Шпанската полиција заплени 2,3 тони кокаин на „Балкански картел“


Шпанската полиција, во соработка со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА), заплени 2.300 килограми кокаин скриен во рибарски брод во близина на северозападниот град Вида и уапси пет лица, соопшти шпанската полиција.
Според полицијата, дрогата припаѓала на „Балкански картел“.

Полицијата соопшти дека го пресретнала рибарскиот брод на околу 40 наутички милји од пристаништето Виго и уапсила четири лица на него, додека петтото лице кое го следело товарот побегнало во Мадрид, каде подоцна бил уапсен.

Во рамките на истата акција, полицијата извршила рација во два стана во Коруња, каде запленила луксузен автомобил и околу 200.000 евра.