Фестивалот „Милк и блуз“, со нов концепт, ќе трае четири недели од 3 до 26 октомври
MILK&BLUES е фестивал на смеата, уметноста и музиката. Фестивалот има нов и креативен формат и во прва линија има за цел да понуди програма како за најмладата така и за посериозната публика. Фестивалот особен акцент става на креативноста, оригиналноста и автентичноста. Ги стимулира изведувачите кои ствараат оргигинални и авторски
дела кои се надеваме ќе останат дел од македонското културно наследство.
Фестивалот ќе трае четири недели 3 – 26 октомври) и ќе соддржи :
– Четири концерти на реномирани македонски изведувачи.
– Четири детски претстави за најмладите
– Четири комедии/Stand Up на реномирани македонски актери
– Две изложби на талентирани македонски ликовни ументици
На фестивалот ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Ласт Експедишн, Владимир Четкар, Игор Џамбазов и Гуру Харе. Како стенд ап комичари се јавуваат Весна Бејби Петрушевска, Марјан Ѓорѓиевски, Тони Михајловски, а ќе биде прикажана и комедијата „Торонто експрес“, во режија на Зоран Спасов – Зоф.
Фестивалот е збогатен и со детска претстава и работилница, како и музика за деца и малдинци, а дополнително нуди и изложба.