Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ


Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ.  Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер […]

Ден без автомобили во Брисел


Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, денеска во Брисел се организира манифестацијата „Ден без автомобили“, при што во целиот град ќе биде забрането движење на возила, со цел да им се даде простор на локалните жители и туристите „да го откријат задоволството на пешачењето, возењето […]

Повеќе од 140 светски лидери доаѓаат идната недела во Њујорк, Зеленски го зазема централното место


Повеќе од 140 светски лидери ќе се упатат во Обединетите нации следната недела во време на голем број кризи, а главната улога на украинскиот лидер може да ја истакне растечката глобална фрагментација. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се обрати пред Генералното собрание на ОН практично пред една година, ќе им се придружи на светските лидери, […]

Еуфорија во Чешка поради најголемото наоѓалиште на литиум во Европа


Во Чешка се пронајдени огромни наоѓалишта на литиум. Владата во Прага смета дека „белото злато“ треба да ја подобри чешката економија и да придонесе за развојот на регионот Устец. Но, не сите се ентузијасти за плановите. Веднаш до градот Циновец во германско-чешката граница се наоѓа вистинско богатство. Во близина на тоа место се наоѓаат околу […]

Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан


 Во Скопје вечер ќе биде отворено 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан на кој ќе биде претставено делото на еминентните автори од регионот. На отворањето во Даут пашин амам ќе присуствуваат писателите Драго Јанчар, Ренато Баретиќ, Даница Вукиќевиќ, Слободан Шијан, Владимир Левчев, Тарик Туфан и Снежана Младеновска-Анѓелков.  Со гостите писатели ќе разговараат Александар […]

НАТО: Поголемите издвојувања на земјите членки за одбрана не значи автоматски поголема безбедност


Висок воен претставник на НАТО синоќа предупреди дека драстичното зголемување на цените на оружјето значи дека повисоките трошоци за одбрана на сојузниците не се претвораат автоматски во поголема безбедност и повика на повеќе приватни инвестиции во одбранбените компании. „Цените за опремата и муницијата растат. Во моментов, ние плаќаме се повеќе и повеќе за истото“, нагласи […]

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“


 На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот е да се подигне јавната свест за чување миленик, љубовта […]

СИРИЗА избира претседател на партијата


Меѓу тројца поранешни министри од СИРИЗА и еден од ПАСОК и бизнисмен кој живее во САД, членовите на најголемата грчка опозициска партија денеска одбираат нов лидер, по оставката на Алексис Ципрас на крајот на јуни, јави дописничката на МИА од Атина. За претседател на СИРИЗА кандидирани се поранешните министри и актуелни пратеници Ефи Ахциоглу, Ефклидис […]

Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје


 Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и […]

Полска по втор пат во историјата стана европски првак во одбојка


 Репрезентацијата на Полска синоќа во Рим ја победи Италија во финалето на Европското одбојкарско првенство со резултат 3:0 (25:20, 25:21, 25:23). За Полска ова е втора титула на континенталните првенства. Во 2009 година Полјаците во финалето ја победија Франција.  Во мечот за третото место селекцијата на Словенија беше поуспешна од Франција со 3:2 (25:22, 25:16, […]

Променливо облачно со локален пороен дожд


– Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17,  а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје […]

Шпанската полиција заплени 2,3 тони кокаин на „Балкански картел“


Шпанската полиција, во соработка со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА), заплени 2.300 килограми кокаин скриен во рибарски брод во близина на северозападниот град Вида и уапси пет лица, соопшти шпанската полиција. Според полицијата, дрогата припаѓала на „Балкански картел“. Полицијата соопшти дека го пресретнала рибарскиот брод на околу 40 наутички милји од пристаништето Виго […]

Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина петгодишно девојче


Рим  –  Италијански воен авион се урна за време на вежби во близина на Торино, при што падна врз автомобил и усмрти петгодишно девојче, додека пилотот преживеа, јавија денеска италијанските медиуми. Деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се со тешки повреди. Сите повредени имаат изгореници од различен степен […]

„Илинденка“, првото летало на македонската авијација, изложено во Стенковец


Првото летало на македонската авијација –  „Илинденка“  е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец, каде се одржа свеченост со голем аеромитинг по повод 100 години македонска авијација.    Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското […]

Спектакл на небото над Стенковец (галерија)


Со акробатско летање со авиони и едрилици, прелети во група и низок прелет на патнички авион, падобранци со најголемото државно знаме од воздух, и со изложување на првото летало на македонската авијација, Аероклубот Скопје денеска со свечен настан одбележа „100 години македонска авијација“. Беше уживање да се биде дел од овој спектакл на небото над […]

Вечно ќе му бидам лојален на „Диор“, вели Џони Деп


Париз– Џони Деп вели дека секогаш ќе и биде благодарен на француската модна куќа Диор што застана покрај него во текот на неговите правни проблеми со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. „Тие останаа со мене во секоја секунда, а тоа многу ми го зголемува влогот: ми веруваа, веруваа во мене и продолжија“, изјави Деп за […]

Реал има најголем приход од реклами на дресовите


Мадрид- Реал Мадрид добива најмногу приходи меѓу фудбалските клубови од рекламирање на нивните дресови. „Кралскиот клуб“ е на врвот на листата со спонзорски договори кои му носат 190 милиони евра по сезона.   На списокот е Челзи, кој ја започна сезоната без спонзор. Клубот преговара со „Infinite Athlete“ и „Riyadh Air“, зделката се проценува на […]

Биљана Ангелова ја презеде должноста ректор на УКИМ


Професорката од Економскиот институт Биљана Ангелова и официјална е новата ректорка на Универзитетот Св.Кирил и Методиј (УКИМ), откако вчера на пригодна свеченост ѝ беше предадена должноста ректор. Досегашниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски, рече дека новата ректорка во два мандата му била прв соработник, проектор за финансии, па оттаму и ги познава проблемите и сите […]

Опозицијата на два пати преку посредници барала од Пендаровски помилување за одредени политичари


Претседателот Стево Пендаровски, соопшти дека оваа година, на два наврати опозицијата преку посредници му упатила „предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи закон за амнестија на актуелни или поранешни политичари“. „Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како […]

Почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија


По краткотрајно боледување денеска во утринските часови почина  проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво, на Македонската психијатриска асоцијација, информираат од Универзитетската клиника за психијатрија. Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград. Во Cкoпje завршува средно училиште (1957) и Медицински факултет […]