Најмногу прекршени работнички права во делот на неисплатени плати и додатоци


Најмногу прекршени работнички права се евидентирани во делот на неисплатени плати и додатоци на плати. Но, во последно време има раст и на претставките што се однесуваат на вознемирување на работното место. Во текот на изминатиот шестмесечен период, извршени биле околу 10.886 инспекциски надзори, од кои 1.555 се по претставки, иницијативи на работниците. Овие податоци […]

Меџити: Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните туку криминалот


Изет Меџити, претседател на Демократското движење денеска изјави дека Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните или на ЕУ интеграциите, туку е амнестија на криминалот што е направен во тоа време и сегашно време. -Тоа што не успејаа целосно да ја завршат работава, во однос на Груевски и другите да ги затворат делата, […]

Македонија 2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго


Над 400 гости, Македонци од дијаспората, пријатели и поддржувачи на развојот на македонската демократија од Соединетите Американски Држави (САД) и Канада беа дел од гала вечерата што се одржа во Чикаго под мотото „Патот до просперитетот“. Гала вечерата во организација на Македонија 2025 имаше донаторски карактер, а беа собрани 1,3 милиони долари кои ќе се […]

Меџити открива: Ќе се основаат три казино компании, зад сите нив стои потписот на Артан Груби


Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити денеска соопшти дека на 11 септември државата објавила одлука и јавен повик за основање нови три казино компании. Според него, овие казино компании, кои ќе бидат во доминантна државна сопственост, ќе овозможат коцкање на интернет, на телефони, таблети и домашни комјутери. -Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од […]

И за Ковачевски е „малверзација, манипулација и шпекулација“ тврдењето на Николоски околу фамозното УСБ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска го означи како малверзација споменувањето на Владата во контекст на тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, дека имало тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери и уште едно лице во врска со измените на Кривичниот законик. -Прво, јас […]

Бесими: Со прераспределба на Буџетoт се обезбедуваат средства за исплата на повисоки плати и пензии, за поддршка на компаните и за антиркизни мерки


  Одлуката за прераспределба на Буџетот за 2023 година со која се обезбедуваат средства за исплата на повисоки плати на вработените во јавниот сектор за 10 проценти, повисоки пензии за пензионерите, исплата на К-15 во износ од 10.000 денари, повеќе средства за социјална помош и поддршка на ранливите категории, субвенции за земјоделците, а исто така […]

Предлог законот за амнестија ќе биде проследен до Собрание, најави Ковачевски


Предлог законот за амнестија е спроведена постапка  и за неа министерот за правда Кренар Лога во наредните два дена ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите, а во меѓувреме тој ќе биде проследен до Собрание, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, односно 48 […]

Пеева: Одговорноста на институциите треба да се истражи за вчерашното убиство на 46-годишната жена во Кочани


 Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство. Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно […]

Поевтинуваат и безалкохолните пијалаци, водата во шишиња и пивото


Од утре во маркетите по поевтини цени ќе можат да се купат и безалкохолните пијалаци, газираните и негазираната вода и пивото. Дополнително намалување ќе има и кај овошјето и зеленчукот поради намалување на трговските маржи. Вакви одлуки донесе Владата на денешната седница, за што на прес конференција информираше премиерот Димитар Ковачевски кој нагласи дека тие […]

Конференција за високо образование: Да го вратиме тоа што го имавме во Југославија


Ни недостига негување на културата на квалитет во високото образование, а она што го имаше во сите земји од пораншена Југославија, додека беа заедни, треба  повторно да се воспостави –  одговорност на секој поединец кој работи во високото образование – секој наставник и секој студент, етички и професионално да се однесува, а самото тоа понатаму […]

Одреден притвор за мажот кој на свиреп начин уби жена во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож […]

Кавадаречкиот Совет донесе одлука за основање Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство


Советот на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство, стационар ,,Шепа”, со седиште во овој град.  – Советите на општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Демир Капија, Чашка, Градско, Лозово и Росоман, основаат заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни […]

Светска банка предвидува крај на инфлацијата


Глобалниот пазар на жито треба наскоро целосно да закрепне поради рекордното производство на пченица, пченка и ориз. Според најновиот извештај на Светска банка, таквиот развој на настаните конечно ќе го стабилизира глобалниот синџир на производство и продажба на храна, објави хрватски Јутарњи лист. Ако се знае дека растот на цените на прехранбените производи беше еден […]

Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Вестминстер


 Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“. На тројцата мажи и две жени – сите Бугари – им беше одреден притвор во судот на Вестминстер. Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин […]

Холандија ќе истражува начини за намалување на разликите на цените на намирниците во ЕУ


Холандија ќе покрене истражување чија цел ќе биде да се најде механизам за намалување на разликите во цените на основните намирници во ЕУ и да се обезбеди „фер“ европски пазар, најави холандската министерка за економија Мики Адријансенс. – Секогаш ќе има одредени разлики во цените, но сакаме фер пазар. Во Европа имаме голем единствен пазар […]

Протераните руски дипломати се мешале во стратегиските интереси на Македонија


Тројцата руски дипломати, кои на 12 септември беа протерани од земјава, работеле спротивно на дипломатските правила на државата и се обиделе да се вмешаат малку повеќе во стратегиските и националните интереси на Северна Македонија. Ова на денешната прес-конференција со својот словенечки колега Марјан Шарец го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска откако беше прашана дали […]

Обраќање на претседателот на ССМ и директорката на ДИТ (во живо)


Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска ќе се обратат на завршната конференција за користење на новите дигитални алатки на ССМ преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците  преку новата […]

(Видео) Како Џејми Оливер меси леб? Совршен рецепт за почетници, тестото воздушно и меко како душа


Не ви се потребни големи кулинарски вештини за да направите совршено воздушест и мек леб, а овој рецепт од Џејми Оливер е одличен. Дали некогаш сте се обиделе да замесите домашен леб, но на крајот ви изгледало како напорна и напорна работа? Џејми Оливер има фантастичен рецепт за домашен леб, кој вклучува само неколку состојки […]

Ова се најбарани професии во Европската унија


  Последните податоци покажуваат дека на ниво на Европска Унија во вториот квартал има намалување на понудата на работни места, но затоа има и зголемување на вработеноста. Но, проблем е фактот што се зголемува процентот на слободни работни места и што работодавачите не можат да најдат работници. Овој процент се зголемува од 2020 година, кога […]