Фестивалот „Милк и блуз“, со нов концепт, ќе трае четири недели од 3 до 26 октомври


MILK&BLUES е фестивал на смеата, уметноста и музиката. Фестивалот има нов и креативен формат и во прва линија има за цел да понуди програма како за најмладата така и за посериозната публика. Фестивалот особен акцент става на креативноста, оригиналноста и автентичноста. Ги стимулира изведувачите кои ствараат оргигинални и авторски дела кои се надеваме ќе останат […]

Полска и германската ЦДУ против реформите за проширувањето на ЕУ


  Членовите на германската коалициска влада ги поддржуваат експертските препораки за проширување на ЕУ поради предупредувањата за геополитички ризици од одложување на приемот на нови членки. Но, противењето на Полска на реформите во ЕУ, кои Берлин и Париз ги сметаат за суштински за процесот, може да стави пречки на патот, оценуваат експертите. Експертската комисија, со […]

Учебниците за трето поделени, за шесто при крај, МОН утре со детални информации


 Учебниците за трето одделение се завршени и доставени до сите основни училишта. За шесто одделение се одобрени учебниците по македонски јазик, албански јазик, природни науки, кои се на графичко-техничка обработка и печатење. Одобрен е и учебникот по математика, но ќе треба да поминат пет дена за жалбена постапка, соопшти денеска министерот за образование и наука […]

„Убиениот“ командат на Црноморската флота се појави на состанок на генералите


  На состанокот на одборот на руското Министерство за одбрана учествуваше командантот на руската Црноморска флота, адмирал Виктор Соколов. Ова произлегува од фотографиите и видеата дистрибуирани од руското Министерство за одбрана на 26 септември. Во исто време, прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков не ги коментираше извештаите за можна смрт на Соколов, упатувајќи го тоа прашање […]

ТИКА донира сензорна соба за училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец


Од денеска учениците со образовни потешкотии во ООУ „Киро Глигоров“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Станува збор за донација на сензорна туба (со меурниња) која менува бои, сензорни влакна, пректор со диск, сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, базен со топчиња, лулашка, […]

Се снима документарната серија „Бекамови“


 Можеби една од најпознатите двојки од јавната сцена – Викторија и Дејвид Бекам работат на документарната серија „Бекамови“ на Нетфликс, што ќе понуди познати и непознати подобности од нивниот живот. Викторија, по тој повод, раскажува како се запознале… Викторија и Дејвид Бекам првпат се сретнале далечната 1997 година, а познатата дизајнерка и поранешна „спајсица“ не […]

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија


 Политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на ЛГБТИ заедницата би можеле да помогнат во градењето на поправедни и рамноправни општества и корист да имаат економиите на Северна Македонија и Србија, се оценува во најновиот извештај на Светска банка. Според Светска банка, годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек […]

 Фејо како Дон Кихот, започна поход до премиерската фотелја што е осуден на пропаст


Повеќе од 400 години откако Мигел де Сервантес го создаде ликот на Дон Кихот, Алберто Нуњез Фејо е подготвен да редефинира што значи да се биде Шпанец во невозможна потрага. Во вторник, Фејо, лидер на Народната партија на Шпанија, ќе започне дводневна дебата во парламентот, тврдејќи дека тој треба да биде следниот премиер на земјата. […]

Сите нови европски модели на „Нисан“ ќе бидат целосно електрични


– Автопроизводителот „Нисан мотор ко“ објави дека сите негови нови модели за пазарот на Европа ќе бидат целосно електрични и оти во иднина се планираат само електрични возила (ЕВ) на „Стариот Континент“ до 2030 година. Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека еден од двата нови модели на електромобили што веќе ги потврди за Западот ќе биде […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ребалансот – се крати од зелениот фонд, одбраната, градинките…


 ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за која денеска почнува расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Ова денеска го изјави Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во прес-салата на Собранието.  – Формално ова не е ребаланс иако […]

Вирусот на намалување на цените се шири низ регионот, но не ја намалува инфлацијата


  Вирусот на намалување на цените што го зафати регионот започна од Црна Гора, пред 20 дена пристигна во Србија, а потоа ја зафати Хрватска, се прошири во Република Српска, а од минатата недела и во Македонија. Сè се прави со намера да им се помогне на граѓаните да го надминат поскапувањето на храната, но […]

Нехамер: Нема да има брза процедура за влез на Украина во ЕУ


 Австрискиот канцелар Карл Нехамер отворено го отфрли брзиот пристап на Украина во Европската унија, но го поддржа влезот на земјите од Западен Балкан во блокот, наведувајќи го влијанието на Кина, која, како што рече, развива се посилно присуство во регионот. Нема да има „брза процедура“ за влез во ЕУ за земји како Украина, рече Нехамер […]

Германија ја налути Полска, сака да ја врати граничната контрола


БЕРЛИН – Германската влада размислува дали да воведе проверки на границата со Полска со цел да го запре приливот на баратели на азил, но тензичните односи меѓу двете земји – и сега отворениот дипломатски спор – може да ги комплицираат тие планови. Владата на канцеларот Олаф Шолц е под засилен притисок да го спречи зголеменото […]

Додека се обновува патот Битола-Меџитлија стана опасен за движење


  БИТОЛА – Рехабилитацијата на патот Битола-граничен премин Меџитлија уште не завршена однесе една жртва во последните две недели, а брои уште неколку сообраќајки. Обновата на патот која битолчани ја чекаа речиси четири децении, сега се споменува по трагични вести и сообраќајки (четири во последниве две недели), па битолчани на социјалните мрежи предупредуваат на опасностите […]

И „Мудис“ најави намалување на кредитниот рејтинг на САД


  Потенцијалното „исклучување“ на американската влада би му наштетило на кредитниот рејтинг на САД, предупреди рејтинг агенцијата „Мудис“. Предупредувањето дојде еден месец откако „Фич“ го намали рејтингот на САД за еден степен поради кризата за усогласување на плафонот на долгот. Доколку Конгресот не обезбеди средства за фискалната година која започнува на 1 октомври, односно доколку […]

Хаос поради нацистот на кого му аплаудираше Зеленски: Oставка за претседателот на парламентот на Канада


Претседателот на Долниот дом на канадскиот парламент, Ентони Рота, мора да поднесе оставка поради скандалот со почестувањето на поранешен припадник на СС дивизијата, велат од Варшава.   Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Аркадиуш Муларчик, во интервју за агенцијата ПАП, изјави дека настанот е многу компромитирачки за претседателот на Долниот дом на Парламентот, како и […]

Поради судир прекин на сообраќајот за товарни возила на патот Гостивар-Кичево


АМСМ известува дека денеска на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа. – На 26.09.2023 година од 10.25 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на „Панорама“, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни моторни возила, велат од АМСМ.

Холандија изразила загрижена за измените на Кривичниот законик


Покрај реакцијата на Европската комисија за неодамнешните контроверзни измени на Кривичниот законик, Холандија и билатерално реагирала до Владата и изразила загриженост за посочените законски измени, потврди вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.   „Имав контакт со холандскиот амбасадор и со претставници од Хаг. Изразија загриженост и рекоа дека натаму ќе ја следат ситуацијата. Ништо повеќе […]

На Германија ѝ недостасуваат десетици илјади келнери и готвачи – ресторан нуди 11.000 евра плата


Дури 11.000 евра месечно би можел да заработи готвач или келнер кој ќе се вработи во ресторан во Содерсторф (Долна Саксонија) во Германија. Ова е платата што ја нуди ресторанот од споменатото место. Според Der Spiegel, ресторанот очајно се обидува да го пронајде персоналот што му недостасува. Ретко која друга индустрија во Германија претрпе толку […]

Џафери за УСБ на Николоски: Ќе измислува се и сешто за да избега од актуелната тема


Претседателот на Собранието Талат Џафери добил УСБ и документи со измени на Кривичниот законик, но не од поранешниот премиер Никола Груевски туку од предлагачот на законските измени, односно Владата. Џафери на редовниот брифинг со новинарите повтори дека нема зошто тој и Собранието како институција да добиваат документи од екс премиер. -Овие изјави се нечија дневно-политичка […]