцијата логистички и технички е една од најголемите спелеолошки спасувања во светот“, велат тие, додавајќи дека е започната долга и напорна спасувачка операција за да се извади Марк на носилки.