Руско МО: Соборени три украински дронови над регионот Калуга, во близина на Москва


Руската противвоздушна одбрана рано утринава пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. „Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, јави министерството на каналот Телеграм. Си-ен-ен јавува дека во последните неколку месеци има се повеќе украински […]

Почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир


На ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга денес почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир. Турнирот ќе го отворат, домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач Вардар, а силите ќе ги одмерат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Љубителите на ракометот утре ќе може да ги погледнат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и […]

Русите со дронови го гаѓале Измаил, клучното пристаниште на Дунав за извоз на украинско жито


Украинското воено воздухопловство денеска соопшти дека руските сили лансирале голема група дронови кон украинското пристаниште Измаил, на Дунав, во близина на границата со Романија, што е клучно за извозот на жито. Британските медиуми пренесуваат дека на социјалните мрежи е објавено дека стрелбата на системот за противвоздушна одбрана се слушнал во областа во близина на овој […]

Бајден: Ќе отпатувам на Хаваите што е можно поскоро


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно поскоро“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, јавува денеска Би-би-си. Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“. […]

Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест


 Не секој крлеж е заразен, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава. Во првиот случај, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која се лекува на Инфективна клиника и сега е во стабилна состојба. Третиот случај кај […]

Технолошки камп за справување со дезинформации преку образованието


Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од денеска до 19 август во ќе се одржи Технолошки камп (TechCamp) за справување со дезинформации преку образованието наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика. На технолошкиот камп […]

Изложба во Охрид од глобалниот конкурс „Вода=живот“


Изложба на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија вечер ќе биде отворена во просториите на Касарна Хаб Охрид. Изложбата, која е дел од програмата за одбележување на триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Холандија, ќе ја отворат амбасадорот Дирк Јан Коп и […]

Зеленски ѝ се заблагодари на Македонија за поддршката


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина. „Благодарен сум ѝ на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори […]

Сончево и топло до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер […]

Два хеликоптери на МВР учествуваа во локализирање на пожарот во Кочанско со исфрлени 56 тони вода


Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска со два хеликоптера, Ми-171 и Бел 412, активно работеше на локализирање на пожарот во реонот на Кочани, поточно во близина на селата Соколарци, Врбјани и Жиганци, во кој беше зафатена површина од околу 2.500 хектари, претежно нискостеблеста шума и ливади, во понискиот дел од теренот, а постоеше опасност […]

„Украина не тргува со територии“: Киев остро ги отфрли коментарите на висок службeник на НАТО


  Украинските власти ги критикуваат коментарите на Стијан Јенсен, шеф на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, кој во објавените забелешки рече дека отстапувањето на територија на Русија може да биде начин Киев да постигне мир и да се приклучи на воената алијанса. „Тргување територија за чадор на НАТО? Тоа е смешно. Тоа значи намерно […]

Не одете во Европа, таму е страшно и нездраво: порака до сограѓаните од шефот на руската ЦИА


  Модерна Европа не може да биде привлечна за „здрав човек“, изјави директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин на конференцијата во Москва за меѓународна безбедност. „За духовно и физички здрава личност, всушност е непријатно, а понекогаш дури и страшно, да се дојде во Европа – толку многу различни видови на перверзии се размножија […]

Забранета водата за пиење во Струга поради дефект на водоводната мрежа


Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е забранета за конзумирање поради дефект на водоводната мрежа, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Работните тимови на претпријатието, според информацијата, се на терен е работат на надминување на проблемот. – Ги замолуваме сите граѓани да не ја користат водата за пиење до следното известување, порачуваат […]

Петличковски: При каснување од крлеж што побрзо да се побара медицинска помош


Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на „Сител“, претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. – Последната сериозна епидемија со конго-кримска хеморагична треска, се случила во 1971 година. Значи, многу одамна. Изминатите […]

Линеарното зголемување на пензиите нема економска логика, вели даночниот експерт Павле Гацов


  Пензијата не е социјална, туку економска категорија, па барањето за нејзино линеарно зголемување нема економска логика, вели даночниот експерт Павле Гацов. Во разговор за „Локално“ за да ислустрира неоправданоста на ваквото барање на пензионерите, поставува контра прашање за правото на осигурениците од Вториот пензиски столб. „Дали има логично оправдување осигурениците во приватните пензиски фондови […]

Битола „гори“ во политички караници


  БИТОЛА – Од февруари годинава па наваму, граѓаните на Битола се како заложници на караниците на првите луѓе на локалната власт, на „труењето“ со две „вистини“. Обвинувањата кој работи и не работи и колку се работи законски ја прели чашата, а првиот човек на Советот, Габриела Илиевска, и првиот човек на општината, Тони Коњановски, […]

Функционер на НАТО: Украина ќе се приклучи на Алијансата ако отстапи територија на Русија


  Шефот на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Стијан Јенсен, изјави дека Украина може да стане членка на НАТО во замена за отстапување на територија на Русија, што исто така ќе донесе крај на војната. Говорејќи на панелот во Норвешка за иднината на Украина во НАТО заедно со универзитетски професори и експерти, […]

Сондата „Паркер“ очекува шесто прелетување над Венера


Хјустон – Сончевата сонда „Паркер“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, како што се предвидува, oвој месец ќе го направи своето шесто прелетување над Венера. Леталото ја користи гравитацијата на планетата за самото да се доближи до Сонцето. Лабораторијата за применета физика „Џон Хопкинс“ во Лорел, Мериленд, САД, и тимот на мисијата испратиja серија […]

Пожарот кај село Соколарци сѐ уште активен, го гасат три ер-трактори и хеликоптер


Пожарот кај селото Соколарци е сѐ уште активен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни. – Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од […]

ОН: Во Украина досега убиени речиси 10.000 цивили


Њујорк – Високиот комесаријат за човекови права при ОН (ОХЦХР) денеска соопшти дека речиси 10.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина. Новиот извештај објавен денеска потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во извештајот се наведува и дека досега […]